Continue

Jeep Renegade 4xe PHEV

Еволуција на видот

Jeep Renegade 4xe PHEV

Еволуција на видот

ЕВОЛУЦИЈАТА НА ПЕРФОРМАНСИТЕ
Ефикасност на хибридниот мотор, значително подобрени перформанси и нов пристап заснован на еколошка одговорност.
Нов Jeep® Renegade 4xe Plug-In Hybrid, иднината е поле за истражување.

ПОЧИТУВАЈ ЈА ТВОЈАТА ОКОЛИНА

Новиот Jeep® Renegade 4xe Plug-In Hybrid, благодарение на Plug-In Hybrid системот кој ги комбинира електричниот и моторот со согорување, значително ги намалува емисиите на CO2 , 41-52 g/km. Покрај тоа, со избирање на режимот Electric може да се доживее ново и уште поодржливо возачко искуство без производство на каков било вид на штетни гасови.

ЗНАЧИТЕЛНО НАМАЛЕНИ ПОТРОШУВАЧКИ

Plug-In Hybrid системот, комбинирајќи го електричниот и моторот со согорување, гарантира невидено ниска потрошувачка на гориво. Потоа, со избирање на режимот Електричен, можно е да се помине до 50 км автономија, гарантирајќи, во поголемиот дел од возењето низ град да не се создаваат емисии и значително да се намали потрошувачката.

ДОЗВОЛИ ДА ТЕ ИЗНЕНАДИ

Комбинацијата на двата мотори со дополнителна електрична енергија гарантира возбуда на брзиот старт, моќност до 240 КС и дополнително подобрување на забрзувањето од 0-100 км/ч. Управувањето е пофлуидно и позабавно во исто време, благодарение на уште понепосредниот одговор.

АВТОМАТСКИ ПРЕНОС СО 6 БРЗИНИ
Jeep® Renegade 4xe Plug-In Hybrid поседува со 6-степен автоматски менувач кој ги подобрува удобноста и перформансите. Овој тип на менувач нуди уште подобар одговор при менување на брзината, побрзо забрзување и флуидно менување. Оваа технологија ги следи температурата, брзината и електронската контрола на стабилноста и располага со повеќе од 20 мапи за менување на брзината при специфични услови на патот.

ВОЗИ ЈА ПРОМЕНАТА

Новиот Jeep® Renegade 4xe Plug-In Hybrid се прилагодува на твојот стил на возење и различните услови со кои се соочуваш, благодарение на новиот хибриден селектор покрај рачката на менувачот. Може да се искористи целосниот потенцијал на моторите во комбинација со режимот Hybrid, да се користи електричниот мотор без да се создадат какви било емисии во режимот Electric или да се користи термичкиот мотор со e-Save, истовремено одржувајќи го капацитетот на батеријата.

МАКСИМАЛНА КОНТРОЛА КАДЕ И ДА Е

Најдобар одговор на промените на теренот. Системот за контрола на погонот Selec-Terrain® овозможува да се изберат до четири динамични режими на возење за да се постигнат најдобри перформанси во секоја ситуација. Покрај режимите Auto, Snow и Sand/Mud (за автоматско возење, возење на снежен и на песоклив/каллив терен веќе присутно во верзијата со термички мотор, ротациониот селектор го интегрира новиот спортски режим кој совршено ги комбинира одговорот на електромоторот и одговорот на моторот со согорување и, дејствувајќи на управувачот, гасот и менувачот, гарантира непосредлив и подинамичен стил на возење, совршен за во град.

ИДНИНАТА ВО ДВИЖЕЊЕ
Со  моќност до 240 КС и забрзување од 0 до 100 метри и за 7,1 секунда: патувај лесно на каква било површина на патот. Новата гама на мотори на Jeep® Renegade 4xe Plug-In Hybrid е комбинација на веќе наградуваниот бензински мотор T4 Turbo Petrol со втор и моќен заден електричен мотор

Термички мотор
1.3 Турбо бензинец
Бензинскиот турбо мотор од 1.3 литри е на располагање со две нивоа на моќност, со 130 КС или пак 180 КС. Единечно е дарежлив, во комбинација е совршен.

Електричен мотор
FCA ZE со 60 КС
Електричниот начин на возење е комплетно нов начин на доживување на возењето. Зачувувањето на околината е обезбедено преку нула издувните емисии на CO2, со автономија од 43 до 56 km, потполно нов начин на движење во тишина.

Ви треба информација? Разговарајте со нас