Jeep® Grand Cherokee уште еднаш најде начин да ја искористи технологијата за да создаде нов елегантен дизајн и да го подобри општото возење. Со помош на технологијата ја имате способноста постојано да бидете поврзани и да ја имате контролата што го олеснува возењето не само за возачот, туку и за патниците. Со леснотија изберете песна или адреса на системот за навигација на новиот луксузен 8.4 “Uconnect ™ екран.
Најновата генерација на Uconnect ™ системите најде нов дом во великодушниот 8,4 “Bonded Glass радио со HD екран на допир. Безброј функционалности, подобрување на перформансите, подобро време за стартување, нагласена моќ на процесирање и осветлување сето тоа достапно од вашите прсти. Искористете ги предностите на Bluetooth можностите, гласовните команди и премиум навигацијата со 3D графика кое ќе ви го олесни секое патување.
Два стандардни премиум аудио системи: 9 звучен Alpine® Surround Sound System и Harman Kardon® системот со повеќеканална обработка и 19 звучници со високи перформанси.
Grand Cherokee остега доаѓа со нов мултифункционален дисплеј со димензии од 17.8-cm (7-инчи) користејќи ја технологијата Thin Film Transistor (TFT) така што самите можете да ги персонализирате вашите параметри и графики. Детални информации за вашето возило се внесени во инструмент таблата во боја така што во секој момент можете да ги следите брзината на движење, навигацијата, параметрите на системот Selec-Terrain®, информации за системот на потпирање Quadra-Lift® и многу повеќе.
Под површината на Jeep® Grand Cherokee лежи светот со стандардни и достапни безбедносни системи кои ви даваат доверба зад воланот и ви помагаат да ве заштитат вас и вашите патници.
Достапни повеќе од 70 уреди за заштита и сигурност, кај Grand Cherokee во стандардната опрема меѓу кои се вбројуваат: повеќекратни воздушни перничиња за возач и совозач напред и дополнителни воздушни перници во вид на завеса. Стандардните зони кои подложат на удар напред и од страна на возилото се заштитени со браници на вратите кои се интегрирани во дизајнот, а гарантираат апсорбирање на прекумерна енергија и нејзин намалуен пренос на патниците.
Системите за помош го предупредуваат возачот и му помагаат во предизвикувачки ситуации при возењето. Предупредување со помош на активните команди за безбедност Active Braking (активно сопирање) и Adaptive Cruise Control (приспособлива контрола) се само два од неколкуте достапни системи.
Овој нов уред ја мери позицијата во рамки на коловозните ленти. Доколку детектира ненамерно поместување од линијата, ќе ви сигнализира и ќе го корегира возилото враќајќи го во линија.
Дури и највнимателните возачи ќе го ценат овој систем за предупредување. Системите Forward Collision Warning (FCW) заедно со Crash Mitigation ве предупредуваат со звучно и визуелно предупредување и истовремено ја активираат сопирачката штом детектираат можност од сериозен удар. Контролата Adaptive Cruise Control (ACC) автоматски ја прилагодува брзината на автомобилот за да го задржи оптимално растојание со возилото кое претходи.
Новата камера за помош при паркирање назад ParkView® со ParkSense® напред и систем за помош при паркирање назад предупредуваат за пречки, помагајќи при тоа за лесно паркирање и излегување наназад.
Внесувањето на вашето возило во и надвор од паркинг просторот може да биде предизвик за вас. Grand Cherokee е дизајниран да ви помогне на најлесен начин да се справите со предизвикот наречен паркирање.
Мрежата од сензори за заштита и безбедност ви помага да имате целосна контрола врз вашиот автомобил и ви гарантира aгарантира автоматска асистенција штом прочита поместување на вашата треакторија. Electronic Stability Control во координација со Electronic Roll Mitigation (ERM), Antilock Brake System (ABS), и All-speed Traction Control, го вклучуваат системот штом детектираат пролизгување на некое од тркалата.