Нов Jeep® Compass
Вози ја иновацијата секој ден
Новиот Jeep® Compass Longitude во сериска опрема содржи нови алуминиумски тркала од 17”, инструмент табла од 7“, двозонски автоматски клима-уред, сензори за паркирање и телекамера Parkview®. И не само тоа, благодарение на иновативната полица за безжично полнење Wireless Charging Pad, може да се полни мобилниот телефон без потреба да се поврзе со кабел.
Побарај понудаУживајте во патувањето благодарение на автоматскиот двозонски клима уред. Вие и вашите патници може самостојно да ја подесувате температурата со која се чувствувате најудобно за време на возењето.
Маневрирајте што е можно полесно. Системот за помош при паркирање ги открива пречките зад вас благодарение на сензорите сместени во задниот браник и ве предупредува со звучен сигнал.
Новата дигитална инструмент табла од 10,25″ во боја, за прв пат достапна кај Jeep®, истовремено прикажува повеќе од 20 информации. Интерфејсот, на располагање со 5 конфигурации, може да се персонализира според сопствените потреби.
Новиот Jeep® Compass Longitude е збогатен со новиот дизајн на алуминиумските тркала од 17“, совршени за да се прилагодат на секакво тло на патот и во состојба да се прилагодат на различните стилови на возење.
Елегантен изглед и прекрасен ентериер. Редизајнираната табла сега вклучува и нов систем за информирање и забава Uconnect™ од 10,1“ со екран Ultra HD. Алуминиумски тркала од 18” со нов дизајн и Full LED светла.
Побарај понудаНов систем за информирање и забава Uconnect™ од 10,1“
Ново во светот на Jeep®, досега невидена инструмент табла со Full HD дигитален дисплеј во боја ви овозможува да прегледате повеќе од 20 информативни параметри на возилото и да креирате 5 различни приспособливи менија.
Новиот Jeep® Compass Limited е опремен со адаптивен темпомат кој ја одржува брзината поставена од возачот и, доколку се доближи премногу до возилото автоматски ја адптира брзината за да се одржи безбедното растојание.
Новите LED светла обезбедуваат максимална видливост кога возите и благодарение на својот најсовремен дизајн, го менуваат ликот на новиот Jeep® Compass Limited.
Нов Jeep® Compass S è нивото на опременост што може да се пофали со најдобрите технологии и најпрефинетите детали за стилот. Во стандардна опрема вклучува нов систем за информирање и забава Uconnect™ од 10,1“, дигитална инструмент табла од 10,25″, автоматска задна врата, нови 19″алуминиумски тркала,LED предни светла со премиум дизајн.
Побарај понудаПроектиран за да ти пружи максимален комфор кога си зад управувачот, Новиот Jeep® Compass S е опремен со ексклузивни седишта, пресвлечени со црна кожа и сиви шевови. Седиштата електрично се регулираат во 8 различни позиции.
Новиот Compass S во оригиналната поставка го интегрира навигаторот на новиот систем за информирање и забава Uconnect™ од 10,1“. TomTom™ од најновата генерација овозможува да се консултира интерактивна мапа со три прегледи, да се пристапи кон напредно пребарување со предвидување на текстот, да се добие најбрза пресметка за трасата.И не само тоа, благодарение на асистентот за гласовно препознавање “Hey Jeep®” може да се да се пристапи и да се раководи со мапите со едноставни гласовни команди.
Новиот Jeep® Compass S е опремен со нови Full LED светла кои го истакнуваат дизајнот на надворешноста, гарантираат совршена видливост проширувајќи го видното поле за да ти овозможат да ја подобриш потрошувачката на енергија. Подобра видливост за поголема безбедност.
Новиот Jeep® Compass S е ниво на опременост со посебен и елегантен стил. Обработките во Neutral сива боја го збогатуваат новиот дизајн на алуминиумските тркала од 19″.