Continue

Jeep Renegade 4xe PHEV

Еволуција на видот

Jeep Renegade 4xe PHEV

Еволуција на видот


  • LIMITED
    Дознајте повеќе

НОВА ЕРА НА МОБИЛНОСТ JEEP®
Jeep® Renegade влегува во светот на електрификација со новата технологија 4xe која е комбинација на традиционален погон на четири тркала со извонреден електричен погон. Нов концепт на мобилност кој се заснова на екосистем на услуги и решенија за мобилност што еволуираат со самиот начин на доживување на светот Jeep®.

EASYWALLBOX​ - СИСТЕМ ЗА ЛЕСНО ПОЛНЕЊЕ НА БАТЕРИЈАТА

Намали го времето за полнење. Новиот easyWallbox (достапен како опција) е интуитивен, интелигентен и поврзан приклучок што може лесно да се инсталира во твојот дом без помош на електричар. easyWallbox ја чита апсорпцијата на енергија во твојот дом и ја прилагодува моќта на полнење за да спречи нарушување на функционирањето на домашната електрика. Исто така е во состојба да ја меморира историјата на полнења, предвидувајќи ги вообичаените максимуми за оптимизирање на полнењето.

Ако сакате да заштедите на време наполнете го возилото на некоја од станиците за полнење на хибридни возила во вашиот град.
https://emobility.evn.mk/charging-stations/Charger-locations.aspx

MAКСИМАЛНА ГАРАНЦИЈА

Новата технологија на Jeep® Renegade 4xe Plug-In Hybrid гарантира 8-годишна гаранција на батеријата од 11,4 kWh, која е една од најдобрите во овој сегмент.

ТЕХНОЛОГИЈА
Новиот Jeep® Renegade 4xe Plug-In Hybrid обезбедува најнова генерација на технологија за поврзување, информирање и забава. Доживејте уште позабавно, безбедно и извонредно искуство во возењето.

Дознајте повеќе

ТЕХНОЛОГИЈА НА ДОФАТ НА РАКАТА

Следи ги параметрите на твоето возило, програмирај и избери ја моќноста за полнење и пронајди ги најблиските станици за полнење, сето тоа на еден екран. Системот за информирање и забава на новиот Jeep® Renegade 4xe Plug-In Hybrid ги интегрира сите најнови карактеристики за да извлече максимум од хибридната мобилност.

БЕЗБЕДНОСТ
Револуцијата за мобилност според Jeep® преминува од најголемото внимание до безбедносните уреди со кои е опремен новиот Jeep® Renegade 4xe Plug-In Hybrid. Чувството на заштита отсекогаш било белег на Jeep®.

Дознајте повеќе

НЕ СПУШТАЈ ГО ГАРДОТ

Новиот Jeep® Renegade 4xe Plug-In Hybrid е опремен со над 60 активни и пасивни безбедносни уреди, вклучително и Предупредување за судир плус, итно сопирање, Предупредување за излегување од коловозна лента Плус, Мониторинг на слепи агли и откривање на возило или препрека одзади, систем за автоматско паркирање и ексклузивниот систем за откривање на замор кај возачот.

НАДВОРЕШНОСТ
Исконските и изненадувачки форми на Renegade се спојуваат со новата технологија 4xe Plug-In Hybrid. Иновацијата за мобилност доаѓа од традицијата на дизајнот.

Дознајте повеќе

ИДНИНАТА НА ТРАДИЦИЈАТА

Новиот Jeep® Renegade 4xe Plug-In Hybrid е автомобил со силна личност. Новиот ексклузивен беџ 4xe и ексклузивните сини детали го истакнуваат стилот на надворешноста на сите достапни нивоа на опременост. Покрај тоа, благодарение на додатоците на Mopar® може да се достигне највисокото ниво на персонализација.

ВНАТРЕШНОСТ
Стави ги рацете на воланот и влези во новиот свет на 4xe. Новиот Jeep® Renegade 4xe Plug-In Hybrid е во состојба да понуди удобност и простор што се потребни за да се искористат при секое патување. Вклучувајќи ги и најекстремните авантури.

Дознајте повеќе

ДИМЕНЗИЈАТА НА УДОБНОСТА

Патничкиот оддел е дизајниран да обезбеди удобно патување за возачот и неговите четворица сопатници, во сите услови. Просторот и разноврсноста нудат многубројни и практични оддели за складирање предмети, како и дарежлив простор за товар одзади. Различните комбинации на тапацир, пак, се совршена визит-карта за да го претставуиш сопствениот стил.

Ви треба информација? Разговарајте со нас