Нов Jeep® Wrangler 4xe Plug-In Hybrid
Новиот Wrangler влегува во светот на 4xe Plug-In Hybrid со специјална опрема која ги слави 80-те години на Jeep®.
Електрификацијата ги истакнува перформансите на новиот Jeep® Wrangler 4xe Plug-In Hybrid: помоќен, поефикасен и со електризирачки перформанси.
Новиот Jeep® Wrangler 4xe Plug-In Hybrid се соочува со новите предизвици на мобилност задржувајќи ги суштинските одлики кои го направија познат и славен. Комбинацијата на електричен и турбобензински мотор овозможуваат да достигне до 380 КС максимална моќност комбинирана 637 Nm на максимален вртежен момент, достигнат уште при низок режим на работа.
Хибридната револуција на Wrangler ги почитува традиционалните перформанси на SUV Jeep®, подобрувајќи ја нивната ефикасност. Во хибриден начин на возење потрошувачките и емисиите се намалени во однос на оние кај термичкиот мотор, додека во начинот full-Electric може да помине дури 53 km* во тотална автономија без да произведе CO2.
*во градско возење
Хибридната мобилност Plug-In не само што ги задржува типичните теренски одлики на Wrangler, туку и ги издигнува. Благодарение на електричниот мотор, со поддршка на турбобензинскиот, којшто овозможува да се произведе максимален вртежен момент веќе при низок режим на работа, го подобрува и Crawl Control. Wrangler 4xe, се разликува и по способноста да патува со комплетно електричен интегрален погон, и при мали брзини.
Новиот Wrangler 4xe Plug-In Hybrid се соочува со секојдневните предизвици со новиот хибриден интегрален погон 4xe, кој е способен да произведе и до 380 КС моќност при комбинирано возење, како и да достигне забрзување 0-100 km/h за 6,4 секунди.
Новиот Wrangler 4xe Plug-In Hybrid ја почитува традицијата на возилата SUV со исклучителни перформанси и карактеристичната цврстина на марката Jeep®. Беџот Trail Rated® е признанието е резервирано само за возилата Jeep® кои успеваат да го поминат пробното возење на картпести патеки, лизгави поради вода, кал или снег и со големи инклинации
Новиот мотор на Jeep® Wrangler 4xe Plug-In Hybrid се разликува по неговата голема разноврсност.
2.0 L Турбобензинец AT8 од 272 КС
|
+ |
E-Motor од 145 КСNНовиот Jeep® Wrangler 4xe Plug-In Hybrid носи електричен мотор со високи перформанси. Сместен пред кутијата на пренос, овој мотогенератор има способност да произведе максимална моќност до 107 kW (145 КС) со максимален вртежен момент уште при низок режим на работа и достигнува 245 Nm.* |
---|
Потрошувачка на гориво на гамата: Jeep® Wrangler 4xe Plug-In Hybrid (l/100 km): 3,5 – 4,1.; емисии на CO2 (g/km): 79 – 94. Хомологирани вредности врз основа на методот на мерење/корелација со важечкиот циклус NEDC, ажурирани на ден 20/06/20. Вредностите се само за споредбени цели.
Се наоѓа на левата страна од воланот на новиот Jeep® Wrangler 4xe Plug-In Hybrid. Системот Hybrid Mode selector овозможува да се одбере стил на возење прилагоден на личните потреби.
Новиот Jeep® Wrangler 4xe Plug-In Hybrid е во можност да минува и по терени по кои има вода. Благодарение на заштитениот и запечатен простор во кој е сместена батеријата, може да смета на минување низ вода со длабочина до 762 mm
Моторите на Jeep® Wrangler 4xe Plug-In Hybrid се надоврзани со автоматски менувач TorqueFlite со 8 брзини што овозможува да се подобрат перформансите за време на движењето и гарантира едноставна употреба, зголемена брзина на одговор и послеано возење: идеално за каков и да е терен.
Новиот Jeep® Wrangler 4xe Plug-In Hybrid се наметнува за подинамичен и поавантуристички стил на живот. Со задната кука за влечење овозможува на наједноставен начин да се превезува различен тип на приколка.
![]() Moтор 2.0 L 4xe Plug-In Hybrid AT8 од 380 КС |
1587 kg |