Нов Jeep® Compass 4xe Plug-In Hybrid
Технолошка еволуција според Jeep® 4xe: еволуција на 4x4
ИНОВАТИВЕН ДИЗАЈН
Новата внатрешност предлага сосем нов стилски концепт стремејќи се кон поголема удобност, повеќе простор и авангардна технологија. Сето тоа содржано во одбран и модерен дизајн. Нов систем за информирање и забава Uconnect™, зголемена инструмент-табла, нов управувач, ексклузивни детали.
За прв пат кај Jeep®, новиот систем за информирање и забава Uconnect™ со екранот на допир од 10,1″ доминира на контролната табла , 30% поголем во однос на претходната генерација .
Новиот Compass е првиот SUV од Jeep® опремен со новата инструмент табла со Full HD дигитален дисплеј во боја од 10,25″ и активна површина од 244mm x 91mm.
Полесен за управување и ергономски, воланот на новиот Jeep® Compass гарантира максимална контрола на перформансите, совршена флуидност во маневрирањето и префинет стил благодарение на црниот кожен тапацир.
Новата контролна табла кај Jeep® Compass се издвојува со својот дизајн, квалитетни материјали на врвот од гамата и обработка.
Aвтентичен стил Jeep®
На Jeep® Compass 4xe Plug-In Hybrid и седиштата се одликуваат со посебно внимание кон деталите кои се единствени и неповторливи, како шевовите Diesel сива боја во нивото на опременост S.
Повеќе простор на располагање
Новиот Jeep® Compass 4xe Plug-In Hybrid располага со многу пространа внатрешност и зголемен обем, за да гарантира максимална удобност.
На Jeep® Compass 4xe Plug-In Hybrid има уште повеќе простор благодарение на новите простори за предмети зад менувачот, на централниот тунел и под потпирачот на лактот. Внатрешниот простор е повеќе од удвоен и преминува од 2,8 L од претходната гама на дури 7,2 L актуелен капацитет. Идеално за секогаш да се има на дофат се она што е потребно.
Автентични додатоци Jeep® powered by Mopar®
Уреди ја по своја желба внатрешноста на Новиот Jeep® Compass 4xe Plug-In Hybrid со додатоците Mopar®.
Шипки за организирање на просторот, патосници 4xe, торба за предмети.