Continue

Cherokee

Cherokee

ЕФИКАСНОСТ ВО СИТЕ ВРЕМЕНСКИ УСЛОВИ

Новиот, ефикасен 2.0-литарски турбо дизел мотор, со кој е опремен новиот Jeep Cherokee припаѓа на втората генерација на мотори со Multijet технологија, изведен е со четири вентили по цилиндер со две брегасти вратила (DOHC) кои се погонувани со запчест ремен. Опремен со common-rail систем за вбризгување на горивото под притисок од 1600 бари, електромагнетни инјектори за вгризгување на горивото и турбополнач со променлива геометрија (VGT), новиот 2,0-литарски турбо дизел мотор испорачува максимална моќност од 170 КС при 4000 вртежи во минута и вртежен момент од 350 Nm при 1.500 вртежи во минута.

Новиот 2.2L мотор нуди исклучителни потрошувачка на гориво и перформанси. Произведува 200hp на 3500Rpm и испорачува 440Nm вртежен момент 2500Rpm, што го прави еден од најдобрите мотори со четири цилиндри на пазарот. Верзијата со 200hp е достапна со Jeep® Active Drive I и Jeep® Active Drive II. Верзијата со ограничена моќност од 185hp, заедно со 4×4 Jeep® Active Drive I, е исто така достапна. И двете верзии 185 hp и 200hp доаѓаат со 9-брзински автоматски пренос и Start&Stop систем. Потрошувачката и емисиjaта, кај 2.2L Турбо дизел моторот, на одобрен комбиниран циклус се 5.7L/100km и 150g/km соодветно.

Новиот 3.2-литарски Pentastar V-6 е нова генерација на познатиот и докажан 3.6-литарски Pentastar V-6, и ги користи придобивките и истите иновации кои во најголем дел беа лансирани од неговиот претходник- се истакнува со својата ефикасност, моќност и префинетост. Гарантира уникатно искуство во возењето со намалено ниво на бучава, вибрации и звуци (NVH) и одличен баланс на зголемена специфична моќност (84.2 КС /л) со зголемена економичност во потрошувачката од 30 проценти во споредба со претходникот V-6 мотор.

JEEP® ACTIVE 4X4 DRIVE I СИСТЕМ

Jeep Active Drive I поседува единечен централен диференцијал (single power transfer unit PTU) кој делува комплетно автоматски при секоја брзина. Системот нема потреба од возачка интервенција или пак повратна информација и е идеален за оние кои се љубители на SUV возила со интегрален пренос 4×4 кој е лесен за користење. Jeep Active Drive I нуди балансирана дистрибуција на вртежната сила и контрола против прлизгување. 4×4 перформансите резултираат од комплетно варијабилната спојка прикачена на задниот погонски модул. Спојката испорачува вртежна сила во секакви возни услови, вклучувајќи лизгави услови, агресивно стартување и динамично возење. Софистицираните алгоритми му овозможуваат на системот динамичко возење додека истовремено има и интеракција со системот за електронска контрола за стабилноста (ESC) кога се приближува до границата на пролизгување. Задната оска се деконектира само кога е неопходно да се употреби 4×4 системот за подобрување на ефикасноста на потрошувачката на гориво.

JEEP® ACTIVE DRIVE II 4X4 СИСТЕМ

Системот Jeep® Active Drive II 4×4 со низок опсег е одличен за влечење при мали брзини. Исто така има и неутрален режим за рамно влечење назад за приколка.

SELEC-TERRAIN® СИСТЕМ ЗА КОНТРОЛА НА ПРОЛИЗГУВАЊЕ

Сите 4×4 системи кај Jeep Cherokee го содржат реномираниот Selec-Terrain систем против пролизгување со четири режими (пет за Trailhawk моделот, кој го поседува и начинот Rock покрај опциите Auto, Snow, Sport и Sand/Mud). Selec-Terrain му овозможува на возачот, со притискање на само едно копче на Selec-Terrain селекторот да одбере on/off-road  опции кои најдобро ќе одговараат на оптимални перформанси на  било која површина и е дизајниран да го оптимизира 4×4 системот за ненадмината контрола и способност. Selec-Terrain електронски кординира и оптимизира до 12 системи на било кој терен со што обезбедува подобрена контрола на возилото. Тој вклучува: контрола на погонот на возење, електронска контрола на силата на сопирањето, ESC, контрола на преносот, контрола на моторот и Selec-Speed Control (Hill-ascent и Hill-descent Control- за помош при искачување и удолнини).

THE TRAIL RATED® TRAILHAWK®

Cherokee Trailhawk има солиден и моќен изглед. Лимена заштита под школката, можност за кревање на потпирањето за еден инч ( 2.54 см), пневматици за четири сезони, алуминиумски тркала, предна и задна кука. Сите овие карактеристики овозможуваат да се биде Trail Rated® – секогаш подготвен за секакво време и терен.

ЗАДНО ЗАКЛУЧУВАЊЕ НА ТРКАЛА

Со само едно притискање на копче, Trailhawk® може електронски да ги заклучи заедно двете задни тркала за постигнување поголема вртежна сила при мали брзини. Заклучувањето на задниот диференцијал е можно во секој начин на терени на кои се потребни ниски степени на пренос, меѓутоа автоматски ќе се заклучи кога се вози во одредени модалитети, како што е “Rock” за да се зголеми вртежниот момент, до граница која пневматиците можат да ја подржат.

ЗАШТИТА ЗА ПОДВОЗЈЕТО

Trailhawk содржи карактеристична лимена заштита под школката како помош за да се заштитат компонентите на долниот дел при off-road возење.

ИСКЛУЧУВАЊЕ НА ЗАДНА ОСОВИНА

Новиот Jeep® Cherokee е исто така првиот SUV со средна големина чии карактеристични особини се деконекција на задната осовина, која резултира со намалување на губитокот на енергија кога 4×4 способноста не е потребна и ја подобрува ефикасноста на потрошувачката на гориво. Деконекцијата на задната осовина неприметно врши промена помеѓу погонот на две и четири тркала за постојано управување со вртежната сила и нема потреба од инволвирање на возачот.

SELEC-SPEED® КОНТРОЛА

Selec-Speed® контролата нуди помош за возачите при искачување и удолнини. Ги содржи двете Hill Descent Control и Hill Start Assist. Selec-Speed® контролата е достапна само кај Cherokee Trailhawk.

ПАКЕТИ ЗА СТУДЕНО ВРЕМЕ

Загреани седишта во ладен зимски ден претставуваат прекрасен луксуз. Кога ќе ја додадете опремата “Cold Weather Group” на вашиот Jeep® Cherokee, ќе добиете греени предни седишта, греен управувач исто како и бришачи на ветробранското стакло за одмрзнување, далечинско стартување на возилото и патосници за четири сезони. За Trailhawk моделите, следува и комплет прибор за off-road.