Continue

Jeep® Renegade e-Hybrid

Врвно хибридно доживување
Јеер® Renegade e-Hybrid го прави своето деби со новиот погонскиот систем кој ја комбинира моќта на електричниот мотор со онаа на традиционалниот бензински мотор, обезбедувајќи хибридно возачко доживување во целосно електричен режим при мали брзини или при возење во лер.

Jeep® Renegade e-Hybrid

Врвно хибридно доживување
Јеер® Renegade e-Hybrid го прави своето деби со новиот погонскиот систем кој ја комбинира моќта на електричниот мотор со онаа на традиционалниот бензински мотор, обезбедувајќи хибридно возачко доживување во целосно електричен режим при мали брзини или при возење во лер.

JEEP® ГО ПРЕТСТАВУВА НОВИОТ e-HYBRID

Новиот Јеер® Renegade со погонски систем e-Hybrid се стреми кон иднината на мобилноста. Моќноста на новиот бензински мотор 1,5 turbo е 130 КС и 240 Nm, на кој е надоврзан електричниот мотор P2, кој ги оптимизира просечните перформанси обезбедувајќи дополнителен погон од 15 kW (20 КС) и 55 Nm*, со што се гарантира дополнителна подобрена моќност и удобност во возењето.

* Капацитетот на работата зависи од состојбата на полнење на батеријата и условите за возење.

НОВ 1.5 T4 DCT7 e-HYBRID

Со потрошувачка од 5.7 – 6.1 l/100 и емисии на CO2 од 139 – 130 g/km, e-Hybrid постигнува до 13% намалена потрошувачка на гориво и намалени емисии на CO2 во споредба со претходниот бензински турбо мотор од 1.3 литри и 150 КС (во комбиниран WLTP сиклус), и истовремено го задржува истото ниво на перформанси.
Максимална моќност: 130 КС
Максимален вртежен момент: 240 Nm
Забрзување од 0-100 km/h: 9.7 s
Максимална брзина: 191 km/h

ВРВНА ХИБРИДНА МОБИЛНОСТ

Погонскиот систем на Jeep® e-Hybrid го прави следниот чекор во хибридната мобилност. За разлика од автомобилите со традиционален Mild Hybrid систем, погонскиот систем на Jeep® e-Hybrid гарантира потполно хибридно возење благодарение на електричниот мотор* кој интервенира при маневрите за паркирање, возење во лер, движење со ниски брзини и обезбедува дополнителни километри на електрична автономија, кога бензинскиот мотор е комплетно исклучен.

* Капацитетот на работата зависи од состојбата на полнење на батеријата и условите за возење.

 

e-Coasting

Новиот Јеер® Renegade e-Hybrid може да се пофали со системот e-Coasting, дизајниран да ја полни батеријата за време на секое возење. Овој систем ја користи кинетичката енергија на возилото како што е негативниот вртежен момент за полнење на батеријата додека забавува.

Regenerative braking

Батеријата на Jeep® Renegade e-Hybrid исто така автоматски се полни преку регенеративното кочење. Оваа технологија е дизајнирана да ја враќа кинетичката енергија која се создава при кочење.

e-Boosting

Технологијата e-Boosting е уште една одлика по која се издвојува погонскиот систем на Jeep® e-Hybrid. Електричниот мотор може да ги зголеми моќноста и вртежниот момент до 15 kW (20 КС) и 55 Nm (135 Nm на ниво на влез во менувачот)*. Електричната моќност исто така може да ја оптимизира работната точка на бензинскиот мотор, доведувајќи ја до максимум неговата ефикасност.

* Капацитетот на работата зависи од состојбата на полнење на батеријата и условите за возење.

ЕДНА БРЗИНА НАПРЕД

Комплетно нов 7-степен автоматски менувач со двојна спојка прави свое деби на новиот Јеер® Renegade e-Hybrid. Со пократок преносен сооднос – во споредба со традиционалниот менувач со 6 брзини – автомобилот е побрз при забрзување, додека седмата брзина е специјално дизајнирана за дополнително намалување на емисиите и нивоата на потрошувачка за време на возење на автопат, при што бензинскиот мотор работи со ниски вртежи во минута.

Ви треба информација? Разговарајте со нас