Нов Jeep® Avenger
Концентрат на слобода
ПРЕЗЕМИ ЦЕНОВНИК
До
400 km
во комбиниран циклус
550 km во градско возење
*проценка според циклусот WLTP
за електрично возење
24 мин
20-80% на брз полнач
од 100 kW еднонасочна струја
156 КС
максимална моќност
100 kW
брзо полнење со еднонасочна струја
100 КС
максимална моќност
5,5 l/100 km
потрошувачка во комбиниран циклус WLTP
6 брзински
мануелен менувач
Новиот Jeep® Avenger Altitude ти дава повеќе технологија, повеќе стил, повеќе комфор. Со ексклузивните детали, доаѓа и дигиталниот интерфејс и уште многу нешта.
Побарај понудаАдаптивниот темпомат овозможува да се воспостави брзина на движење и, истовремено, да се одржи безбедносно растојание од возилото кое се движи однапред
Уживај во врвното технолошко доживување. Зад воланот на новиот Jeep® Avenger може да сметаш на 100% дигитален кокпит којшто располага со систем за информирање и забава 10’’ Uconnect™ како и 10,25″ дигитална инструмент-табла.
Покажи го твојот стил со 18” тркала од лесна легура и full-LED предните светла, кои го прават Avenger препознатлив на прв поглед.
Овори и затвори ја задната врата на твојот нов Jeep® Avenger само со притискање на копчето одзади.
Longitude е вистинскиот избор за секој што бара стил со бескомпромисна технологија & поврзување.
Побарај понудаАвтоматскиот клима-уред обезбедува брзо одмаглување, зголемување на видливоста и безбедноста при возењето, што ти овозможува да ја поставиш идеалната температура внатре во автомобилот.
Уживај во врвното технолошко доживување. Зад воланот на новиот Jeep® Avenger може да сметаш на 100% дигитален кокпит којшто располага со систем за информирање и забава 10.25’’ Uconnect™ како и 7″ дигитална инструмент- табла.
Новиот Jeep® Avenger во стандардна опрема располага со full-LED предни светла, кои ја истакнуваат формата и го прават Avenger препознатлив на прв поглед.
Покажи нова димензија на стил. Longitude е опремен со 16’’ Алуминиумски тркала кои совршено одговараат со компактните форми на новиот Avenger.
Новиот Jeep® Avenger Altitude ти дава повеќе технологија, повеќе стил, повеќе комфор. Со ексклузивните детали, доаѓа и дигиталниот интерфејс и уште многу нешта.
Побарај понудаАдаптивниот темпомат овозможува да се воспостави брзина на движење и, истовремено, да се одржи безбедносно растојание од возилото кое се движи однапред
Уживај во врвното технолошко доживување. Зад воланот на новиот Jeep® Avenger може да сметаш на 100% дигитален кокпит којшто располага со систем за информирање и забава 10.25’’ Uconnect™ како и 7″ дигитална инструмент- табла.
Покажи го твојот стил со 17’’ алуминиумски тркала и full-LED предните светла, кои го прават Avenger препознатлив на прв поглед.
Овори и затвори ја задната врата на твојот нов Jeep® Avenger само со притискање на копчето одзади.
Сосем Новиот Jeep® Avenger Summit претставува врв на гамата. Опремен со целосен сет на ADAS, најновата генерација на систем за информирање и забава и ексклузивни стилски детали.
Побарај понудаПокажи го твојот стил. Summit во стандардна опрема располага со ексклузивни 18″ тркала во две нијанси со што ја истакнува персоналноста на ова неспоредливо ниво на опременост.
Уживај во врвното технолошко доќивување. Зад воланот на новиот Jeep® Avenger може да сметаш на 20,5″ дигитални панели: на целосно 100% дигиталниот кокпит се сместени и 10,25” Uconnect™ систем за информирање и забава и 10,25″ дигитална инструмент-табла.
Благодарение на технологијата Hands-free Power Liftgate, може да ја отвораш и затвораш задната врата на новиот Jeep® Avenger без да ги користиш рацете. Сензорите за откривање, сместени под задниот браник, се активираат со едноставно движење на стапалото.
Сензорите за паркирање со целосна опфатеност околу возилото даваат целосна контрола над просторот околу, со што се олеснува маневрирањето во секоја ситуација. Задната камера Parkview® прикажува слики во боја со висока дефиниција од просторот зад твоето возило.
Новиот Avenger, првиот 100% електричен Jeep®, веќе постигна успех, и со тоа се обврза да ја редефинира иднината на мобиноста и да постави нов стандард за малите SUV возила ширум светот. Ова не е само наше мислење. Во 2023, Avenger беше прогласен за Автомобил на годината 2023, Најдобар семеен SUV на Светскиот женски избор за автомобил на годината, Електричен Автомобил на годината од страна на британските TopGear UK Electric Awards, Најдобар мал автомобил на Autocar Awards, Најдобар електричен автомобил на годината за холандскиот TopGear NL, Градски автомобил на годината титула која ја доби од Wirtualna Polska plebiscite и наградата Autovista Group Residual Value Award во категоријата Small Battery-Electric Vehicle (BEV).
Авантурата е безгранично истражување, пронаоѓање на самиот себе во нов свет. Впечатливите 18‘’ алуминиумски тркала совршено се вклопуваат со силните форми на најкомпактниот електричен Jeep®, со засилена заштита од 360°.
Преку естетиката се согледува личноста на новиот Jeep®: профилот на решетката со седум отвори, црниот кров во констраст со присуството на full-LED предни и задни светла, кои на прв поглед го прават Avenger препознатлив автомобил.
Модерната и дигитална внатрешност на новиот Jeep® Avenger за време на возењето обединуваат чувство на слобода, нови функции и поврзување, за несекојдневно доживување. Нема да веруваш што сè може да понесеш со себе во автомобилот: просторите за предмети, сите заедно, ти нудат простор за рачен багаж. Смартфон, клучеви од дома, шишиња за вода, несесер или пак футрола за очила за сонце, сè што ти е потребно и без што не можеш, има свое место во внатрешноста на Avenger.
За работните денови или пак за викенд, може да сметаш на интелигентен и добро организиран простор за секоја твоја потреба.
Секое патување станува авантура која треба да се доживее. Смести се удобно и уживај во секој момент, благодарение на удобните седиштата со греење во жолта и црна боја, со жолти детали на таблата и амбиентално осветлување кое твоите чувства ги претвора во боја.
Целиот простор што ти е потребен за вистинско искуство Jeep® во компактни димензии. Големина на твоите амбиции.
ЕЛЕКТРИЧЕН МОТОР
Доживуваш возење без стрес. Првиот 100% електричен Jeep® ќе ги има сите традиционални перформанси за забава на Jeep® автомобил, во една нова електрична димензија.
Вози на едноставен начин: 3 минути полнење се доволни за гарантирана автономија од 30 km со 100 kW брзо полнење DC – така што просечната дневна потрошувачка може да ја наполниш за време на твојата кафе-пауза.
Почувствувај ја слободата за полнење според твоите потреби и можности: заедно со Jeep® Avenger ќе добиеш и комплетен екосистем за решенија за полнење.
Кога ќе се измориш од рутината, излези од градот и доживеј ја слободата без емисии зад воланот на твојот нов SUV.
Слобода на избор: твојот Jeep® Avenger е на располагање и со бензински мотор, со моќност од 100 КС 1.2 турбо-мотор во комбинација со 6-брзински рачен менувач.
Кога бараме нов автомобил, не размислуваме само за тоа што нѝ се допаѓа, туку бираме автомобил што нѝ доликува. Новиот Jeep® Avenger се издвојува по својата решителност и авантуристички дух, со компактни димензии. Присуството на Selec-Terrain® и системот Hill Descent Control за контрола при спуштање по удолнина ќе ти овозможи да го прилагодиш твојот стил на возење на временските услови со кои ќе се соочиш: дожд, снег, лизгав терен. Новиот Jeep® Avenger благодарение на неговиот широк дарежлив агол на прекршување ќе ти овозможи да се соочиш и со најекстремните услови.
Новиот Jeep® Avenger го прави секое твое патување едноставно и го доведува твоето возачко искуство до едно ново ниво. Неговите системи за помош при возење од последната генерација ти помагаат да го одржиш правилното растојание од возилото пред тебе и да бидеш постојано во средината на коловозната лента, благодарение на активната интервенција врз воланот *.
*Автономно возење ниво 2 – на располагање само кај електричната верзија
Сосем Новиот Jeep® Avenger е концентрат на стил, технологија и иконската слобода на Jeep®. И не само тоа. Благодарение на богатата палета на Jeep® Authentic ДОДАТОЦИ by Mopar®, многу е полесно да му дадеш личен печат на твоето возило – и да обезбедиш се што ти треба за следните авантури. Време е да почнеш да уживаш во твоето патување. Нека Jeep® и Mopar® те водат по патот.
Иконската предна решетка на Jeep® Avenger, отсекогаш единствена, стана уште покарактеристична. Со додавање на впечатливиот X-camo графика, постојано ги привлекува погледите.
Дај му на твојот Jeep® Avenger електричен изглед со сјајно црни тркала од 18” со син стилски акцент. Достапно само за најновите членови на гамата Jeep®, сигурно ќе се издвоиш од толпата.
Дај му на твојот Jeep® Avenger личен естетски допир со ексклузивната комбинација на стикери поставени на хаубата, кровот и странично. Избери од широкиот спектар на можности, како што се динамичните црни ленти на кровот и хаубата, стилските странични ленти и уникатните X-camo модели. Време е целосно да ја покажеш твојата страст за Jeep.
Заштити ја површината на товарниот простор со подлога со логото Jeep®. Прилагодено обликувана патосница со нелизгачка површина одговара на точната димензија на товарниот простор на возилото. Се одликува со подигнати ивици, што помага да се задржи товарот или излевањето. Лесно се монтира и се отстранува, за вистинскењето да биде брзо и едноставно.
Потрошувачка на електрична енергија на гамата со електричен мотор на Jeep® Avenger Full-Electric (kWh/100km): 15,9 – 15,3; Емисии на CO2 (g/km): 0. Вредности за одобрување на типот утврдени врз основа на комбинираниот циклус WLTP, ажуриран на 6-ти декември 2022 година. Наведените вредности се за компаративни цели.
Важно: реалната вредност на потрошувачката на електрична енергија може многу да се разликува во зависност од условите на користење и од различни фактори како што се: опционали, фреквенција на електрично полнење по поминати километри, надворешна температура, стил на возење, брзина, вкупна тежина, употреба на одредена опрема (клима, греење, радио, навигација, светла итн.), типови и услови на гуми, услови на патот, надворешни климатски услови итн.
Автономија на гамата со електричен мотор на Jeep® Avenger Full-Electric: 404 – 389 km. Вредноста на одобрението на типот одредена врз основа на комбинираниот циклус WLTP, ажуриран на 6-ти декември 2022 година. Наведената вредност е за споредбени цели.
Важно: реалната автономија може многу да се разликува во зависност од: опционали, фреквенција на електрично полнење по поминати километри, надворешна температура, стил на возење, брзина, вкупна тежина, употреба на одредена опрема (клима, греење, радио, навигација, светла итн.), типови и услови на гуми, услови на патот, надворешни климатски услови итн.
За дополнителни конкретни и детални информации за електричната автономија на Jeep® Avenger Full-Electric и различните фактори кои влијаат на истата, молиме да се погледне официјалната веб-страница на Jeep®.
Потрошувачка на гориво на гамата Jeep® Avenger со бензински мотори (l/100 km): 5,6 – 5,5 ; Емисии на CO2 (g/km): 126-124 , според Директивата на ЕУ 1999/94. Вредностите за одобрување на типот утврдени според комбинираниот циклус WLTP, врз основа на кој се одобруваат нови возила од 1 септември 2018 година, ажурирани од 6-ти декември 2022 година. Посочените вредности се за компаративни цели
Важно: реалната потрошувачка на гориво и вредностите на емисија на CO2 може значително да се разликуваат во зависност од условите на користење и од различни фактори како што се: опционали, надворешна температура, стил на возење, брзина, вкупна тежина на возилото, употреба на одредена опрема (клима, греење, радио, навигација, светла итн.), типови и состојба на гуми, услови на патот, надворешни климатски услови итн.