Нов Jeep® Wrangler 4xe Plug-In Hybrid
Новиот Wrangler влегува во светот на 4xe Plug-In Hybrid со специјална опрема која ги слави 80-те години на Jeep®.
Новиот Jeep® Wrangler 4xe Plug-In Hybrid е опремен со преку 65 системи за активна и пасивна безбедност и е во состојба да го поддржи возењето по патиштата од секојдневното движење и за време на авантурите по разни терени.
Со спојувањето на Hill-Ascent Control (Контрола при искачување) и на Hill-Descent Control (Контрола при спуштање), создаден е системот Selec-Speed Control (Селектирана контрола на брзината), безбедносен уред којшто му овозможува на возачот да ја одржи постојаната брзина при искачување или спуштање, на карпести или накосени терени и по многу други различни видови на терен при мала брзина. Благодарение на овој уред, всушност, ESC (Електронската контрола на стабилноста) е во состојба да го контролира максималниот вртежен момент и притисокот на кочниците, одржувајќи ја претхгодно поставената брзина за време на возењето по терен.
Новиот Wrangler 4xe Plug-in Hybrid располага со Cruise Control Adattivo (Адаптивен темпомат) со интегриран Full Stop (Целосно запирање). Овој систем овозможува да се воспостави брзина на движење и, истовремено, да се одржи безбедносно растојание од возилото кое се движи однапред. Исто така, благодарение на функцијата Full Stop, возилото автономно запира во случај на потреба или на опасност.
Благодарение на различните сензори и системи за безбедност поставени на Jeep® Wrangler 4xe Plug-In Hybrid, возилото самостојно може да ја надгледува брзината или растојанието од останатите возила и во најтешки услови.
Co сензорите кои се поставени во задниот браник на новиот Wrangler 4xe може да се откријат пречките и да се избегнат евентуалните опасности за време на маневрите при паркирање, благодарение на звучниот сигнал кој го предупредува возачот. Со задната камера Parkview®, која се вклучува при ставање на менувачот во брзина наназад се прикажува динамична мрежа, која се адаптира на екранот на допир од системот за информирање и забава Uconnect™ NAV, може да гледа присуството на возила и предмети кои се наоѓаат на патеката на движење на возилото.
Во клабината на Jeep® Wrangler 4xe Plug-In Hybrid, благодарение на Blind Spot Monitoring (Прегледност при слеп агол) и нa Rear Cross Path Detection (Откривање на препреки одзади), може да се надгледува периметралното растојание, слепите агли и да се паркира на едноставен и безбеден начин во простори каде останатите возила ја попречуваат прегледноста. Првиот уред го предупредува возачот за влез на друго возило во внатрешноста слепиот агол преку соодветната сијаличка и звучен сигнал, додека пак вториот е во состојба да го открие присуството на други возила или предмети за време на маневрите на паркирање, предупредувајќи го возачот преку сијаличката сместена на надворешните странични ретровизори.
Новиот Jeep® Wrangler 4xe Plug-In Hybrid може да открие возила или пречки со големи димензии на кои наидува, благодарение на сензорите-радари и на видео-приказот кои го предупредуваат возачот преку звучни и визуелни сигнали или, доколку е потребно со активирање на автоматското кочење.
Оптичката група Full LED на новиот Wrangler 4xe Plug-In Hybrid е во состојба автоматски да го открие присуството на возила кои доаѓаат од спротивниот правец и да го намалат светлосниот сноп на предните светла за да не ги заслепат.
Технологијата на новиот Wrangler 4xe Plug-In Hybrid ги воведува сите нови функции, поврзани со светот 4xe, како што е Hybrid Pages на системот за информирање и забава Uconnect™ NAV, новите наменски параметри за возење на инструмент-таблата со екран на допир и на Uconnect™ Services.
Ексклузивниот систем e-Coasting му овозможува на новиот Jeep® Wrangler 4xe Plug-In Hybrid да ја полни батеријата за време на движењето. Штом се активира, овој технолошки систем е во состојба да ја искористи произведената енергија за време на кочење, успорување или пак движење во лер и автоматски да ја полни батеријата.
Инструмент-таблата на Jeep® Wrangler 4xe Plug-In Hybrid е опремена со нов екран на допир од 7″, кој може да се персонализира на повеќе од 100 различни начини за да ги чита на едноставен и интуитивен начин информациите кои се однесуваат на брзината, преостанатата автономија, притисокот на пневматиците и уште многу нешта.
Систем за информирање и забава е поставен така што ги интегрира услугите на Uconnect™ Services*, коишто овозможуваат да се комуницира со автомобилот од далеку директно од мобилниот телефон и smartwatch, со апликацијата My Uconnect™.
*на располагање од првата половина на 2021
Новиот Jeep® Wrangler 4xe Plug-In Hybrid овозможува да се поврзе мобилниот телефон потполно безбедно и да се остане сконцентриран на патот.
Новиот Jeep® Wrangler 4xe Plug-In Hybrid во системот за информирање и забава Uconnect™ ги интегрира и новите функции на Android Auto™, благодарение на кои може да пристапи на лесен и сигурен начин до саканите апликации како Google Maps и YouTube Music преку екранот на допир или командите на воланот.
*Android Auto, Google Play и и останатите марки се регистрирани од Google Inc.
Co новиот Jeep® Wrangler 4xe Plug-In Hybrid може да се остане поврзан со сопствениот мобилен телефон без да се одвлече вниманието од возењето. Системот за информирање и забава Uconnect™ ги интегрира новите безжични функции на Apple CarPlay® и им овозможува на корисниците на iPhone да пристапат до Apple Maps, пораките, телефон и Apple Music преку вокалните команди на Siri или преку екранот на допир на радиото.
*CarPlay, iPhone и Siri се марки регистрирани од Apple.
Маневрите стануваат уште поедноставни и полесни благодарение на предните и задните камери на новиот Jeep® Wrangler 4xe Plug-In Hybrid.
Оваа технологија нуди поддршка при возењето доколку се наиде на слеп агол или на пречки, овозможувајќи аспремни и едноставни маневри.
Новиот Jeep® Wrangler 4xe Plug-In Hybrid го подобрува квалитетот на звукот благодарение на аудио-уредот Alpine® Premium. Опремен со амплификатор со 12 канали од 552 вати, девет звучници, меѓу кои и заден субвуфер, појачаниот аудио-систем е во состојба да произведе звук со висок квалитет.