Continue

Jeep Compass 4xe PHEV

Еволуција на видот

Jeep Compass 4xe PHEV

Еволуција на видот

Вози го револуционерниот Jeep®

Секоја иднина се раѓа од една револуција. Jeep® одново ја пронаоѓа мобилноста, подобрувајќи ја во секој аспект: на одговорноста, ефикасноста и на перформансите. Новиот Јеер® Compass 4xe Plug-In Hybrid, моќта и одржливоста патуваат заедно.

Најеколошка мобилност

Духот на Jeep® не е променет, моторот е вистинска револуција. Jeep® Compass 4xe Plug-In Hybrid Compass повторно се пронајде за да се соочи со новите предизвици на мобилноста. При комбинирано користење, влијанието врз околината е значително намалено, додека во електричен начин на возење емисиите на CO2 се нула.

Пониско ниво на потрошувачка

Нова генерација на мотори која гарантира најниско ниво на потрошувачка. Во начинот на возење Electric се користи исклучиво батеријата од 11,4 kWh при што може да се поминат до 50 km во автономија, овозможувајќи да се помине најголемиот дел од возењето во град со нула емисии на CO2 и значително намалувајќи ги потрошувачките.

Емоција на хибрид

Новиот Јеер® Compass 4xe Plug-In Hybrid дополнително го подобрува нивото на перформансите, благодарение на 190 или пак 240 КС моќност во комбинирано користење, со забрзување од  0-100 km/h за само 7,5 секунди и максимална брзина од 130 km/h во електричен начин на возење, односно од 200 km/h во хибриден начин на возење.

Автоматски менувач со 6 брзини

Co новиот автоматски менувач со 6 брзини доживувањето при возење е издигнато до највисоките граници. Перформансите ги соединуваат моќноста и едноставноста на користење,  благодарение на комфорот на автоматскиот менувач, кој нуди повеќе од 20 шеми на менување за специфичните услови на патот. Новиот систем на пренос гарантира побрза реакција на менувачот и подобро забрзување. Возењето станува пофлуидно, како во градски услови, така и при возење надвор од град.

Вози ја иднината

Новиот Јеер® Compass 4xe Plug-In Hybrid ти овозможува да избереш еден од трите различни начини на возење: Hybrid кој ги користи и двата мотори, Electric кој го користи само електричниот мотор при што ги сведува на нула емисиите на CO2, и E-Save кој го одржува нивото на полнење на батеријата и ја зголемува ефикасноста на системите за автономно полнење. А, ако сакаш поспортско возење, можеш да сметаш на новиот начин на возење Sport од Selec-Terrain®.

Тивко, доаѓа Compass.

Подготви се повторно да прошеташ низ градот.. До  240 КС моќност и забрзување од  0-100 за 7,5 секунди, за перфектно возење на каков и да е пат. А, при употреба само на електричниот мотор можеш да сметаш на вкупно 50 km автономија, нула штетно влијание врз околината во однос на емисиите и ќе го почувствуваш неверојатното чувство на тишина при движењето.

Термички мотор
1.3 Турбо бензинец

Бензинскиот турбо мотор од 1.3 литри е на располагање со две нивоа на моќност,  со 130 КС или пак 180 КС. Единечно е дарежлив, во комбинација е совршен.

 

Електричен мотор
FCA ZE со 60 КС

Електричниот начин на возење е комплетно нов начин на доживување на возењето. Зачувувањето на околината е обезбедено преку нула издувните емисии на CO2, со автономија до 50 km, потполно нов начин на движење во тишина.

 

 

Слободно изберете

Зад студијата за механиката и техниката на новиот Јеер® Compass 4xe Plug-In Hybrid има една единствена цел: да ти го препушти изборот каде да ги испробаш неговите перформанси. Во град или на терен?

И таму, и таму.

Ви треба информација? Разговарајте со нас