Continue

Jeep® Compass e-Hybrid

ХИБРИД СО СТИЛ И ЕФИКАСНОСТ
Jeep® Compass e-Hybrid располага со нова хибридна погонска група на електричен мотор кој е надоврзан на бензински мотор со цел да обезбеди хибридно доживување со 100% електрично возење при мала брзина.

Jeep® Compass e-Hybrid

ХИБРИД СО СТИЛ И ЕФИКАСНОСТ
Jeep® Compass e-Hybrid располага со нова хибридна погонска група на електричен мотор кој е надоврзан на бензински мотор со цел да обезбеди хибридно доживување со 100% електрично возење при мала брзина.

e-HYBRID ЕВОЛУЦИЈА

Технологијата Jeep® e-Hybrid се базира на новиот бензински мотор 1.5 Turbo T4, кој испорачува 130 КС на предните погонски тркала, на кој се надоврзува електричен мотор. Асистенцијата на последниов овозможува да се подобрат перформансите обезбедувајќи до 15 kW* (20 КС) во различни фази на возење. Спротивно на некои други возила со лесен хибриден мотор, системот Jeep® e-Hybrid му овозможува на возилото да се придвижува само со електричниот мотор при мала брзина* : особено ценето при маневри на паркирање или во сообраќаен застој.

*Функционирањето зависи од состојбата на исполнетост на батеријата и условите на возење.

НОВ 1.5 TURBO T4 E-HYBRID 130 КC 4X2 BVR7

Максимална брзина = 193 km/h
Максимална моќност = 130 КС
Максимален вртежен момент = 240 Nm
0-100 km/h = 10 s

До 15 % намалени потрошувачки на гориво и на емисии на CO2 во однос на старата верзија на бензинскиот мотор 1.3 Turbo T4 130 КС 4×2 BVM6 (комбиниран циклус WLTP)

НОВ ЕЛЕКТРИЧЕН МОТОР ОД 48V

Максимална моќниост = 15 kw/h
Максимален вртежен момент = 55 Nm (еднакво на 135 Nm при влез во менувачот)

MOБИЛНОСТ e-HYBRID

Технологијата e-Hybrid на Jeep® претставува следна етапа на хибридна мобилност. Спротивно на останатите возила со mild hybrid, системот Jeep® e-Hybrid гарантира целосно хибридно возачко доживување благодарение само на интервенцијата на електричниот мотор за време на фазите на возење со мала брзина и маневрите за паркирање, со што се обезбедува автономија до неколку километри во 100% електричен режим.

*Функционирањето зависи од состојбата на полнење на батеријата и условите на возење.

e-Coasting : обновување на енергија при забавување

Новиот Jeep® Compass e-Hybrid е опремен со системот e-Coasting, дизајниран за автоматско полнење на батеријата при секое возење. Оваа функција ја користи кинетичката енергија на возилото како негативен вртежен момент за полнење на батеријата при секое забавување.

e-Braking : обновување на енергијата при кочење

Батеријата на Jeep® Compass e-Hybrid исто така се полни со помош на регенеративно кочење (e-Braking). Оваа функција е дизајнирана да ја враќа кинетичката енергија на силата на кочење секој пат кога ќе се притисне педалот на кочница.

e-Boosting

Функцијата e-Boosting е уште една карактеристична одлика на погонската линија на Jeep® e-Hybrid. Електричниот мотор му помага на бензинскиот мотор обезбедувајќи до 15 kW (20 КС) моќ и 55 Nm вртежен момент. Електричната енергија, исто така, овозможува оптимизирање на работата на бензинскиот мотор барајќи што е можно помалку негово ангажирање и во режимот каде што е најефикасен.

*Функционирањето зависи од состојбата на полнење на батеријата и условите на возење.

НОВ МЕНУВАЧ СО ДВОЈНА СПОЈКА И 7 БРЗИНИ

Целосно нов 7-брзински роботизиран менувач со двојна спојка дебитира на новиот Jeep® Compass e-Hybrid. Со скратени брзини – во споредба со 6-брзински менувач – автомобилот нуди дополнителна динамика, додека седмата брзина е дизајнирана да ги намали издувните гасови и нивото на потрошувачка на автопат, со поголеми просечни брзини, големи при низок режим на работа.

Гама Jeep Compass e-Hybrid: опсег потрошувачка на гориво (l / 100 km): 5.6-6.0; опсег емисија на CO2 (g / km): 128-136. Вредностите се хомологирани врз основа на пондерираниот WLTP циклус, ажурирани на 01.04.2022 година и означени за компаративни цели.

Ви треба информација? Разговарајте со нас