Користиме cookies со цел да Ви овозможиме најдобро искуство и беспрекорно пребарување низ нашата интернет страница. Истата користи cookies кои имаат интегрирано пораки од трети страни, со цел да Ви доставуваат комерцијални информации кои ќе Ви бидат од корист. Продолжувајќи ја Вашата посета на оваа интернет страница, се согласувате на користењето на cookies.
Прочитајте повеќе за нашата cookie политика
ХИБРИД СО СТИЛ И ЕФИКАСНОСТ
Новиот Jeep® Compass e-Hybrid располага со нова хибридна погонска група на електричен мотор кој е надоврзан на бензински мотор со цел да обезбеди хибридно доживување со 100% електрично возење при мала брзина.
Нов Jeep® Compass e-Hybrid
ХИБРИД СО СТИЛ И ЕФИКАСНОСТ
Новиот Jeep® Compass e-Hybrid располага со нова хибридна погонска група на електричен мотор кој е надоврзан на бензински мотор со цел да обезбеди хибридно доживување со 100% електрично возење при мала брзина.
Новиот Jeep® Compass Longitude располага со врвна сериска опрема во која спаѓаат и новите алуминиумски тркала од 17″, двозонски автоматски клима-уред и LED предни светла. Карактеристичен новитет е целосно дигиталната инструмент-табла со TFT дисплеј од 10,25” со Full HD резолуција.
Нивото на опременост Limited ја издигнува елеганцијата на уште повисоко ниво со седишта во тапацир од висока класа. Инструмент-таблата е целосно редизајнирана за во неа да се постави новиот UconnectTM систем за информирање и забава од 10,1″ Ultra HD екран и нов безжичен полнач. Редизајнирани алуминиумски тркала од 18 инчи, затемнети стакла и целосно LED предни светла. Дознај повеќе
Нивото на опременост S комбинира најсовремена технологија со врвни стилски детали. Најзабележителен во стандардна опрема на нивото на опрeменост S е секако новиот систем за информирање и забава со навигација од 10.1″ UconnectTM , тука е и црниот кров, долни браници во боја на каросеријата, електрична задна врата со автоматско отворање, 19“ алуминиумски тркала Gloss Black и LED предни светла со иновативен дизајн. Ова ниво на опременост располага со кожни седишта со сиви шевови и возачко седиште со електрично регулирање.
Новиот Compass Upland има душа, прикажана преку уникатен и невиден стил. Оваа специјална серија поседува специфичен ентериер изработен од рециклирани материјали, како што е штофот Seaqual, изработен од отпадот изваден од океаните, со кој се обложени седиштата, панелите на вратите и контролната табла. Стилот и персоналноста се истакнати со бронзени детали, полирани црни алуминиумски тркала, црн кров и новата азурно сина боја Matter Azur по која се издвојува. Истовремено, погонот е обезбеден со e-Hybrid моторот на кој е надоврзан новиот 7-брзински менувач со двојна спојка. Заедно пружаат удобност и перформанси, при што се намалуваат емисиите и потрошувачката на гориво.
Технологијата Jeep® e-Hybrid се базира на новиот бензински мотор 1.5 Turbo T4, кој испорачува 130 КС на предните погонски тркала, на кој се надоврзува електричен мотор. Асистенцијата на последниов овозможува да се подобрат перформансите обезбедувајќи до 15 kW* (20 КС) во различни фази на возење. Спротивно на некои други возила со лесен хибриден мотор, системот Jeep® e-Hybrid му овозможува на возилото да се придвижува само со електричниот мотор при мала брзина* : особено ценето при маневри на паркирање или во сообраќаен застој.
*Функционирањето зависи од состојбата на исполнетост на батеријата и условите на возење.
НОВ МЕНУВАЧ СО ДВОЈНА СПОЈКА И 7 БРЗИНИ
Технологијата Jeep® e-Hybrid се потпира на новиот роботизиран менувач со двојна спојка и 7 брзини, со кој електричниот мотор е директно поврзан. Се одликува со брз одговор при менување на брзина и слеано одвивање на возењето. Седмата брзина овозможува намалување на бучавата и на потрошувачката на гориво на автопат.
TЕХНOЛОГИЈА
Jeep® e-Hybrid располага со нови функции благодарение на вградениот електричен мотор, кои се согледуваат во подобреното доживување при возење.
E-CREEPING
При прогресивно отпуштање на педалот за кочница, возилото почнува да се префрла само на електричниот мотор, на тивок и слеан начин.
E-LAUNCH
Благодарение на технологијата e-Hybrid, рестартирањето се одвива на 100 % електричен начин при мала брзина во потполна тишина.
E-QUEUING
Во сообраќаен застој возилото се движи само благодарение на електричниот мотор со поголема слеаност и во потполна тишина.
E-PARKING
Можете да ги изведувате маневрите за паркирање 100% електрично.
БЕЗБЕДНОСТ
Новиот Jeep® Compass e-Hybrid има голем број активни и пасивни безбедносни системи, развиени за постојано да ви помагаат на пат.
НАДВОРЕШНОСТ
Jeep® Compass не поминува незабележан од неговото стапување во светот на хибридните возила. Единствениот дизајн и впечатливите линии се подвлечени со рестилизираната решетка, преобликуваниот преден браник и стандардните LED предни светла.
ВНАТРЕШНОСТ
Внатрешноста на новиот Jeep® Compass e-Hybrid се издвојува по својата просторност, удобност и стил. Централната конзола е дизајнирана за да обезбеди дополнителен простор за лактите и да ја направи кабината уште попространа. Контролната табла располага со голем екран од системот за информирање и забава UconnectTM и дигиталната група инструменти што може да се конфигурира. Висококвалитетните, пријатни материјали на допир и истакнатите шевови го надополнуваат стилот на ентериерот.