Нов Jeep® Compass 4xe Plug-In Hybrid
Технолошка еволуција според Jeep® 4xe: еволуција на 4x4
Jeep® Compass 4xe Plug-In Hybrid Limited ги истакнува линиите на новата и ексклузивна табла, од која излегува екранот на новиот интелигентен систем за информирање и забава Uconnect™ од 10,1’’ со екран Ultra HD. И дигиталната инструмент-табла од 10,25“ е комплетно нова и опремена со резолуција Full HD. Во сериска опрема се и алуминиумските тркала од 18”, Затемнетите стакла и Full LED предните светла.
Побарај понудаНа Jeep® Compass 4xe Plug-In Hybrid Limited интелигентниот систем за информирање и забава Uconnect™ е комплетно нов и опремен со екран од 10,1”, со резолуција Ultra HD. Оперативниот систем е најиновативниот од кога и да е и располага со пет пати побрз процесор од претходниот, со едноставна и интуитивна навигација. Секако, може да се персонализира интерфејсот, да се пристапи до саканите аплокации и да се создадат различни кориснички профили. И не само тоа, асистентот за гласовно препознавање”Hey Jeep®” овозможува да се разговара со возилото користејќи гласовно препознавање.
Еволуцијата на Jeep® Compass 4xe Plug-In Hybrid Limited вклучува и инструмент-табла која сега располага со дигитален екран Full HD и во боја i од 10,25″. може да се да се побараат повеќе од 20 информации од содржината и да се создадат 5 различни менија кои може да се персонализираат.
Новиот Jeep® Compass 4xe Plug-In Hybrid е опремено со бројни системи за безбедност и најдобра технологија за поддршка при возење.На пример, адаптивниот темпомат, е во можност да ја одржува одредената брзина и да ја прилагодува спрема возилото кое е однапред
Новите LED предни светла го менуваат ликот на Jeep® Compass 4xe Plug-In Hybrid Limited и, истовремено обезбедуваат максимална видливост за време на возењето. Секако, дневните светла DRL дополнително ги истакнуваат чистите и решителни линии на новата оптичка група.
На новиот Jeep® Compass 4xe Plug-In Нybrid Trailhawk® може да се се доживеаат нови авантури, како на пат, така и надвор од патот благодарение на 5 начини на возење со новиот систем на контрола SELEC-TERRAIN®. Секако, тука се и новите алуминиумски тркала од 17’’, Full LED предни светла кои ја подобруваат видливоста. Тука е и новиот интелигентен систем за информирање и забава Uconnect™ од 10,1” со интегриран NAV којшто гарантира непосреден и интуитивен пристап до комуникациските функции, забавата и навигацијата.
Побарај понудаЛикот на Новиот Jeep® Compass 4xe Plug-In Hybrid Trailhawk е комплетно нов, благодарение на новата Full LED оптичка група. Оваа нова иновативна технологија , освен што се разликува по својот строг дизајн, гарантира совршена видливост, проширувајќи го видното поле и оптимизирајќи ја потрошувачката на енергија.
Новиот систем за информирање и забава Uconnect™ NAV 10,1” од последната генерација гарантира пристап до новите комуникациски функции, забавата и навигацијата. Благодарение на новиот интегриран асистент “Hey Jeep®” може да се да се соедини со интелигентниот систем за информирање и забава користејќи го гласот.
Новиот Jeep® Compass 4xe Plug-In Hybrid Trailhawk® се наметнува со својот стил на каков и да е пат благодарение на дизајнот на алуминиумските тркала од 17”.
Новиот Jeep® Compass 4xe Plug-In Hybrid Trailhawk® овозможува да се избере еден од дури 5-те начини на возење благодарение на иновативниот систем на контрола SELEC-TERRAIN®. Во зависност од условите на теренот по кој се вози, може да се избере помеѓу Auto, Snow, Sand и Mud и ексклузивниот дополнителен начин Rock, кој овозможува да се достигне соодносот на максимална редукција.
Нов Jeep® Compass 4xe Plug-In Hybrid S се збогатува со нови технологии и изработени деталите. На располагање се: новиот интелигентен систем за информирање и забава UconnectTM од 10,1’’, нова дигитална инструмент табла од 10,25″, автоматска задна врата, алуминиумски тркала од 19“, LED предни светла со премиум дизајн и седишта memory, кои се во состојба да се самомоделираат според телото за да гарантираат максимална удобност при возење и се опремени со електрично прилагодување.
Побарај понудаПремиум седишта со електрично прилагодување, со максимум 8 различни позиции и наполнети со memory материјал, композиција која сама се моделира. Седиштата се во состојба да понудат максимална ергономија и совршена удобност за време на возењето. Новиот Jeep® Compass 4xe Plug- In Hybrid S овозможува да се доживее секоја авантура во максимална удобност.
Новиот интелигентен систем за информирање и забава Uconnect™ 10,1’’ е опремен со нов навигатор TomTom™ од последната генерација кој овозможува да се користат интерактивните мапи на три нивоа, да се пристапи до напредни пребарувања со предвидување на текстот, да се добие пресметка за трасата веднаш и да се визуелизираат во реално време состојбата во сообраќајот, autovelox и цените на горивото. Секако, со “Hey Jeep®”, новиот асистент со гласовно препознавање Jeep®, може да се управува со се благодарение на гласовните команди.
Ликот на Новиот Jeep® Compass 4xe Plug-In Hybrid S е комплетно нов, благодарение на новата оптичка група со Full LED предни светла. Оваа нова иновативна технологија, освен што се разликува по својот строг дизајн, гарантира совршена видливост, проширувајќи го видното поле и оптимизирајќи ја потрошувачката на енергија.
Новиот Jeep® Compass 4xe Plug-In Hybrid S е опремен во сериска опрема со нови алуминиумски тркала од 19″. Новите геометрии и обработките во Neutral сива боја го истакнуваат стилот и елеганцијата на ова ниво на опременост.