Continue

Jeep® Compass 4xe Plug-In Hybrid

Технолошка еволуција според Jeep® 4xe: еволуција на 4x4

Jeep® Compass 4xe Plug-In Hybrid

Технолошка еволуција според Jeep® 4xe: еволуција на 4x4

 

Ново движење според Jeep®
Технологијата 4xe Plug-In Hybrid се соочува со современи предизвици на движење, со два мотори, еден електричен и еден бензински, кои се способни да ги издигнат легендарните перформанси на Jeep®.

Еволуција на перформансите Jeep®
Ефикасност и перформанси: новата технологија  4xe Plug-In Hybrid го подобрува секој аспект на мобилност. Новиот Compass 4xe Plug-In Hybrid располага со поефикасен хибриден мотор кој не ја менува типичната моќност на Jeep®.

Намалени емисии

Духот на Jeep® не се менува, моторот е вистинска иновација. Новиот Jeep® Compass 4xe Plug-In Hybrid се соочува со нови предизвици на мобилност бидејќи може да смета на еден бензински и еден електричен мотор. Емисиите на CO2 се намалени* и само со комбинираната употреба, додека во начинот full-Electric се комплетно на нула.

Помали потрошувачки

Употребата во комбинација со електричниот мотор и бензинскиот гарантира подобрени перформанси и намалено ниво на потрошувачки. За да, во начинот full-Electric мобвилноста е доделена ексклузивно на електричниот мотор и на батеријата од 11,4 kWh: автономно може да се  поминат до 50 km, без да се генерираат емисии на CO2 и значително ги намалува потрошувачките

Моќност на хибридот

Нов Jeep® Compass 4xe Plug-In Hybrid дополнително го подобрува нивото на перформанси благодарение на 190-те или 240 КС моќност во омбинирана употреба, на забрзувањето од 0-100 km/h за само 7,3 секунди и максимална брзина од 130 km/h во електричниот начин и 200 km/h во хибриден начин.

*Најдобро време за Jeep® Compass 4xe со мотор од 240 КС

Тишина, доаѓа Compass
Новиот Jeep Compass 4xe Plug-In Hybrid
може да произведе до 240 КС моќност во комбинација и да достигне забрзување од 0-100 km/h за 7,3 секунди* користејќи го само електричниот мотор, може да помине до 50 km вкупно, со нула емисии и возење во потполна тишина.

Слободен избор
Со Jeep® Compass 4xe Plug-In Hybrid може да се изберат три различни начини на користење на моторите, врз основа на потребите.

Термички мотор
На располагање во две нивоа на моќност, 190 КС или пак 240 КС , моторот 1.3L турбо бензин се разликува по перформанси, бучност и потрошувачки кои се многу подобрени во однос на претходната генерација.

E-Motor со 60 КС
Електричниот начин пружа комплетно ново доживување. Ја зачувува околината со нула емисии на CO2, и има автономија на возење до 50 km и тивко движење.

 

Автоматски менувач со 6 брзини
Перформансите на Jeep® Compass  4xe Plug-In Hybrid ја спојуваат моќноста со едноставната употреба, благодарение на удобноста на автоматскиот менувач со 6 брзини. Новиот систем на трансмисија гарантира побрз одговор и поголемо забрзување. Возењето е поповрзано: совршено низ град, неодоливо на терен.

Hybrid mode selector

Новиот Jeep® Compass 4xe Plug-In Hybrid овозможува да се изберат до три различни начини на возење: Hybrid, кој ги користи и двата мотори, Electric, кој го користи само електричниот мотор и ги сведува на нула емисиите на CO2, и E-Save, кој го одржува нивото на полнење на батеријата при што ја зголемува ефикасноста на системите за автономно полнење.

Selec-Terrein®

На секаков терен се соочува на најдобар можен начин. Новиот Jeep® Compass 4xe Plug-In Hybrid е опремен со систем за контрола на погонот Selec-Terrain® кој овозможува да се избере еден од четирите динамични начини на возење: Auto, Snow и Sand/Mud и Sport. Нивото на опременост Trailhawk, на располагање ексклузивно за верзијата 4xe Plug-In Hybrid, придодава и петти начин: Rock, совршен за екстремнби карпести терени.

Ви треба информација? Разговарајте со нас