Користиме cookies со цел да Ви овозможиме најдобро искуство и беспрекорно пребарување низ нашата интернет страница. Истата користи cookies кои имаат интегрирано пораки од трети страни, со цел да Ви доставуваат комерцијални информации кои ќе Ви бидат од корист. Продолжувајќи ја Вашата посета на оваа интернет страница, се согласувате на користењето на cookies.
Прочитајте повеќе за нашата cookie политика
Врвно хибридно доживување
Новиот Јеер® Renegade e-Hybrid го прави своето деби со новиот погонскиот систем кој ја комбинира моќта на електричниот мотор со онаа на традиционалниот бензински мотор, обезбедувајќи хибридно возачко доживување во целосно електричен режим при мали брзини или при возење во лер.
Нов Jeep® Renegade e-Hybrid
Врвно хибридно доживување
Новиот Јеер® Renegade e-Hybrid го прави своето деби со новиот погонскиот систем кој ја комбинира моќта на електричниот мотор со онаа на традиционалниот бензински мотор, обезбедувајќи хибридно возачко доживување во целосно електричен режим при мали брзини или при возење во лер.
ВОЗЕТЕ ВИСТИНСКИ JEEP®
Стилот и персоналноста се комбинираат со просторноста и разновидноста во внатрешноста на новиот Jeep® Renegade e-Hybrid. Просторот околу возачот е широк и удобен. Располага со врвна технолошка опрема, за да овозможи најдобро возење при секое патување. Легендарниот дизајн на Jeep® е функционален и наменски, благодарение на задната клупа која може да се преклопи 40-20-40 со цел да се добие соодветен простор за сместување на багажот кој се превезува. Високиот квалитет доаѓа и од нежниот допир на врвните материјали употребени за изработка на седиштата во комбинација со премиум опремата, како што се грејачите на седиштата и на воланот или пак електричната регулација на предните седишта.
Покажете го вашиот стил до крај. Нивото на опременост Limited се одликува со 17” алуминиумски тркала, и на тој начин ја истакнува персоналноста на вашиот нов Jeep® Renegade e-Hybrid.
Додадете допир на ексклузивен стил на вашиот нов Jeep® Renegade e-Hybrid. Кровот My Sky е на располагање по барање, со автоматско отворање, а исто така може целосно да се расклопи за да се искуси незаборавно доживување на отворено.
Возете со неспоредлива видливост така што ќе го изберете опционалниот Full LED пакет (предни светла, светла за магла и задни светла). Овие најсовремени светла ја намалуваат потрошувачката, ја зголемуваат видливоста и истовремено додаваат стил и префинетост.
Паркирањето и возењето наназад сега се без проблеми и целосно безбедни. Renegade Limited како опционал го нуди системот ParkView кој на екранот ја визуелизира областа зад возилото и, благодарение на поддршката на динамичната решетка, овозможува следење на траекторијата на паркирање.
Контролната табла на новиот Јеер® Renegade e-Hybrid е елегантен збир од материјали пријатни на допир и функционална опрема. Рачката за придржување од совозачката страна е заштитен знак, опкружена со “soft-touch” елементи што ги покриваат контролната табла и панелите на вратите. Дизајнот на конзолата има дополнителен простор за складирање на предмети и се издвојува по својата одлична функционалност. Насекаде во патничкиот простор има легендарни референци и стилски детали кои го пренесуваат чувството на припадност кон светот на Jeep®.
ПРОСТОРНОСТ И УДОБНОСТ
Удобноста на новиот Јеер® Renegade e-Hybrid е дефинирана со технолошки и дизајнерски решенија создадени за да гарантираат дека секое патување е и пријатно и удобно. Електрично прилагодување на предните кожни седишта во 8 насоки, кои се загреваат, исто како и воланот. Прилагодлив лумбален потпирач кој го зголемува нивото на удобност за да одговари на потребите на возачот. Багажникот се издвојува по расположливиот простор и разноврсноста, благодарение на прилагодливиот под за товарење и задна клупа на преклопување 40-20-40.
ФУНКЦИОНАЛЕН ПРОСТОР
Простор и за патниците и за багажот. Внатрешноста на новиот Јеер® Renegade e-Hybrid нуди разни простори за сместување на предмети кои се просторни и дискретни, како и посебно наменети простори за сместување на, на пр., полица за сместување на мобилен телефон на централната конзола и џеб за сместување на таблет.