Користиме cookies со цел да Ви овозможиме најдобро искуство и беспрекорно пребарување низ нашата интернет страница. Истата користи cookies кои имаат интегрирано пораки од трети страни, со цел да Ви доставуваат комерцијални информации кои ќе Ви бидат од корист. Продолжувајќи ја Вашата посета на оваа интернет страница, се согласувате на користењето на cookies.
Прочитајте повеќе за нашата cookie политика
Врвно хибридно доживување
Новиот Јеер® Renegade e-Hybrid го прави своето деби со новиот погонскиот систем кој ја комбинира моќта на електричниот мотор со онаа на традиционалниот бензински мотор, обезбедувајќи хибридно возачко доживување во целосно електричен режим при мали брзини или при возење во лер.
Нов Jeep® Renegade e-Hybrid
Врвно хибридно доживување
Новиот Јеер® Renegade e-Hybrid го прави своето деби со новиот погонскиот систем кој ја комбинира моќта на електричниот мотор со онаа на традиционалниот бензински мотор, обезбедувајќи хибридно возачко доживување во целосно електричен режим при мали брзини или при возење во лер.
Добредојдовте во новиот Renegade Longitude, со идеална поставеност за да се доживее вистинското битие на Jeep®, со целосен спектар на опрема од 16“ алуминиумски тркала до системи за помош во возењето како што се Lane Keep Assist и задни сензори за паркирање.
Renegade Limited е идеално ниво на опременост за оние кои не се подготвени за компромиси. Оваа верзија ја поседува целата гама стандардни функции за удобност и безбедност, како што се адаптивниот темпомат – Adaptive Cruise Control, предни сензори за паркирање, штоф со врвен квалитет на седиштата и Uconnect™ 8,4“ систем за информирање и забава со радио DAB (во опција). Нивото на опременост Limited е заокружено со препознатливите предни и задни LED светла (во опција), 17” алуминиумски тркала и двозонски автоматски клима-уред.
Jeep® e-Hybrid технологијата се базира на новиот бензински мотор 1,5 Turbo којшто испорачува 130 КС со погон на предните тркала, поддржан од вториот електричен мотор P2 48V кој има капацитет да испорача дополнителни перформанси до 15 kW (20 КС)* во различни фази од возењето. За разлика од останатите возила со Mild Hybrid технологија, системот Jeep® e-Hybrid е во состојба да гарантира целосно електрично возење, со употреба само на електричниот мотор кога се вршат маневри при мали брзини.
* Капацитетот на работата зависи од состојбата на полнење на батеријата и условите за возење.
НОВ DCT 7-СТЕПЕН МЕНУВАЧ НА БРЗИНИ
Новиот погонски систем e-Hybrid располага со нов менувач со седум брзини и двојна спојка. Пократкото време на преминување од брзина во брзина значи и поудобно возење. Благодарение на 7-степениот менувач се гарантира максимална ефикасност при возење на автопат.
ТЕХНОЛОГИЈА
Погонскиот систем на Jeep, e-Hybrid воведува и нова технологија на електрификација*, подобрувајќи го возењето на секаков начин во споредба со традиционалниот мотор со внатрешно согорување.
* Капацитетот на работата зависи од состојбата на полнење на батеријата и условите за возење.
e-Creeping
Со отпуштање на педалот за кочница, автомобилот почнува да се движи само со помош на електричниот мотор, слеано, благодарение на најдобриот автоматски менувач и во тотална тишина.
e-Launch
Благодарение на напредната хибридна технологија, менувањето на брзините е тивко, слеано и потполно електрично.
e-Queuing
Благодарение на целосно електричниот режим при мали брзини, технологијата e-Hybrid овозможува слеано и тивко возење дури и кога сте во сообраќаен застој, односно тргни-застани.
e-Parking
Оваа технологија овозможува маневрите при паркирање да се вршат во целосно електричен режим, без емисии на издувни гасови.
БЕЗБЕДНОСТ
Новиот Јеер Renegade e-Hybrid поседува системи за активна и пасивна безбедност кои совршено се вклопуваат со хибридната технологија.
НАДВОРЕШНОСТ
Единствениот дизајн и впечатливите линии се заштитен знак на Jeep® Renegade кој го прави своето деби во светот на хибридната мобилност.
ВНАТРЕШНОСТ
Просторност, удобност и стил се главниот столб на филозофијата за внатрешниот дизајн на новиот Jeep Renegade e-Hybrid. Кабината нуди просторност, разновидна намена и пријатно чувство. Контролната табла го содржи системот за информирање и забава Uconnect™ со голем екран на допир до 8,4” и инструмент табла со дигитален дисплеј во боја 7”. Внатрешноста е изработена од материјали со врвен квалитет како и седишта во кожа, “soft touch” материјали и нагласени шевови.
Потрошувачка на гориво на Jeep® Renegade e-Hybrid (l/100 km): 6.1 – 5.7; CO2 емисии (g/km): 139 – 130. Резултатите се според тестот WLTP, ажуриран на ден 14/12/2021 и се дадени само за споредбени цели.