Continue

После Продажба

После Продажба

MOPAR®

Mopar® е сектор во групацијата Fiat Group Automobiles кој се грижи за набавка и испорака на оригинални резервни делови, дополнителна опрема и сите услуги кои се посветени на одржување и сервисирање на автомобилите од Fiat S.p.A и Chrysler Group LLC. Задачата на Mopar® е да им обезбеди на купувачите на Jeep® одлично искуство од сопственото возило за време на целото негово користење, ставајќи им на располагање целата know-how и лидерската позиција во секторот на послепродажба. Mopar® се грижи за вашето возило од моментот кога ке излезе од продажниот салон, гарантирајќи му на купувачот асистенција на највисоко ниво која произлегува од авангардната технологија, иновативни производи, оригинални и квалитетни.

  Посети ја интернет страницата

ОРИГИНАЛНИ РЕЗЕРВНИ ДЕЛОВИ

Единствено оној кој навистина го познава секој детал и компонента на автомобилот е способен и подготвен целосно да се грижи за него. За таа цел оригиналните резервни делови на Mopar® се осмислени и дизајнирани да ги сочуваат своите карактеристики за доверба и комфор и перформанси на возилото кое само што излегло од производствените линии."

  детали

ДОПОЛНИТЕЛНА ОПРЕМА

Mopar® им нуди на своите клиенти богат асортиман на дополнителна опрема, која секојдневно се надополнува и збогатува и е создадена по мерка на возилата Jeep®. Производите кои се наоѓаат во каталогот се уникатни затоа што се дизајнирани во директна соработка со платформата за проектирање на автомобилот за кои се наменети: многу малку производители од послепродажба се способни да гарантираат беспрекорен квалитетот. Американската марка на автомобили која е светски препознатлива по решетката со седум отвори се истакнува со своите многубројни можности и комбинации на персонализација. Особено, специјалните серии кои произлегуваат од основата на Wrangler, се целосно ""украсени"" со дополнителна опрема од Mopar: доволно е само да помислите на Wrangler Mountain, на пример. Постои исто така и линија на оригинална дополнителна опрема која вклучува хромирана или лакирана маска во пастелни бои, маската на ретровизорите, капачето на резервоарот или носачот на резервното тркало со логото на Jeep® и многу друга дополнителна опрема. Кај Grand Cherokee S Limited Mopar® го даде својот допирнос: издувната цевка и екстракторот на браникот назад се дел од дополнителната опрема на Mopar®. "

  детали

ПЕРИОДИЧНО СЕРВИСИРАЊЕ И ОДРЖУВАЊЕ

Секое возило има потреба од периодично сервисирање и одржување. Fiat Group подготви за секој модел/верзија на возило од сопствено производство Програмиран План за периодично сервисирање и одржување неопходен за сочувување на условите на функционирање и на ефикасноста. Препораките кои се дел од Програмиран План за периодично сервисирање и одржување гарантираат оптимизирање на перформансите на возилото и неговата потрошувачката, во целиот негов живот како и почитување на стандарите за емисија на штетни гасови предвидени со законот. "

  детали

ГАРАНЦИЈА

Гаранција на возилото При купување на твоето ново возило е вклучена и Гаранција од 24 месеци од датумот на испорака и неограничен број на изминати километри. Гаранција на твоето возило покрива неисправности во фабричко производство кои се решаваат бесплатно со вградување на оригинални резервни делови потпишани од Mopar. Интервенциите покриени со гаранција извршени од Rete Assistenziale Jeep® се состојат во: - поправка или замена - работна рака за услугата на замена или поправка - потрошувачки материјали потребни за извршување на поправката во рамки на гаранцијата Гаранција на боја Твоето возило поседува гаранција на боја во период од 24 месеци од датумот на испорака. Гаранцијата се состои во целосно и парцијално боење на возилото за елиминирање неисправноста препозната во Стандардните услови на Производителот. Гаранција заштита од корозија Оваа гаранција покрива трошоци за сите резервни делови како и работна рака потребна за поправка или замена на било кој метален елемент кој е оштетен од перфорација која се должи на корозија. Ако перфорацијата не се должи на корозијата, во тој случај гаранцијата не се применува. На оваа гаранција се применуваат и две временски рамки, од датумот на испорака на возилото: за надворешни делови видливи на каросеријата временската рамка на покриеност со гаранција е 7 години, со неограничен број на изминати километри за останатите, гарантниот рок изнесува 24 месеци со неограничен број на изминати километри.

  Посети ја интернет страницата

MYAUTO КЛУБ НА СОПСТВЕНИЦИ

Аутомобиле СК ви го претставува клубот на сопственици на FIAT патнички возила MyAUTO. Зачленете се во MyAUTO и заштедете до 35% на оригиналните резервни делови и на сервисните услуги. Како член/ка на ексклузивниот клуб MyAUTO во текот на годината ќе добиете попусти, промоции и многу повеќе! Искористете ја и можноста редовно да бидете информирани за сите новости од светот на FIAT.

  Дознај повеќе

ЗАЧЛЕНУВАЊЕ ВО КЛУБОТ MYAUTO

Како да се зачлените? Едноставно. Со пополнување на формуларот или со пополнување на формулар во некој од овластените сервиси на FIAT. Не двоумете се. Членството е бесплатно а носи многу бенефиции. Општи услови и правила на Клубот на сопственици MyAUTO Често поставувани прашања и одговори

Ви треба информација? Разговарајте со нас