Continue

Jeep® Renegade e-Hybrid

Врвно хибридно доживување
Јеер® Renegade e-Hybrid го прави своето деби со новиот погонскиот систем кој ја комбинира моќта на електричниот мотор со онаа на традиционалниот бензински мотор, обезбедувајќи хибридно возачко доживување во целосно електричен режим при мали брзини или при возење во лер.

Jeep® Renegade e-Hybrid

Врвно хибридно доживување
Јеер® Renegade e-Hybrid го прави своето деби со новиот погонскиот систем кој ја комбинира моќта на електричниот мотор со онаа на традиционалниот бензински мотор, обезбедувајќи хибридно возачко доживување во целосно електричен режим при мали брзини или при возење во лер.

ИДНИНА БРЕНДИРАНА ОД JEEP®

Jeep® Renegade со e-Hybrid мотор се заснова на екосистем од карактеристики и технологии кои влијаат на мобилноста на автомобилот создавајќи напредно хибридно доживување.

* Капацитетот на работата зависи од состојбата на полнење на батеријата и условите за возење.

 

e-Creeping

Со отпуштање на педалот за кочница, автомобилот почнува да се движи само со помош на електричниот мотор, слеано, благодарение на најдобриот автоматски менувач и во тотална тишина.

e-Launch

Благодарение на напредната хибридна технологија, менувањето на брзините е тивко, слеано и потполно и електрично.

e-Queuing

Благодарение на целосно електричниот режим при мали брзини, технологијата e-Hybrid овозможува слеано и тивко возење дури и кога сте во сообраќаен застој, односно тргни-застани.

e-Parking

Оваа технологија овозможува маневрите при паркирање да се вршат во целосно електричен режим, без емисии на издувни гасови.

UCONNECT™ 8,4" HD СИСТЕМ ЗА ИНФОРМИРАЊЕ И ЗАБАВА

Новиот Јеер® Renegade e-Hybrid го поседува напредниот систем за информирање и забава Uconnect, кој располага со HD екран на допир од 8.4”. Достапен е и во верзијата со дисплеј од 7 инчи, системот е редизајниран со додавање на хибридни страници, за да ги држи под контрола сите параметри на хибридното возење. Системот Uconnect ги интегрира гласовните и контролите на воланот со функциите на екранот на допир. Исто така, гарантира беспрекорна врска со мобилен телефон овозможувајќи проверка на контактите и задачите без да го тргнете погледот од патот.

 

7" ДИГИТАЛНА ИНСТРУМЕНТ ТАБЛА

Дигиталната интрумент-таблата со дисплеј од 7 инчи ги интегрира сите информации потребни за управување и следење на технологијата e-Hybrid. Во реално време е можно да се види статусот на батеријата и моторите, како за бензинскиот, така и за електричниот, процентот на моќност и полнење, но и сите различни параметри поврзани со возењето и активните безбедносни системи.

НАПРЕДНО ПОВРЗУВАЊЕ НА АВТОМОБИЛОТ

Останете поврзани на безбеден начин кога возите. Благодарение на функциите на Apple CarPlay и Android Auto™ интегрирани во системот за информирање и забава, можете да располагате со вашите контакти, музика и планови за патување каде и да одите.

 

Apple Car Play

Продолжете да управувате со вашите состаноци, повици и забава и возете безбедно. Поврзете го вашиот iPhone со системот Uconnect™ од 8,4″. Apple CarPlay ви овозможува пристап до Apple Maps, услуги за пораки, телефонски контроли и Apple Music преку гласовните контроли на Siri.

Android AutoTM

Со Android AutoTM можете лесно да пристапите до гласовните контроли, Google Maps и Google Play Music преку екранот на допир на системот UconnectTM. Возете спокојно и уживајте во патувањето, благодарение на системот за препознавање гласовни команди.

БЕЗБЕДНОСТА ДОСТИГНУВА НОВИ ВИСОЧИНИ

ПОГЛЕД НАПРЕД

Благодарение на предната камера, предниот радар и низата сензори околу возилото, новиот Јеер Renegade e-Hybrid е вашиот ангел чувар додека возите, што ви помага да го проверите патот пред вас.

 

Traffic Sign Recognition (TSR) – Препознавање на сообраќајните знаци

Оваа технологија ја користи предната камера за да ги препознае сообраќајните знаци за ограничување на брзината и функционира така што го известува возачот за ограничувањето наведено на знакот во реално време и го испишува на екранот од инструмент-таблата. TSR е во сериска опрема на секој Renegade.

*Препознавањето на ограничувањето на брзината се базира исклучиво на информациите собрани од предната камера. Не бара поддршка од мапи или од GPS.

Intelligent Speed Assist (ISA) – Интелигентна асистенција за брзината

Штом се активира TSR, функцијата ISA се вклучува за да ја прилагоди брзината на вашиот Renegade на тековното ограничување, но секако ја остава контролата врз педалот за гас и за кочница на возачот. Оваа функција е во сериска опрема на целата гама на Renegade.

*Препознавањето на ограничувањето на брзината се базира исклучиво на информациите собрани од предната камера. Не бара поддршка од мапи или од GPS.

ОЧИ ОДЗАДИ

Новиот Јеер® Renegade e-Hybrid обезбедува контрола на просторот зад него преку безбедносните системи кои даваат клучна помош за време на паркирање или пак при движење наназад.

Park View® задна камера

Кога е поставена брзината наназад, задната камера Park View® ја визуелизира во HD резолуција сликата на просторот зад автомобилот на екранот на Uconnect™ на Системот за информирање и забава. Динамичната решетка го помага секој маневар сугерирајќи ја насоката на автомобилот со динамични линии и звучни сигнали.

БЕЗБЕДНОСТА ДОАЃА ВО СЕРИСКА ОПРЕМА

Во сериска опрема на Jeep® Renegade e-Hybrid спаѓа и сеопфатен технолошки екосистем со алатки за поддршка на возењето.

Adaptive Cruise Control – Адаптивен темпомат

Оваа технологија овозможува да се постави брзина на движење и притоа да се обезбеди растојание од возилото кое се движи пред вашето. Автоматски се вклучува со притискање на педалот за кочница и педалот за гас, за да новиот Jeep® Renegade e-Hybrid биде во состојба да обезбеди растојание со што гарантира најдобра мoжна поддршка во текот на возењето.

Lane Keep Assist – Одржување во коловозна лента

Во текот на возењето, новиот Јеер® Renegade e-Hybrid може самостојно да остане во рамките на коловозната лента. Ако автомобилот се помести надвор од линиите на лентата, системот Lane Keep Assist Plus го известува возачот, додека помошта за задржување во коловозна лента ја коригира положбата на автомобилот со тоа што ќе го врати во лентата.

Forward Collision Warning Plus – Предупредување за директен судир

Оваа технологија дејствува кога нешто неочекувано ќе се најде на патот на автомобилот. Благодарение на предниот сензор и предната камера, новиот Јеер® Renegade e-Hybrid може да открие дека наидува опасност на патот и автоматски да ја активира кочницата. Оваа акција ја придружува со акустични и светлосни сигнали за да го предупреди возачот. Forward Collision Warning Plus може да овозможи да се избегне директен судир или пак да се намалат последиците, доколку дојде до тоа.

Ви треба информација? Разговарајте со нас