Continue

Новиот Jeep® Wrangler е “4×4 de l’Année 2019” (4х4 на годината за 2019)

03 June 2019

  • Наградата ја доделува жирито составено од читатели и уредници на специјализираното француско списание 4×4 Magazine, кое го издава групацијата Ларивиер.
  • Во 34-те изданија на наградата ‘4×4 на годината’, Wrangler е шестиот модел на Jeep® ad кој го добива ова признание.

Новата генерација на Jeep® Wrangler  – JL – е избран за “4×4 на годината 2019” од жири составено од експерти, читатели и уредници на специјализираното сранциско списание  4×4 Magazine.

Wrangler е шестиот модел на Jeep кој го добива признанието “4×4 на годината” од кога се воспостави оваа награда пред 34 години.

Секоја година од 1985, читателите и експертите на 4×4 Magazine – едно од најзначајните специјализирани списанија на полето на теренски возила во Франција – им предлага на читателите широк круг на возила со погон на четири тркала од призводители од целиот свет. По пат на бодување на различни модели во однос на карактеристиките на возење, жирито ги поставува возилата на исцрпен испит на терен, пред да ја донесе конечната одлука и да го круниса 4×4 на годината.

Во минатото разни модели на Jeep го добија ова престижно признание: Jeep Cherokee XJ (1986), Jeep Cherokee XJ co бензински мотор од 4.0 литри (1989), Jeep Grand Cherokee ZJ (1994), Jeep Wrangler JK (2008) и Jeep Renegade (2015).

Ова е уште едно признание од 4×4 Magazine кое се придодава на долгиот список на интернационални награди кои ги освои иконата Jeep Wrangler. Во Европа, во првите четири месеци од годината, веќе ја доби специјалната награда “Off-Road Award” на полето на “4×4 of the Year” на англиското списание 4×4 Magazine, признанието “Legend Car” на “Best of Moto 2018 Awards” доделени од полскиот специјализиран портал www.moto.pl, титулата “2018 Automotive Première” на “Auto Leader 2018 Awards”, настан организиран од водечките специјализирани списанија Motor и Auto Moto, признанието “Идеален автомобил за патување во двојка” доделено од страна на уредниците на полскиот портал Wirtualna Polska и премијата најдобар новитет на годината во категоријата Premium crossover и SUV на Grand Prix awards на руското списание Za Rulyom.

Ви треба информација? Разговарајте со нас