Continue

Jeep® Wrangler ја освои “Za Rulyom Grand Prix” 2019

09 April 2019

Новата генерација на иконата Wranglerго доби признанието за најдобар новитет во категоријата Premium crossover и SUV

Читателите на списанието Za Rulyom (На волан), едно од најславните автомобилски руски списанија, го крунисаа Jeep Wrangler со титулата победник во категоријата Premium Crossover и SUV во рамките на “Grand Prix”, конкурс кој ги наградува најдобрите новитети во секторот на автомобилите во 2018. Вкупно 53 автомобили скоро воведени на пазарот во Русија (поделени во 12 категории) учествуваа на предизвикот да го освојат признанието за најдобар новитет на годината.

Гласањето на “Za Rulyom Grand Prix” 2019 се одржа од 1-ви декември 2018 до 28 февруари 2019. Во овие месеци, жирито имаше навистина тешка задача, односно читателите на списанието Za Rulyom и на страницата ZR.ru, изјавија кои од автомобилите меѓу оние кои добија номинација, ја заслужуваат титулата најдобар новитет на годината и во рамките на трофејот ‘Златен Пегаз’.

Според, повеќе од 25.000 читатели кои учествуваа во гласањето, најдобриот новитет кој влезе во категоријата Premium crossover и SUV е токму Jeep Wrangler. Преку онлајн гласање, автомобилот Wrangler е избран врз база на три критериуми: опрема, дизајн и практичност.

Ви треба информација? Разговарајте со нас