Continue

Според полскиот портал Wirtualna Polska, Jeep® Wrangler е “најидеалниот автомобил за долго патување во пар”

09 April 2019

  • Уредниците на автомобилската секција на веб порталот Wirtualna Polska, кој ги опфаќа и автомобилските веб страници WP Moto и WP Autokult, ги изгласаа најдобрите автомобили воведени на полскиот пазар во текот на изминатата година.
  • Иконата Jeep® Wrangler триуфираше во категоријата “Идеален автомобил за долго патување во пар”.
  • Ова признание се придодава на долгиот список на интернационални награди кои ги доби Jeep Wrangler и претставува признание број три добиено во Полска во првите три месеци од годината.

Жири составено од уредници на популарниот полски веб портал Wirtualna Polska ги избра трите најдобри автомобили помеѓу моделите лансирани во текот на изминатата година. Во ексклузивната група на победници спаѓа и Jeep® Wrangler, којшто триумфираше во категоријата “Идеален автомобил за долго патување во пар”.

Co 4 милиони корисници во текот на еден месец, веб страниците WP Moto и WP Autokult на порталот  Wirtualna Polska, претставуваат најголем онлајн портал во Полска, посветен на светот на автомобилите. Експертите од порталот и главниот уредник Мариуш Смисловски го прогласија новиот Jeep Wrangler за идеален автомобил за “долго патување во пар”.

Во потрагата по идеален автомобил во оваа категорија, редакцијата беше главно сконцентрирана на емоциите кои се доживуваат на долго патување со автомобил, кои се единствени. Во таа насока, жирито ги имаше предвид функционалните карактеристики и понудата на перформанси на автомобилите кандидати за освојување на признанието, шампионот кој опфаќа простор од спортските француски купеа до компактните јапонски автомобили, од британските корисни до американските SUV возила.

Признанието на Wirtualna Polska е уште едно кое се придодава на долгиот список на интернационални награди кои ги доби новата генерација на иконата на Jeep. Само во Полска, на пример, ја доби наградата “Legend Car” во рамките на Best of Moto 2018 Awards, награди кои ги доделува специјализираниот полски портал www.moto.pl и титулата “2018 Automotive Première” како дел од наградите Auto Leader 2018 Awards, настан кој го организираше неделникот Motor и месечното списание Auto Moto.

 

Ви треба информација? Разговарајте со нас