Continue

JEEP® RENEGADE

НАЈСПОСОБНИОТ КОМПАКТЕН SUV НА СИТЕ ВРЕМИЊА

JEEP® RENEGADE

НАЈСПОСОБНИОТ КОМПАКТЕН SUV НА СИТЕ ВРЕМИЊА

АВТЕНТИЧНИОТ ДИЗАЈН Е МОДЕРЕН

Jeep® Renegade е гордоста на марката со седум отвори: дизајниран за во град и за во природа, преполн е со оригинални детали и препознатлив уникатен дизајн на марката Jeep®. Однапред, решетката со седум отвори е врамена во динамични бои, додека широките кружни светла се затскриени под капакот на моторот за истакнување на неговиот изглед. Трапезоидните премини на тркала се во согласност со наследството на Jeep®. Светлата назад со својот изглед и форма ја заменуваат легендарната канта за нафта. Jeep® Renegade е чистокрвен Jeep® со својот модерен и современ изглед до најмали детали.

ЕМОТИВЕН ДИЗАЈН КОЈ ВЛИЈАЕ НА ВАС

Ентериерот на Jeep® Renegade се состои од стилски дизајнирани детали, иновативни и висококвалитетни бои и материјали, најнова технологија и интелигентни решенија за чување на предмети. Цврст и енергичен изглед според имиџот и стилот на легендарната марка. Инспирацијата ја црпи во екстремните спортови, а дизајнерските теми се дефинирани со вкрстување на нежни форми со мали детали. Заедно креираат уникатно дизајнерско дело со долготраен силен и емотивен ефект врз чувствата.

КОМФОРОТ НИКОГАШ НЕ БИЛ ПОФУНКЦИОНАЛЕН

Ентериерот на Jeep® Renegade е дизајниран за да ги комбинира на интелигентен начин материјалите нежни на допир со функционални карактеристики. Паноа на врати нежни на допир комбинирани со функционални елементи како на пример држач за рака од совозачка страна, неопходна при off-road авантури. Стилски дизајн инспириран од легендарната историја на марката Jeep® со префинет вкус. Погледнете ја галеријата и одблизу запознајте го ентериерот на Jeep® Renegade.

ПРОНАЈДЕТЕ ЈА ВАШАТА КОМБИНАЦИЈА

4 различни нивоа на опременост, 10 бои на каросерија, и 9 различни двобојни комбинации со црн акцент на покривот, Renegade ги задржува гените на легендарниот Jeep® но истовремено го истакнува и својот антиконформистички карактер.

ИНСПИРАТИВНИ БОИ И КОМБИНАЦИИ НА ЕНТЕРИЕР

Спецификациите на ентериерот на Jeep® Renegade се составени од ергономични седишта од висококвалитетни материјали со акцент ставен на галванизирани бои, инспирирани од очилата за екстремни спортови.

RENEGADE LIMITED
RENEGADE LONGITUDE
RENEGADE SPORT
Црна премиум ткаенина со
Satin Сребрени Bezel
додатоци
Црна ткаенина со
Satin Сребрени Bezel
додатоци
Црна ткаенина со
Satin Сребрени Bezel додатоци
Црна кожа со
Satin Сребрени Bezel
додатоци и опшивка
Црна/Sandstorm ткаенина со
Satin Сребрени Bezel
додатоци
Bark Кафена/Sky Сива кожа со
Anodized Портокалови Bezel
додатоци и опшивка
Bark Кафена/Sky Сива ткаенина со
Anodized Портокалови Bezel
додатоци и опшивка

Ви треба информација? Разговарајте со нас