Нов Jeep® Compass
Вози ја иновацијата секој ден
Додај повеќе простор во секојдневното живеење, новата внатрешност на новиот Jeep® Compass ја комбинира удобноста со технологијата преку дизајн со елегантен и софистициран изглед. Нов дизајн на таблата, зголемена инструмент-табла, нов управувач, квалитетни обработки.
За прв пат кај Jeep®, новиот инетлигентен Uconnect™ систем за информирање и забава излегува од контролната табла и достигнува димензии од 10,1”: 30% поголем од претходната генерација.
Новиот Compass е првиот SUV од Jeep® опремен со новата инструмент табла со Full HD дигитален дисплеј во боја од 10,25″ и активна површина од 244mm x 91mm.
Полесен за управување и ергономски, воланот на новиот Jeep® Compass гарантира максимална контрола на перформансите, совршена флуидност во маневрирањето и префинет стил благодарение на црниот кожен тапацир.
Новата контролна табла кај Jeep® Compass се издвојува по својот дизајн, квалитетни материјали и обработка.
Нов Jeep® Compass има уште повеќе простор благодарение на новите простори за предмети зад менувачот, на централниот тунел и под потпирачот на лактот. Внатрешниот простор е повеќе од удвоен и преминува од 2,8 L од претходната гама на дури 7,2 L актуелен капацитет. Идеално за секогаш да се има на дофат се она што е потребно.
Елегантната внатрешност има поголеми простори за предмети, зад менувачот, на централниот тунел и под потпирачот за лакт. Овој компактен SUV располага со зголемен корисен простор од 2,8L нa 7,2L.
Новиот Jeep® Compass има уште попространа и поразноврсна внатрешност. Седиштата се спуштаат 40/20/40* cо што овозможуваат да се искористи максимално товарниот простор и да се избере меѓу различни конфигурирации во зависност од потребите: неопходно за да се одговори на секојдневните предизвици.
Внатрешноста те воведува во една нова димензија на удобност. Седиштата се одликуваат по својата удобност, на нивото на опременост S поради тоа што се наполнети со нов материјал memory, кој сам се моделира според телото, за да овозможи дополнителен комфор при возењето. Тука се и стилските детали: седиштата и панелите на вратите се пресвлечени како во штоф, така и во техно-кожа Nappa.
Еволуцијата на новиот Jeep® Compass ги опфаќа и вратите. Панелите, всушност, се обложени со ексклузивна кожа Nappa чиј естетcки изглед ја истакнува квалитетната внатрешност.