Continue

Renegade 4xe: успешна plug-in еволуција и на првиот SUV од Jeep® „Made in Italy“

04 October 2021

  • Renegade е првото SUV возило од Jeep®, заедно co Compass, со карактеристичното лого 4xe кое го претставува залагањето на марката кон одржлива мобилност.
  • На една година од лансирањето, Jeep Renegade 4xe го потврдува вреднувањето на термичките верзии кои му претходеа: околу 6.000 примероци новорегистрирани во Италија и водство во сегментот во 2021, co 4.000 продадени возила.
  • Пазарот ја наградува техничката способност која ги спојува нула емисиите во full electric и легендарните капацитети на марката.
  • Успех на триколорите: Renegade е првиот SUV од Jeep произведен во Италија, во Мелфи во повеќе од 1.000.000 примероци.

Појавата на Jeep® Renegade 4xe, SUV возилото Made in Italy, опремено со plug in хибридна технологија, претставуваше појдовна точка на еволутивниот пат на Jeep кој, преку електрификацијата на гамата на лидерот му придодава и софистицирани технологии, а притоа ги задржува историските вредности за авантура, автентичност, слобода и страственост. Една година од лансирањето, Renegade 4xe го потврдува целосниот успех на моделот, co околу 6.000 новорегистрирани возила во Италија и водство во сегментот во 2021, co 4.000 продадени возила.

Произведен во Италија, во фабриката во Мелфи, во повеќе од 1.000.000 примероци, од кои прекуe 210.000 примероци во Италија, најдобро продавано возило во неговата категорија.

Успехот кај купувачите се должи на неговите единствени карактеристики: а, благодарение на plug-in хибридната технологија, моделите на Jeep 4xe се и SUV возила Jeep со најдобри перформанси и, како и секогаш, најзабавни за возење, кои се способни, буквално, „да одат каде и да е и да направат што и да е”, како што се вели во мотото „Go Anywhere, Do Anything”. Истовремено тоа се идеални возила за секојдневно возење низ град, благодарение на plug-in хибридната технологија која овозможува да се патува со нула емисии и со автономија од околу 50 km во нач  инот на возење full-electric. Зад воланот на Jeep Renegade, секогаш, забавата станува посебна, а легендарната off road способност на Jeep ја изразува рамнотежата помеѓу уживањето во возењето и почитувањето на околината.

Jeep Renegade 4xe комбинира еден турбобензински мотор од 1,3 литри со електричен мотор, сместен на задната осовина и напојуван од батерија од 11,4 kWh која се полни во текот на движењето или со надворешен полнач: дома, во штекер со помош на ексклузивниот приклучок easyWallbox или пак со напредниот Connected Wallbox, или пак од јавна станица за полнење. Самостојно, ефикасниот трубомотор од 1,3 литри испорачува две нивоа на моќност, едното од 130 КС, другото од 180 КС на кои се придодаваат 60-те КС кои ги испорачува електричниот мотор, за да се добијат вкупно  190 КС  или 240 КС. Во однос на максималниот вртежен момент, електричниот мотор произведува 250 Nm, а термичкиот 270 Nm. Благодарение на комбинацијата на моторот со внатрешно согорување и електричниот мотор, Renegade 4xe обезбедува исклучителни перформанси и задоволство при возење: забрзување од 0 до 100 km/h за околу 7,5 секунди и максимална брзина еднаква на 130 km/h во електричен начин на возење, сè до 200 km/h во хибриден начин. Одговорот е моментен и со слеаното испорачување на силина гарантираат максимално задоволство при возење.

Ви треба информација? Разговарајте со нас