JEEP® RENEGADE
НАЈСПОСОБНИОТ КОМПАКТЕН SUV НА СИТЕ ВРЕМИЊА
За откривање на нови светови и доживување на нови авантури, потребно е возило кое е подготвено на речиси сѐ. Jeep® Renegade има сѐ што е потребно и ништо што не треба. Авантурата притигнува. Подгответе се.
Влезете во Melfi фабриката за автомобили и откријте како се произведува Jeep® Renegade со помош на виртуелната тура низ производствениот процес. Интерактивни фотографии, ексклузивни видеа и описи кои ќе ве пренесат преку 13 фази од патешествието на возилото од оформување до финалното тестирање.
Сега со Jeep® Renegade вие сте секогаш поврзани: безбедност и забава во комбинација за зелосно ново возно искуство. Апликацијата Uconnect™ LIVE е достапна во Apple App Store
и Google Play. Возете во својот дигитален свет!
Откако е роден, марката Jeep® ја отелотворува слободата, автентичноста, авантурата и страста. Сега Jeep® Renegade е уште поприлагодлив на секоја неочекувана ситуација. За оние кои сакаат да пишуваат секојдневно свои сопствени стории.
Направи го полесен. Направи го посилен. Направи го да подобар. Спортските ентузијасти и трагачите по авантура секогаш бараат начини да ги направат нештата подобри. Нашите дизајнери го прифатија ова од сѐ срце и го користеа како инспирација.
По повеќе од 70 години, продолжуваме да ја вдахнуваме нашата страсна посветеност кон вистинскиот авантуристички животен стил овозможувајќи им го тоа и охрабрувајќи ги оние кои ја следат марката Jeep®. Потребата да се бараат и да се истражуваат нови авантури е, и секогаш ќе биде, дел од нашето богато наследство. Започнувајќи од популарната решетка и продолжувајќи низ цело возило, Jeep® Renegade е дефинитивно дел од семејството.
Jeep® возилата отсекогаш се познати по своите off-road капацитети. Најпознатите светски патеки 4×4 беа инспирација за дизајнот на Jeep® Renegade за да биде опремен така што ќе може да се истражуваат уште понепредвидливи терени.