Continue

Карабинерите го регрутираа Jeep® Grand Cherokee

02 November 2018

Jeep® Grand Cherokee “ја облече”униформата на Карабинерите и стана дел од антитерористичките единици. Со нејзината класична сина, полициска боја се издвојуваат 19-те возила Jeep кои ја сочинуваат специјалната флота и се опремени со мотор 3.0 V6 CRD со 190 КC, со автоматски менувачсо  8 брзини и електронска контрола на интегралниот погон.

Неодоливите Jeep Grand Cherokee на Карабинерите беа подложени на специјален процес на блиндирање, на одделни делови од возилото (предното стакло, страничните стакла, пневматиците и каросеријата), и истовремено се изврши појачување на суспензиите, за да се гарантира држењето на пат. Крајниот резултат е тактичко возило кое е во можност да обезбеди максимална сигурност на припадниците на единицата и да понуди огромна механичка доверливост, за да се соочи со каква и да е мисија.

На овие специјални возила SUV Jeep дебитираат трепкачите во сина боја со LED на задната врата, сместени од страните на регистарската таблчичка, додека во внатреношста се сместени најнапредните технолошки системи на Полицијата, како што е системот Odino кој се поврзува во рреално време со банките на податоци во полициската архива, сообраќајната полиција и осигурителните компании, и функционира на таблет со андроид систем, со екран од 7” поставен на лизгачки шини сместени на инструмент таблата.

Првиот од 19-те примероци беше испорачан пред неколку денови, во Рим, а до крајот на годинава секој од предвидените Grand Cherokee ќе влезат во служба низ Италија, засилувајќи ја на тој начин историската соработка помеѓу Групацијата FCA и Карабинерите, започната во периодот после Втората светска војна, кога сите “газели” на полицијата (се мисли на автомобилите кои ги користи полицијата) беа од марката Alfa Romeo, на кои им се придружија возилата SUV Jeep во боите на Benemerita (полицијата) со моделите Renegade и Wrangler, сите истакнати со легендарните off-road одлики на американската марка.

Ви треба информација? Разговарајте со нас