JEEP® RENEGADE
НАЈСПОСОБНИОТ КОМПАКТЕН SUV НА СИТЕ ВРЕМИЊА
Renegade Trailhawk® нуди Trail Rated® можности со стандарден Active Drive Low систем, 1″фабрички подигнат, уникатен преден и заден изглед, заштитни плочи и алуминиумски тркала од 17-инчи за off-road возење, агресивни пневматици.
Моќ и контрола. Во град или во услови на off-road, нема повеќе пречки меѓу вас и авантурата. Jeep® Renegade е возило најдобро во својата категорија со off-road капацитети и безконкурентско уживање во возењето, вклучувајќи го деветстепениот автоматски менувач, иновативниот и незапирливиот Jeep® Active Drive и Active Low Drive traction систем како и контролниот систем со високи перформанси Selec-Terrain®.
Jeep® Renegade е првиот компактен SUV со 9-степен автоматски менувач за подобрување на комфорот во возењето и на перформансите со контрола на температурата, брзината и контрола на електронска стабилност со повеќе од 20 индивидуални мапи за специјални услови на патот. Менувачот гарантира одлично искуство во возењето со моментални забрзувања и нежни менувања на степен, идеален за возење на автопат.
Најдобар во категоријата на возила со перформанси 4×4, Jeep® Renegade, автентичен и достоен на гените на Jeep® DNA нуди два иновативни системи за возење: Jeep® Active Drive и Jeep® Active Drive Low.
Системот Jeep® Active Drive е целосно автомтизиран и нуди бесшумен пренос било да е во погон на четири или на две тркала и при било која брзина. Овој систем не бара никаква интервенција од страна на возачот, гарантира корекција на поставеноста на возилото при динамични возења, а истовремено ги подобрува условите при секаков вид на свиоци.
Системот Jeep® Active Drive Low е изграден врз база на системот Jeep® Active Drive и гарантира сооднос 20:1 за извонредни 4×4 капацитети. Овој систем го додава Hill-descent Control на Selec-Terrain и на моделот Trailhawk “Rock” Selec-Terrain за да се подобри моторниот погон и да се подобри прилепувањето.
Jeep® Active Drive и Active Drive Low се функционалности на системот за контрола на влечење Selec-Terrain®. Selec-Terrain® ви овозможува самите да ги внесете параметрите за on- или off-road за оптимални перформанси. Патувајте насекаде, правете сè што сакате со избор на пет режими кои можете да ги прилагодите: Auto, Snow, Sand и Mud, со системот Jeep® Active Drive Low – и Rock ексклузивно кај Trailhawk.
Hill Descent Control (HDC) гарантира нежно и контролирано тргнување на нагорнина и на лизгава подлога без потреба од активирање на сопирачката. Штом се активира, возилото ќе се движи на удолнината со активирање на ABS сопирачкиот систем за контрола на брзината на секое тркало одделно со цел да обезбеди оптимален елан и ритам.