Continue

JEEP® RENEGADE

Светот на авантурите е пред вас.

JEEP® RENEGADE

Светот на авантурите е пред вас.

АВТЕНТИЧНИОТ ДИЗАЈН СТАНУВА МОДЕРЕН

Со нови уникатни допири на својот надворешен изглед, новиот Jeep® Renegade го задржува стилот на брендот со најновите трендови. Нова 7-прстенеста предна решетка, нова предна маска, нови бои на кровот и Full LED светла, се само некои од најновите дополнувања на неговиот надворешен изглед.

ВОЗЕЊЕ НА ОТВОРЕНО

Новиот Jeep® Renegade нуди возење на отворено со два типа на сончев кров. MY Sky кровот е ексклузивен кровен систем кој обезбедува возбудлива панорамска глетка на секое возење. Ова решение овозможува рачно отворање на кровните панели и електрично поместување/лизгачко отворање.

ГИ ОСВЕТЛУВА АГЛИТЕ

Новите LED светла се на располагање во соодветниот пакет на Limited и на Trailhawk®. LED светлата ја подобруваат видливоста (+50% во однос на традиционалните светла) и, со тоа, безбедноста. Исто така заштедуваат енергија и ги намалуваат трошоците за одржување за 1/3 во однос на традиционалните светла.

ПРИЛАГОДУВАЊЕ НА ВАШИОТ ЖИВОТЕН СТИЛ

Како го поминувате слободното време? Дали сте пасиониран љубител на слободното движење, сноубордер или пак едноставно ужувате со пријателите? Каков и да е вашиот животен стил, најдете го совршениот додаток од Mopar за вас и вашиот Renegade.