Continue

Награда за креативност “Creativity Award” за штандот на Jeep® на саемот за автомобили во Женева

19 March 2018

Штандот на Jeep® ја доби наградата за креативност најдобар изложбен простор” на швајцарскиот подиумПосебно беа вреднувани широката гама на упортебени материјали, сугестивната визуелна анимација и совршениот спој на дивата природа и најпрефинетите градски средини

Марката Jeep® ја освои титулата за “најдобар изложбен простор” на Саемот во Женева 2018, една од најпознатите сцени на која се најдоа најпознатите светски брендови на која Jeep® се претстави со спектакуларен reveal, две деби во регионот на EMEA: новиот Jeep®  Wrangler,четврта генерација на американската икона и новиот Cherokee 2019, еволуција на возилата SUV кои ја испишаа историјата во категоријата.

Јавноста уживаше на штандот на Jeep којшто во однос на претходните изданија се претстави во комплетно ново руво и на удвоена површина. Токму неговата импозантна сценографијаго освои жирито на Клубот за реклама и комуникација во Женева (CPG) којшто, од 2004, секоја година ја доделува престижната награда “Creativity Award” два дена по посетата на штандовите на саемот и по внимателно проценување според различните параметри на оценување.

Експертите беа одушевени од силниот сценографски спој на штандот на Jeep кој ја истакна двојната суштина својствена за американската марка. Од една страна јавноста е освоена преку широката употреба на природни материјали, меѓу кои дрвото, и сугестивните слики, проектирани на големите екрани: каде на сцена стапува авантуристичкиот дух и способностите off-road на моделите на Jeep. Еден “див” амбиент во кој идеално се вклопува градскиот изглед – украсен со каменести структури и црна сјајна површина – каде свое место наоѓаат најпрефинетите и најексклузивни модели. Двете зони ги спојува дијагонална стаклена патека, поставена на средина со вградени LED светла. Шарм, кој никако не ги заборава корените на марката, како што е прикажано преку неодоливиот изложен  Willys-Overland MB од 1941, којшто универзално е признат како прво возило Jeep од кој е создадена легендата за американската марка.

Наградениот штанд со “Creativity Award 2018” ги претстави важните новитети на Jeep: од Grand Cherokee Trackhawk, најмоќниот SUV Jeep воопшто конструиран, до новата специјална серија на Jeep Compass “Night Eagle”, заедно со последните новитети во гамата Renegade и Grand Cherokee, како и четирите примерока на Jeep опремени by Mopar®, меѓу кои и новиот Wrangler Sahara со 5 врати со нова персонализација која дополнително ги истакнува теренските перформанси на возилото.

Погледнете ја виртуелната тура на наградениот штанд: https://www.jeep.ch/fr/tour-virtuel-du-stand.

Ви треба информација? Разговарајте со нас