Continue

Jeep® Grand Cherokee 4xe ја доби наградата 2023 Green 4×4 of the Year

17 November 2022

2023 Jeep® Grand Cherokee 4xe, со 380 КС со комбиниран погон, испорачува 56 MPGe за автономија на возење до 48km со електричен погон, за секојдневно движење без застој

  • Grand Cherokee 4xe е природна еволуција на лидерството на Jeep во сегментот 4×4, и обезбедува нови нивоа на ефикасност, одговорност кон околината, перформанси и капацитети – на и надвор од патиштата
  • Eлектрифицираниот и уште поефикасен погонски систем игра значајна улога во стратешкиот план на Групацијата Стелантис Dare Forward 2030

Иновативниот 2023 Jeep® Grand Cherokee 4xe plug-in хибрид е прогласен за 2023 Green 4×4 of the Year од страна на водечкото индустриско списание Green Car Journal. Наградите беа доделени овој месец на годишниот Саем за автомобили во Сан Антонио.

Електрифицираните и поефикасни погонски системи играат важна улога во стратешкиот план Dare Forward 2030, кој ја обврзува Групацијата Стелантис да го намали сопственото загадување со СО2 емисии на глобално ниво за 50% до 2030 година и да ја води индустријата за производство на транспортни средства до постигнување на нула нето СО2 емисии до 2038 година.

Првиот Grand Cherokee што нуди варијанта на plug-in хибридно возило (PHEV), Grand Cherokee 4xe, означува континуиран раст на мисија за електрификација на марката Jeep, за слобода на нула емисии. Технологијата PHEV на Grand Cherokee 4xe ја подобрува забавата, слободата и авантурата по која е позната марката Jeep, истовремено обезбедувајќи невидени перформанси, економичност на потрошувачката на гориво и еколошка свесност.

„Jeep Grand Cherokee 4xe денес, прави исклучителна работа за да ги задоволи потребите на широк круг на купувачи “, рече Рон Коган, уредник и издавач на Green Car Journal и GreenCarJournal.com. „Неговата титула Green 4×4 of the Year® за 2023 година е заслужена, не само поради неговите значајни теренски капацитети и автономијата за возење со електричен погон до 48 километри, туку и поради софистицираното и уживањето во возењето што го носи во мисијата наречена секојдневен живот“.

Возилото располага со автономија во електричен погон до 48km и до 51km возење низ град, капацитети на 2023 Grand Cherokee 4xe со PHEV систем во комбинација со висока технологија, 2.0-литарски турбомотор со четири цилиндри и два електрични мотори, пакет од високоволтажни батерии и осумстепен TorqueFlite автоматски менувач. Вкупна испорачана моќност на возилото е 380 КС во комбининација со 640Nm максимален вртежен момент и забрзување од 0-100 km/h за 6.3 секунди и максимална влечна тежина од 2.300 kg.

Лидер во сегментот 4×4, Grand Cherokee 4xe стандардно доаѓа преносна кутија со две брзини, низок преносен сооднос на менувачот од 2,72:1, при ниски брзини 47,4:1. Кога е опремен со воздушно потпирање Quadra-Lift, Grand Cherokee 4xe обезбедува до 10,9“ (27,5 cm) растојание од тлото и 24“ (61 cm) можност за поминување низ вода.

Прикажаниот модел и техничките податоци за 2023 Jeep® Grand Cherokee 4xe се однесуваат за пазарот на Северна Америка, кој во моментот на објавувањето на текстот не е достапен за продажба во Европа.

Ви треба информација? Разговарајте со нас