Continue

Повеќе забава, повеќе слобода, повеќе Avenger: Еве го новиот Jeep® Avenger 4xe

01 March 2024

  • Jeep® го открива новиот Avenger 4xe со иновативната хибридна технологија
  • Благодарение на системот за комбиниран интегрален погон во комбинација со терхнологијата Mild Hybrid со 48V, Jeep Avenger 4xe го достигнува максималниот израз на легендарните способности на марката Jeep, нудејќи изобилство од забава и подарувајќи слобода за соочување со најразлични терени.
  • Новиот Jeep Avenger 4xe, како верзија со преден погон, ја поседува суштественоста на марката Jeep: тој е компактен, вистински учесник во сегментот B-SUV.
  • Амбициозно возило на кое се испреплетуваат современоста и традицијата, благодарение на технологиите кои обезбедуваат перформанси на повисоко ниво, притоа водејќи сметка за заштита на околината.
  • Нарачките за Jeep Avenger 4xe ќе бидат отворени до крајот на 2024 година.

Торино, 26 февруари 2024 – Jeep®, кој авантурата и иновациите ги направи свој заштитен знак, по огромниот успех што го постигна со 100% електричната верзија, со гордост го претставува најновото дополнување на гамата на Avenger: новиот Jeep Avenger 4xe. Решен да ги надмине своите граници во однос на перформансите и нивото на електрификација, Jeep го претставува Новиот Avenger 4xe, квинтесенција на најавтентичното наследство на најпознатиот производител на SUV на глобално ниво.

Срцето што чука на новиот  Jeep Avenger 4xe лежи во иновативната хибридна технологија 4xe. Револуционерен систем којшто нуди многу повеќе од едно едноставно намалување на емисиите: гарантира возбудливо возачко искуство на сите терени.

Ерик Лафорж, директорот на марката Jeep за Европа, изјави: “Новиот Jeep Avenger 4xe претставува пресвртна точка за марката. Последната верзија на нашиот успешен модел ги комбинира компактноста и разноврсноста на Avenger со перформансите добиени од системот за интегрален погон. Резултатот е подинамично искуство во возењето, вистински неспоредливо. Новиот Jeep Avenger 4xe ја комплетира понудата на Jeep за SUV со интегрален погон во сите сегменти”.

Понесувајќи ги кон нови дострели легендарните способности на Jeep Avenger, варијантата 4xe располага со значајно надградување на системот за интегрален погон. Исползувајќи ја моќта на електрификацијата, новиот Jeep Avenger 4xe нуди погон и перформанси на кои им нема рамни. Возилото располага со термички мотор од 136 КС (100 Kw) со два електрични мотори, секој од 21 kW, во состојба да ги придвижуваат двете оски и да произведат максимален вртежен момент од 1.900 Nm, испорачан до задните тркала. Благодарение на технологијата “power looping”, новиот Jeep Avenger 4xe гарантира расположливост на интегрален погон, независно од состојбата на полнење на батеријата, нудејќи искуство на слеано и безбедно возење и на најтешките терени.

Системот Mild Hybrid со 48V на новиот Avenger овозможува возење во 100% електричен начин при ниски брзини, благодарение на комбинацијата на автоматски менувач со двојна спојка e-DCS6 со 6 брзини и интегриран електричен мотор.

Гамата на Avenger сведочи за желбата на Jeep да им понуди на корисниците максимална слобода на избор, охрабрувајќи ги  да се решат за електрифицирани возила на полесен начин, притоа гарантирајќи дека секое патување ќе биде совршено. Нудејќи широк избор на погонски единици, два менувачи (автоматски и мануелен) и двa погони (преден и на сите тркала), Avenger се прилагодува на потребите и желбите на секој возач. Клиентите ќе можат да го персонализираат својот Avenger и притоа да ги задржат вредностите на марката недопрени и да најдат одговори на нивните потреби за возење, без разлика дали ќе ја изберат напредната технологија BEV, електрифицираниот систем 48V Mild Hybrid или традиционалната бензинска верзија.

Комбинацијата на технологијата Mild Hybrid со 48V со системот за погон на сите тркала ја искажува намерата на марката Jeep да понуди одржливо искуство во возењето 4×4, а истовремено да остане инклузивно и пристапно за европските клиенти. Jeep отсекогаш се стремел кон оваа цел, поради што ја проширува сопствената гама на возила 4×4 за да одговори на потребите на секој клиент. Одговорот на марката Jeep, поддржан од стратегијата за електрификација која го одразува светот кој се повеќе се развива кон еколошка одржливост, е широка и разновидна понуда на возила, најкомплетна досега.

Ентузијазмот расте, а нарачките за Jeep Avenger 4xe ќе се отворат до крајот на 2024 година. Наменет за вистинските авантуристи, за низ град и надвор од него, Jeep Avenger 4xe е спремен да воспостави нови граници на ниво на перформанси и одржливост.

Ви треба информација? Разговарајте со нас