Continue

Jeep® Compass e-Hybrid

ХИБРИД СО СТИЛ И ЕФИКАСНОСТ
Jeep® Compass e-Hybrid располага со нова хибридна погонска група на електричен мотор кој е надоврзан на бензински мотор со цел да обезбеди хибридно доживување со 100% електрично возење при мала брзина.

Jeep® Compass e-Hybrid

ХИБРИД СО СТИЛ И ЕФИКАСНОСТ
Jeep® Compass e-Hybrid располага со нова хибридна погонска група на електричен мотор кој е надоврзан на бензински мотор со цел да обезбеди хибридно доживување со 100% електрично возење при мала брзина.

ХИБРИД СО ВРВНА ТЕХНОЛОГИЈА

Новиот Jeep® Compass e-Hybrid може да се пофали со екосистем на функционалности и технологии од најнова генерација кои влијаат на удобноста при возењето, создавајќи невидено хибридно искуство.

E-CREEPING

При прогресивно отпуштање на педалот за кочница, возилото почнува да се префрла само на електричниот мотор, на тивок и слеан начин.

*Функционирањето зависи од состојбата на полнење на батеријата и условите на возење

E-LAUNCH

Благодарение на технологијата e-Hybrid, рестартирањето се одвива на 100 % електричен начин при мала брзина во потполна тишина.

*Функционирањето зависи од состојбата на полнење на батеријата и условите на возење

E-QUEUING

Во сообраќаен застој возилото се движи само благодарение на електричниот мотор со поголема слеаност и во потполна тишина.

*Функционирањето зависи од состојбата на полнење на батеријата и условите на возење

E-PARKING

Можете да ги изведувате маневрите за паркирање 100% електрично.

*Функционирањето зависи од состојбата на полнење на батеријата и условите на возење

СИСТЕМ ЗА ИНФОРМИРАЊЕ И ЗАБАВА UCONNECT™ 5 СО ЕКРАН НА ДОПИР ОД 10,1’’

Новиот Jeep® Compass располага и со нов систем за информирање и забава Uconnect™, најдобриот од Jeep®, опремен со екран на допир со Ultra HD резолуција од 8,4″ или од 10,1″ во зависност од нивото на опременост. Системот е опремен со досега најиновативен и пет пати побрз процесор за полесна и поинтуитивна навигација (опционал). Интерфејсот можете да го персонализирате, да пристапите до одредени апликации поаѓајќи од омилените и да создадете до 6 различни кориснички профили

ASSISTANT VOCAL HEY JEEP®

Гласовниот асистент Hey Jeep® ги прави првите чекори на новиот Compass e-Hybrid. За прв пат разговарате со вашиот Jeep®. Само кажете „Hey Jeep®“ за да ја прилагодите климата, да ја промените музиката или да ја изберете вашата следна дестинација.

*На располагање само со радио Uconnect 10,1”, навигатор радио Uconnect 10,1”, во сериска опрема или како опционал, во зависност од нивото на опременост.

БЕЗЖИЧЕН ПОЛНАЧ

Новиот Limited овозможува полнење на мобилниот телефон без користење на кабел за поврзување и во било кој момент. Доволно е уредот да се постави на полицата Wireless Charging Pad*, која е дел од централната конзола, и полнењето да започне. Благодарение на една сијаличка може да се провери нивото на наполнетост на уредот.

*компатибилен со уреди кои дозволуваат безжично полнење

ДИГИТАЛНА ИНСТРУМЕНТ-ТАБЛА ОД 10,25“

Сите информации за возењето и состојбата ги добивате на дигиталната инструмент-таблата со дисплеј во боја во Full HD од 10.25″. На екранот може да се прегледуваат повеќе различни содржини благодарение на дузината различни конфигурации

ПОВРЗУВАЊЕ НА ПОВИСОКО НИВО

Кога патувате со вашиот нов Jeep® Compass e-Hybrid, можете да останете поврзани со вашите работни обврски или пак со активностите во слободо време. Функциите Apple CarPlay® и Android Auto™ интегрирани во системот за информирање и забава гарантираат сигурно поврзување дури и додека сте на пат.

Apple CarPlay®

Зад воланот на новиот Jeep® Compass e-Hybrid останете поврзани со вашиот мобилен телефон без да го одвлечете погледот од патот пред вас. Apple CarPlay® им овозможува на корисниците на iPhone да имаат пристап до мапите, пораките, телефонот или пак музиката на Аpple преку вокалната команда Siri.

CarPlay, iPhone и Siri се заштитени марки на Apple.

Android Auto®

Со безжичната функција Android Auto™, интегрирана во системот Uconnect™ на новиот Jeep® Compass, имате лесен и обезбеден пристап со гласовни команди до Google Maps и до Google Play Music преку екранот на допир или командите на воланот. Системот за навигација е интуитивен и преку препознавањето на гласовните команди ви овозможува да изберете насока на движење или пак листа на музика за време на патувањето. Поврзани сте и можете да се концентирате на возењето.

Android Auto, Google Play и останатите се заштитени марки на Google Inc.

БЕЗБЕДНОСНИ СТАНДАРДИ JEEP®

Jeep® Compass e-Hybrid располага со широка гама на системи за активна и пасивна безбедност кои ги земаат предвид различните аспекти во возењето.

АДАПТИВЕН ТЕМПОМАТ

Новиот Jeep® Compass Limited е опремен со адаптивен темпомат, систем кој помага при возење така што ја одржува избраната брзина на движење, но исто така може да се прилагоди на брзината на возење на возилото пред вас.

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ПРИ ИЗЛЕГУВАЊЕ ОД КОЛОВОЗНА ЛЕНТА

Помош за одржување на траекторијата на возилото. Тоа е безбедносен уред кој помага возилото да не излегува од коловозната лента. Ги препознава исцртаните линии на коловозот и доколку возилото несакано (без да се вклучи трепкачот) ја промени насоката и ја премине линијата, сензорот преку звучен сигнал го предупредува возачот и ја коригира положбата на возилото.

АВТОНОМНО ВОЗЕЊЕ НИВО 2

Визијата на Jeep® за иднината на мобилноста се согледува преку воведувањето на новиот систем за помош при возење. За прв пат на еден модел на Jeep® на располагање е полуавтоматски систем за асистенција на автопат. Овој систем ги комбинира адаптивниот темпомат и уредот за предупредување при излегување од коловозна лента и притоа го задржува возилото во средината на коловозната лента, дури и на кривини. На тој начин, Jeep® Compass e-Hybrid го достигнува нивото 2 на автономно возење.

БЕЗБЕДНОСТ НА ПАТОТ

Во новиот новиот Jeep® Compass e-Hybrid, посветено е посебно внимание на безбедносните системи и врвната технологија за да ви помогне при возењето и да ви обезбеди сигурност за сите патници во возилото.


  • ПРЕПОЗНАВАЊЕ НА СООБРАЌАЈНИТЕ ЗНАЦИ (TSR)
    Дознајте повеќе


  • ИНФОРМАЦИИ ЗА СООБРАЌАЈНИТЕ ЗНАЦИ
    Дознајте повеќе


  • ИНТЕЛИГЕНТЕН ОГРАНИЧУВАЧ НА БРЗИНАТА
    Дознајте повеќе

ОТКРИВАЊЕ НА ЗАМОР КАЈ ВОЗАЧОТ

Станува збор за сосем нова технологија која е во состојба да го следи степенот на концентрација на возачот при што го заштитува од потенцијални судири. Соодветниот сензор го открива заморот кај возачот споредувајќи ги неговите реакции со оние од изминатите 7 минути. Доколку степенот на будност е под минималното ниво, на инструмент-таблата се пали сијаличка во форма на шоља за кафе/чај, придружена од звучен сигнал и го предупредува возачот дека е време да направи пауза.

АВТОНОМНО КОЧЕЊЕ ВО ИТЕН СЛУЧАЈ И ОТКРИВАЊЕ НА ПЕШАЦИ И ВЕЛОСИПЕДИСТИ

Новиот Jeep® Compass e-Hybrid може да заштити од судир со возила, препреки и пешаци, благодарение на неколку системи при возење, меѓу кои и автономно кочење во итен случај.
Оваа технологија открива и јавува за присуство на возила или лица пред возилото преку камера и радар поставени на предниот дел кои ја активираат кочницата и на тој начин ја намалуваат можноста за настанување на незгоди.

КAMEРA 360°

Нова технологија за помош на возачот при маневри за паркирање. Камерата од 360° проектира слики, од периметарот на автомобилот одозгора, на екранот на системот за информирање и забава, давајќи поголема контрола врз маневрите за влез или излез.

Ви треба информација? Разговарајте со нас