Нов Jeep® Compass
Вози ја иновацијата секој ден
Новиот Jeep® Compass Longitude во сериска опрема содржи нови алуминиумски тркала од 17”, инструмент табла од 7“, двозонски автоматски клима-уред, сензори за паркирање и телекамера Parkview®. И не само тоа, благодарение на иновативната полица за безжично полнење Wireless Charging Pad, може да се полни мобилниот телефон без потреба да се поврзе со кабел.
Дознај повеќе
Елегантен изглед и прекрасен ентериер. Редизајнираната табла сега вклучува и нов систем за информирање и забава Uconnect™ од 10,1“ со екран Ultra HD. Алуминиумски тркала од 18” со нов дизајн и Full LED светла.
Дознај повеќе
Нов Jeep® Compass S è нивото на опременост што може да се пофали со најдобрите технологии и најпрефинетите детали за стилот. Во стандардна опрема вклучува нов систем за информирање и забава Uconnect™ од 10,1“, дигитална инструмент табла од 10,25″, автоматска задна врата, нови 19″алуминиумски тркала,LED предни светла со премиум дизајн.
Дознај повеќе
Почисти хоризонтални линии, модерна централна конзола и многу пошироки простори: Новиот Compass комплетно ја подновува внатрешноста. За прв пат на еден Jeep®, нов интелигентен систем за информирање и забава Uconnect™ излегува од таблата. Капацитетот на просторите на располагање е повеќе од удвоен, од 2,8 L сега е 7,2 L, идеален за да се соберат сите неопходни предмети за секојдневното возење. Вредните материјали, пак, и обработките на таблата и на седиштата дефинираат автентичен стил и ја зголемуваат удобноста.
Новиот Jeep® Compass се развива во знак на иновацијата. Доживувањето при возење е поедноставено благодарение на најавангардната технолошка опременост во панорамата на Јeep®.
Од новата табла на Compass излегува ексклузивниот екран на допир на системот за информирање и забава Uconnect™, најавангардниот во панорамата Jeep®. Екранот, зголемен за 30% во однос на претходната генерација, мери 10,1“ и е опремен со Ultra HD резолуција. Иновативниот оперативен систем гарантира до пет пати побрза навигација, едноставна и интуитивна. Освен тоа, може да се персонализира интерфејсот, да се пристапи до омилените апликации и да се создадат до 6 различни кориснички профили.
Новиот Compass е опремен со асистент за гласовно препознавање интегриран во новиот интелигентен систем за информирање и забава Uconnect™. Доволно е да се каже “Hey Jeep®” за да се започне разговорот со возилото. може да се да се регулира клима-уредот, да се пушти музика или да се постави дестинацијата благодарение на сопствениот глас.
Сега може да се наполни мобилниот телефон без да се користи кабел, односно со Wireless Charging Pad*. Доволно е да се постави уредот на полицата вградена на централната конзола: една сијаличка го покажува нивото на полнење.
Еден компактен SUV е опремен со сите системи за активна и пасивна безбедност кои се од второ ниво на автономно возење и
се во состојба да гарантираат максимална заштита при возење.
Ги препознава сообраќајните знаци и ја наведува максимално дозволената брзина на екранот на дигиталната инструмент-табла.
Ја регулира брзината на возилото врз основа на предвидените ограничувања на патот по кој се вози.
Новиот Jeep® Highway Assist System е уред за автономно возење од второ ниво. Ексклузивен новитет во панорамата Jeep®, кој е во состојба да го одржи безбедното растојание и контролата на брзината, спречувајќи го преминувањето каде што е тоа забрането и избегнувајќи ненадејни лизгања.
Новиот Jeep® Compass го обновува дизајнот на предната маска со седум отвори, на предните светла и на предниот браник: нови имодерни линии кои дополнително ја истакнуваат неговата урбана страна.
Линиите на предниот браник и профилот на предните фарови му даваат на Новиот Compass помодерен и моќен изглед. Освен тоа, и комплетно подновената предна маска со седум отвори го нагласува ставот на различност на овој компактен SUV.
Новиот и единствен дизајн на предните и задните светла и збогатуваат извајаните линии на новиот Jeep® Compass и го истакнуваат изгледот на неговиот профил. Новите LED детали ги привлекуваат погледите и прават автомобилот да не помине незабележан во градскиот сообраќај.
Меѓу новитетите на надворешноста, новиот дизајн е засилен со тркала со ексклузивна геометрија што му дава на автомобилот изглед како ниеден друг. На располагање се тркала од 17“ до 19“ со различни обработки меѓу кои Satin сива или Gloss црна, адаптирани на секаков стил, дурии на најпребирливиот.
Новиот Compass овозможува да се избере меѓу различните мотори кои ги намалуваат потрошувачките и емисиите, без да се влијае на типичните перформанси на Jeep®.