Нов Jeep® Wrangler 4xe Plug-In Hybrid
Новиот Wrangler влегува во светот на 4xe Plug-In Hybrid со специјална опрема која ги слави 80-те години на Jeep®.
Новиот Jeep® Wrangler 4xe прославува 80 години на марката со специјална опрема 80° Anniversario. Оваа верзија содржи обработка во гранит Crystal на каросеријата, тврд кров во боја на каросеријата, најдобри уреди за безбедност во гамата и внатрешност во кожа: сето тоа во сериска опрема. Тука е и беџот 80° Anniversario кој е поставен од страната на седиштата и на таблата, со што се истакнува ексклузивноста и карактерот на ова ниво на опременост.
Новиот Jeep® Wrangler Rubicon и во верзијата 4xe Plug-In Hybrid, ги задржува непроменети двете основни одлики кои го направија познат: стилот и перформансите. Ова ниво на опременост во серија има нов стикер 4xe на хаубата, на пневматиците Mud Terrain од 32″, предна off-road камера TrailCam и систем за блокирање на диференцијалите Tru-Lok®: опрема токму за твоите авантури.
Дознај повеќе
Нивото на опременост Sahara во серија содржи систем за информирање и забава Uconnect™ NAV од 8,4’’ од четвртата генерација, аудио-уред Alpine® со 9 звучници и алуминиумски тркала од 18″ со двобојна обработка.
Дознај повеќе
Jeep® Wrangler влегува во светот на електрификацијата со новата технологија 4xe Plug-In Hybrid. Легендарниот интегрален погон Jeep® се комбинира со новиот електричен мотор за да понуди нов концепт на мобилност, но и еден цел екосистем на услуги и решенија кои го развиваат светот на Jeep®.
Co Uconnect™ услугите интегрирани во системот на новиот Jeep® Wrangler 4xe Plug-In Hybrid ќе биде можно да се комуницира со сопственото возило на едноставен и интуитивен начин, благодарение на апликацијата My Uconnect™, која може да се симне од App Store и Google Play. Одлика на светот 4xe, е новата услуга My eCharge која овозможува да се надгледува нивото на полнење на батеријата директно од мобилниот телефон.
Со помош на услугите Uconnect™ вградени во системот на автомобилот лесно може да се најдат најблиските места за полнење. Постојат преку 120.000 во цела Европа.
Френетичниот ритам на градот бара навременост и брзина на дејствување. Новиот Jeep® Wrangler 4xe Plug-In Hybrid е опремен со батерија од 17,3 kWh која може да се полни каде и да е. Покрај тоа, батеријата има 8-годишна гаранција, што е еквивалентно на 160.000 поминати километри. Може да се побара продолжвање на гаранцијата за автомобилот до 5 години Благодарение на Mopar® Vehicle Protection.
Новиот easyWallbox, на располагање како опционал, е интелигентен уред кој овозможува да се намали времето на полнење на помалку од 3 часа. ЕasyWallbox има способност да го воспостави нивото на енергетска апсорпција на домот да ја прилагоди моќноста при полнење спреувајќи притоа евентуални прекини на струја. Инаку, го меморира секое полнење предвидувајќи ги можните максимуми за да го оптимизира процесот на полнење.
Да се наполни новиот Wrangler 4xe Plug-In Hybrid е изненадувачки лесно. Со помош на новиот easyWallbox, автомобилот може да се наполни дома преку далечинска команда со JuiceBox Connected Wallbox од апликацијата My Uconnect™.
Новиот хибриден Wrangler може да полни и надвор од дома, благодарение на кабелот Mode 3, на располагање како опционал и за употреба при полнење на повеќето јавни станици.
Новиот Jeep® Wrangler 4xe Plug-In Hybrid има способност сам да се полни за време на возењето.
Благодарение на функцијата e-Coasting може да ја трансформира кинетичката енергија која се произведува во фазата на кочење, успорување и кога е во лер, во енергија спремна за користење.
Новиот Wrangler 4xe Plug-In Hybrid се соочува со секојдневните предизвици со моќност од максимум 380 КС во комбинација и забрзување 0-100 km/h за 6,4 секунди. Електрификацијата ги зголемува перформансите на Wrangler 4xe Plug-In Hybrid кој станува: помоќен, обезбедува значително поголема можност за поминување низ вода и се препушта на чисто и бескомпромисно теренско возење благодарение на максималниот вртежен момент при ниски режими на работа на моторот.
Потрошувачка на гориво на гамата Jeep® Wrangler 4xe Plug-In Hybrid (l/100 km): 3,5 – 4,1.; емисија на издувни гасови CO2 (g/km): 79 – 94. Хомологирани вредности базирани на методот мерење/поврзаност со воспоставениот циклус NEDC, ажурирани на ден 20/06/20. Вредностите се наведени со цел да се овозможи споредба на истите.
За следната авантура
Jeep® Wrangler 4xe Plug-In Hybrid, во серија, содржи преку 65 уреди за активна и пасивна безбедност. Системите вградени во автомобилот опфаќаат функции кои помагаат при движење во сообраќај, како што се Adaptive Cruise Control – Адаптивен темпомат и Forward Collision Warning – Предупредување за фронтален судир, но и со системи наменети за теренско возење, чист off-road, како што се Selec Speed Control, односно темпомат за теренско возење којшто овозможува да се одржи постојаноста на движењето и на терени со слабо прилепување, калливи терени и терени со големи инклинации.
Wrangler 4xe Plug-In Hybrid располага со технологија која е во можност секоја авантура да ја претвори во воодушевување преку повзаноста. Благодарение на апликацијата My Uconnect™ и на системот за информирање и забава Uconnect™, сопствениот Wrangler може да се поврзе на интуитивен начин и на оддалеченост.
Новиот Jeep® Wrangler 4xe Plug-In Hybrid во серија располага со систем за информирање и забава Uconnect™ NAV од четвртата генерација со екран на допир од 8,4” и подготовка за вградување на нови функции за поврзување предвидени со Uconnect Services*.
Да се контролира моќноста на новиот Jeep® Wrangler 4xe е уште полесно благодарение на новата дигитална инструмент-табла од 7”. Интерфејсот може комплетно да се персонализира за да ги покажува сите параметри на возењето како што е состојбата на батеријата, преостанатата автономија и нивото на полнење.
My eCharge е пакет на услуги осмислен за да го дојавува нивото на полнење на батеријата на новиот Wrangler 4xe Plug-In Hybrid. Оопремен со функцијата My Easy Charge, овој пакет овозможува да се издвои најблиската станица за полнење, со приказ на конекторот, работното време и расположивоста. Исто така, преку апликацијата My Uconnect™ полнењето може да се плати и да се следи хронологијата на полнење. Функциите ”My easyWallbox” и ”My Connected Wallbox” овозможуваат да се комуницира преку апликацијата My Uconnect™ со приватниот Wallbox за да се раководи со нивото на полнење на батеријата од далеку и да се менува моќноста на напојувањето.
Со апликацијата My Uconnect™ можете да комуницирате од далечина со новиот Wrangler 4xe plug-in hybrid. Функцијата „Најди станици за полнење“ ќе ви помогне да ги пронајдете најблиските јавни станици за полнење. Исто така може да ги заклучувате и отклучувате вратите од далечина и да ја видите локацијата на вашиот Jeep®.
Новиот Jeep® Wrangler 4xe Plug-In Hybrid е верен на своето потекло. На своите иконски и дефинирани форми придодава стилски детали типични за светот на 4xe, како азурните профили на логоата или показателот на нивото на полнење на електричната батерија на страничниот дел, како и една посебно линија на тркалата. Wrangler 4xe е и концентрација на разноврсност: предното стакло се преклопува, различните конфигурирации на кровот и на прозорците кои се вадат овозможуваат да се искуси прекрасно доживување на open-air.
*Не е прилагоден за отворени патишта.
Разноврсност, простор, комфор, запазени стил и персоналност. Новиор Jeep® Wrangler 4xe Plug-In Hybrid има седишта во кожа со грејач, просторност за секој од патниците и многу простори за предмети кои се затвораат и се непропустливи, прилагодени за авантури под отворено небо.