Нов Jeep® Compass
Вози ја иновацијата секој ден
Поврзан со иднината
Новиот Compass воведува апсолутни новитети во панорамата Jeep®, како што е иновативниот систем за информирање и забава Uconnect™ од 10,1“, новата дигитална инструмент-табла од 10,25“ и ексклузивниот асистент за гласовно препознавање Hey Jeep®.
Нов систем за информирање и забава Uconnect™ од 10.1“
Новиот Compass ја поседува технолошката иновација на Jeep® благодарение на еволуцијата на новиот систем за информирање и забава Uconnect™ кој, во однос на претходната генерација им подобрен хардвер, софтвер, екран и поврзување.
Новиот систем за информирање и забава Uconnect™, за прв пат на Jeep®, излегува од таблата. Екранот, поголем од претходните за 30%, мери 10,1“ и располага со Ultra HD резолуција. Процесорот е за 5 пати побрз, одговорот на гласовните команди е многу побрз, како што е и калкулаторот на пресметување на трасите при навигација.
Jeep® Compass ги отвора вратите кон нови содржини и ексклузивни функции благодарение на иновативниот оперативен систем, опремен со најинтуитивна мапатура и раководена со непосреден допир. Секако, може да се персонализира и интерактивната линија на работа со функцијата swipe или повлекувајќи ја апликацијата и widgets, внесувајќи ги во омилени.
Со новиот интелигентен систем за информирање и забава Uconnect™ полесно е да се поврзете со сопствениот мобилен телефон без потреба од кабел благодарение на системите Blu tooth™ од последната генерација. На овој начин може да се да се поврзат до два мобилни телефони истовремено и да се пристапи до сите компатибилни апликации, без потреба од поврзување co кабел.
Новиот Compass, е опремен со Hey Jeep®, асистент за гласовно препознавање со кој може да се регулира клима-уредот, да се пушти музика или да се постави дестинацијата на следното патување консултирајќи ги новите мапи TomTom™. Доволно е да се каже “Hey Jeep®”.
Новиот интелигентен систем за информирање и забава Uconnect™ овозможува да се персонализира интерфејсот врз основа на потребите. може да се создадат до 6 кориснички профили, секој од нив со сопствени преференци за радио, дигиталната инструмент-табла и систем за навигацијата. Доволно е да се избере еден профил за да се пристапи до сите снимени поставки и да се започне патувањето со омилениот начин на патување.
Aвтоматски ажурирања Over the Air
Нов Compass e првиот Jeep® кој го интегрирa системот Over The Air. Благодарение на постојаното поврзување 4G, може да се ажурираат мапите и содржините на новиот систем за информирање и забава Uconnect™ потполно автономно, без потреба да се обратите кај продавачот. Благодарение на апликацијата My Uconnect™.
НОВА Wireless Charging Pad-Полица за безжично полнење
Новиот Jeep® Compass ја претставува новата Wireless Charging Pad – Полица за безжично полнење, авангарден систем за полнење на мобилен телефон. Доволно е да се постави некој од уредите кои би ја користеле оваа функција на полицата која се наоѓа на централната конзола и да почека да се вклучи ијаличката за полнење. Сето тоа без потреба од поврзува со кабел. Кога сијаличката ќе светне зелено, телефонот е комплетно наполнет.
Нова дигитална инструмент-табла од 10,25″
На новиот Jeep® Compass може да се визуелизираат информациите за возењето и податоците кои се однесуваат на состојбата на возилото новиот екран во боја 10,25″ Full HD на инструмент-таблата. Ексклузивно во панорамата Jeep®, овозможен е избор помеѓу 12 различни конфигурации за да се добијат потребните информации без одвлекување на вниманието при возење.
Потполно безбедно поврзан
Разменувај пораки, врши повици и слушај ја омилената музика, без да ги одвоиш рацете од воланот и очите од патот пред тебе.
Функцијата Android Auto™, интегрирана во новиот интелигентен систем за информирање и забава Uconnect™ на Новиот Jeep® Compass 4xe Plug-In Hybrid и компатибилен со функцијата wireless, овозможува лесен и сигурен пристап до гласовните команди, a Google Maps и a Google Play Music преку екранот на допир или командите на управувачот. Благодарение на гласовното препознавање и на новите функции за навигација, може да се достигне на која и да е дестинација без одвлекување на вниманието и потполно безбедно.
*Android Auto, Google Play и и останатите се регистрирани марки на Google Inc.
Остани поврзан со твојот мобиле телефон без да го одвлекуваш вниманието од возењето со Новиот Jeep® Compass. Wireless функциите на Apple CarPlay® овозможуваат да се користи Твојот iPhone потполно безбедно и да се пристапи до Apple Maps, пораки, телефон и Apple Music преку гласовните команди на Siri.
*CarPlay, iPhone и Siri се регистрирани марки на Apple.
Авангардни системи за безбедност
Нов Jeep® Compass е опремен со најавангардни системи за асистенција при возење за да се гарантира безбедноста на возачот, патниците и останатите учесници во сообраќајот.
Електронскиот систем Cruise Control Adattivo (ACC) – адаптивен темпомат ја одржува брзината поставена од возачот и, доколку се доближи премногу до возилото пред твоето автоматски ја адптира брзината за да се одржи безбедното растојание.
За да ја одржи позицијата на возилото во рамките на коловозната лента Системот Lane Keep Assist го предупредува возачот и автоматски ја коригира позицијата на возилото благодарение на силината на кочење на секое од тркалата.
За прв пат во панорамата Jeep® дебитира на Новиот Jeep® Highway Assist System (HAS), систем за Автономно возење од второ ниво кое ти помага за време на возењето на автопат или на суперавтопат со лимитиран пристап и одделени коловозни ленти. Co комбинација на Cruise Control Adattivo и Lane Keep Assist, кои се во состојба да го одржат растојанието и контролата на брзината во однос на возилото пред твоето и, истовремено, возилото да остане во коловозната лента и за кога се наоѓа на кривина со поширок лак.
Максимално внимание
Авангардните системи за безбедност наJeep® Compass 4xe Plug-in Hybrid се проектирани за за да го поддржат возачот и за да се набљудува брзината или растојанието од останатите возила во какви и да е услови.
Штом се наиде на ново ограничување на брзината, Intelligent Speed Assist автоматски интервенира врз брзината на возилото, и ја регулира без каква и да е интервенција од страна на возачот.
Новиот Jeep® Compass 4xe Plug-in Hybrid е опремен со Driver Drowsy Detection, технологија го следи нивото на внимание на возачот, и го споредува со неговата состојба во последните 7 минути. Ако вниманието се спушти под минималното ниво, на инструмент-таблата се пали сијаличка, придружена со звучен сигнал, која му предлага на возачот да направи пауза.
Новиот Jeep® Compass е во состојба да спречи можни судари со возила, препреки и пешаци. Користејќи ја предната телекамера и предниот радар може да се открие присуството на автомобили или луѓе пред автомобилот кој автоматски ги активира кочниците и ги избегнува евентуалните незгоди
Camera 360°
Најлесни маневри, решителни и соодветни, со поголема спокојност благодарение на одличната прегледност околу возилото и на новиот систем за асистенција при паркирање со телекамера на 360º.