JEEP® RENEGADE
Светот на авантурите е пред вас.
Внатрешноста на новиот Jeep® Renegade вклучува нови паметни решенија за сместување, нова централна конзола со изработени детали, иновативни и висококвалитетни материјали и најсовремена технологија. Просторноста е најдобра во класата и ќе ви овозможи да понесете со себе се што ви треба, во потполна удобност. Новиот втор ред со USB ви носи удобноста од повисоко ниво. Неговиот цврст и енергичен изглед му оддава почит на легендарното наследство на брендот, пренесувајќи го на ново, функционално подобрено ниво.
Внатрешноста на Новиот Jeep® Renegade е дизајнирана за умно комбинирање на пријатни материјали на допир со функционални карактеристики. Панелите, меки на допир се испресечени со навистина функционални елементи како што е држачот за рака за совозач, неопходен за off-road авантури. Дизајнот е инспириран од наследство на легендарниот бренд Jeep ® и е вкусно вклучен во современите текови. Новата централна конзола е направена за подобрување на внатрешното сместување на предмети и на функционалноста.
За секојдневните прошетки или авантурите надвор од градот, новиот Jeep® Renegade е полн со решенија за сместување на сè што ви треба за на пат: од новиот смартфон на централната конзола до додадената нова конзола, на која се вклопува мини iPad.