Continue

Новиот Јеер® Wrangler 4xe: најдоброто од 4×4 станува електричен за да оди каде и да е

09 September 2021

Секој врв е достижен, секое ограничување е надминливо. Накусо, ова е главната карактеристика на марката Jeep® што ви овозможува да ја надминете секоја пречка благодарение на врвните технолошки решенија. И тука лежи вистинската сила на марката што одбележува 80 години успеси, сознанија и иновации кои ја направија нејзината гама на теренски возила најнаградувана досега. И сега, техничката еволуција на Jeep® продолжува со моделите 4xe, прво Renegade и Compass, а сега Wrangler, со кои сака да ги истражи новите „територии“ на мобилноста на иднината.

Стандарден носител на новиот курс на Jeep® може да биде само новиот plug-in hybrid Wrangler 4xe, електрифицираната верзија на иконата на Jeep® со најголема способност од кога и да е, а која се продавала во Европа, како и најмоќна, најефикасна, најодржлива и технички најнапредна досега.

И ако во 1941 година легендарниот Willys MA/MB го донесе на светот концептот за погон 4×4 и идејата дека со секој терен може да се справи со вистинското возило, Wrangler ја  презеде својата улога во создавањето на  историјата на марката од нејзиното создавање, со отелотворување на неговите вредности кои постојано се развиваат – пред сè слободата.

Во 2021 година, новиот Wrangler 4xe дополнително го зајакнува концептот на слобода со тоа што им овозможува на клиентите вистински да одат насекаде, дури и во центарот на градот. Природен наследник на првиот Јеер, Wrangler 4xe го содржи најдоброто од 4×4 и најдоброто од електричните возила, за да ја зајакне својата иконска улога во гамата и да направи уште еден чекор на патот на марката кон свесна и одржлива иднина. Со демонстрирање како теренот може да биде еколошки, емоциите можат да бидат ефикасни, електричното возење може да биде забавно

За моделот накратко

Се издвојува по надворешните детали „Electric Blue“, новиот Wrangler 4xe е резултат на вешта рамнотежа помеѓу најнапредната технологија и најслободниот и најавтентичен дух на марката. Всушност, целосно ги задоволува ентузијастите за возење по терени, а благодарение на електрификацијата што ја зголемува неговата способност во исто време е идеално решение за оние што сакаат своето SUV возило да го користат секој ден и не сакаат да прават компромис со избирање помеѓу слобода, забава или почит кон околината.

Резултатот е 100% незапирлив Wrangler според традицијата на Jeep, но со невидена карактеристика: тој е и најеколошкиот и најквалификуваниот Wrangler за теренски авантури, на што се придодава целосно задоволство од возење на отворено што отсекогаш го издвојувало возењето на иконата на Јеер. И перформансите имаат апсолутно значење: забрзува од 0 до 100 км/ч за само 6,4 секунди и испорачува до 380 КС комбинирана максимална моќност и вртежен момент од 637 Nm. Инаку, неговиот погон 4х4 во начинот „pure electric“, со досега невидена контрола при ниски вртежи, располага со автономија за да помине 50 км (во градскиот циклус WLTP) и возење со нула емисија на штетни гасови, колку што е доволно за секојдневна употреба во градот и време за целосно полнење еднакво на помалку од 3 часа со можност за негово програмирање, и благодарение на функцијата за максимална регенерација Max Regen, да се дополни батеријата кога продолжувате да возите во лер.

Wrangler 4xe plug-in hybrid е опремен со два електрични мотогенератори, пакет високонапонски батерии, high-tech  2.0 литарски турбо бензински мотор и докажан осумстепен автоматски менувач TorqueFlite. Покрај тоа, моменталната достапност на вртежен момент и најдобрите перформанси се загарантирани од комбинацијата на турбо-бензинскиот и електричниот мотор, што го прави Wrangler 4xe plug-in hybrid неприкосновен „крал на теренските патишта“ и незапирлив на патиштата. И токму тука, благодарение на технологијата 4xe, новиот Wrangler 4xe plug-in hybrid може да патува со погон на четири тркала во 100% електричен режим, гарантирајќи референтни теренски  перформанси во целосна безбедност и задоволство да го слушате „звукот“ на природата.

Сето ова е обезбедено и надополнето со неспоредливата техничка опрема  Trail Rated со која во зависност од нивото на опременост, вклучува два напредни системи за погон на четири тркала full time active on demand – Selec-Trac или Rock-Trac, со оските Dana next-generation, електричните блокирања на предниот и задниот Tru-Lock диференцијали, Trac-Lok диференцијалот со ограничено лизгање и електрично исклучување на предниот  стабилизатор. И да не зборуваме дека технологијата 4xe, покрај тоа што го прави одржливо и ефикасно теренско возило (со потрошувачка од околу 3,5 литри / 100 километри во хибриден режим и емисија на CO2 намалена за околу 70% во споредба со бензинската верзија во Циклус WLTP), обезбедува лесно и исклучително забавно возачко доживување.

И полнењето на новиот Јеер Wrangler 4xe е едноставно и интуитивно, благодарение на специфичните станици за полнење со easyWallbox – за помалку од три часа со 7,4 kWh.

Лесен за возење, лесен за одбирање.

Гамата на новиот Wrangler 4xe plug-in hybrid е изразена преку три нивоа на опременост – Sahara 4xe, Rubicon 4xe и, само за оваа година, ексклузивното славеничко издание “80° Anniversario” 4xe, два системи на погон и специфични тракала од 17” и од 18”. Инаку, во линија со ставот за персонализација која отсекогаш го издвојувала Wrangler-от, има на расплагање десет бои на каросеријата: црна, Bright бела, Firecracker црвена, Crystal гранитна металик, Hella жолта, Billet сребрена металик, Sting-сива и, за прв пат во гамата, новите Hydro сина, Snazzberry бордо и Sarge зелена. Сите решенија за хромирани детали во бројни конфигурации – soft tophard toppower soft top и dual top  за неспоредливо возење под отворено небо, целосно во стилот на Wrangler.

Стандардната опрема вклучува 8,4″ UconnectTM NAV систем со екран на допир, целосна конекција благодарение на интеграцијата на мобилните телефони со Apple CarPlay и Android Auto и секако тука се Uconnect Services (со кои ќе биде можно да се следат параметрите на вашиот Wrangler 4xe преку My Uconnect апликација), новиот 7-инчен екран на допир, специфичен за верзиите 4xe со информации за нивото на полнење и на батеријата и преостанатата автономија (во електричен и хибриден режим) и аудио-системот Alpine со девет звучници со 552W и сабвуфер. И на безбедносен план, новиот Wrangler 4xe ги има најнапредните достапни системи ADAS. Стандардната опрема опфаќа

Blind-spot Monitoring (Прегледност при слеп агол) со Rear Cross Path Detection (Откривање на препреки одзади), задна телекамера, електронска контрола на стабилноста (ESC) co системот за заштита од превртување ERM (Electronic Roll Mitigation), Рark assist – Асистенција при паркирање нанапред и наназад и ситемот Keyless Enter ‘N Go™ кој овозможува да се затвори и да се отвори автомобилот, да се стартува и да се згасне моторот без употреба на клучевите. По барање, на располлагање се и Adaptive Cruise Control (Адаптивен темпомат), Forward Collision Warning Plus (Предупредување за фронтален судир), и новата предна камера (во серија на нивото на опременост Rubicon).

Персонализацијата е уште еден значаен аспект на новиот Wrangler 4xe и, благодарение на Mopar®, клиентите ќе можат да одберат помеѓу 100-те додатоци кои се на располагање за да ја надополнат функционалноста на возилото со што ја прошируваат понудата за дополнително подобрување на cпособноста на иконата Jeep.

Ви треба информација? Разговарајте со нас