Continue

Марката  Jeep® во рамките на  57-то Easter Jeep® Safari™ во Јута открива серија на нови концепти

06 April 2023

·           Извонредна серија на концепти ќе се упати кон Моаб, во Јута, за да биде дел од 57-то издание на Велигденското сафари Easter Jeep® Safari™, на програмата од 1-ви до 9-ти април.

·           Седумте концепти Jeep единствени во својот тип, ги доведуваат теренците на едно повисоко ниво, истакнувајќи дека нема ништо подобро од легендарните 4×4 способности на Jeep.

·           Мисијата на марката Jeep “Zero Emission Freedom” – “Слобода со нула емисии” – стапува на сцена со четири нови електрични концепти, меѓу кои и новото издание на Jeep Wrangler, Magneto 3.0.

·           Сите концепти се опремени со серија нови напредни мотори и содржат посовремени компоненти и најравиена технологија.

30 март 2023, Оборн Хилс, МичигенКомплетно нова колекција на возбудувачки концепти, ефикасни и перформантни, ќе биде претставена и ќе се вози на терен за време на 57-то издание на Велигденското сафари – Easter Jeep® Safari™ од 1-ви до 9-ти април 2023 во Моаб, Јута, куќата на марката Jeep®.

Електричната моќ и исклучителните перформанси ќе бидат протагонисти на Велигденското сафари оваа година. Тимовите за дизајн на марката Jeep и на Jeep Performance Parts (JPP) by Mopar – одделот за делови за Јеер на Мопар, создадоа различни SUV-возила, единствени во нивниот тип, кои можат да се искачуваат по карпи и да се соочат со каков и да е терен, кои ќе ги одведат теренците на едно повисоко ниво, истакнувајќи така дека нема ништо подобро од легендарните 4×4 способности на Jeep.

Изјава на Џим Морисон, постар потпретседател во управата на марката Jeep® за Северна Америка

“Секоја година, повеќе од 20.000 вљубеници во Jeep се сретнуваат во Моаб, во Јута, во рамките на Велигденското сафари на Јеер, за да возат по најекстремни услови на кои нашите инженери ги испрoбуваат способностите на нашите возила Jeep” изјави Џим Морисон, постар потпрретседател во управата на марката Jeep за Северна Америка. “Ова е идеалното место за седумте нови концепти на Jeep, затоа што со вакви вљубеници во марката, можеме дополнително да ги поместиме границите и да добиеме одговор за насоката, по која марката Jeep би требало да се движи во иднина”.

Оваа година, седумте концепти означени со Jeep и JPP единствени во нивниот тип, се опремени со  мотори од последната генерација. По големо барање, се враќа Jeep Wrangler Magneto, првиот електричен концепт со батерија (BEV) на марката Jeep. Оваа трета, моќна генерација на моќниот и перформантен концепт SUV Jeep Wrangler, Jeep Wrangler Magneto 3.0, сведочи, заедно со останатите три концепти Jeep 4xe, за залагањето на марката во оставрувањето на мисијата “Слобода со нула емисии” и на лидерството во секторот 4×4. Секој концепт предвидува производство и прототип JPP на Мопар, развиен со строги специфики, водејќи сметка за легендарните 4х4 капацитети.

Изјава на Марк Босанак, постар потпретседател за асистенција, резервни делови и услуга на клиенти во Мопар за Северна Америка

“Нашата годишна средба во Моаб нѝ овозможува да ја претставиме најновата селекција на Jeep Performance Parts (JPP) – перформантни делови за Јеер – на Мопар”, потврди Марк Босанак, постар потпретседател за асистенција, резервни делови и услуга на клиенти во Мопар за Северна Америка. “За разлика од останатите понуди во постпродажбата, нашата понуда на Jeep Performance Parts се состои од официјално проверени и одобрени делови, креирани и  проектирани токму за да се соочат со најтешките терени на светот”. 

Еве ги останатите концепти, развиени за изданието 2023 на Велигденското сафари на Јеер:

 

Концепт Jeep Wrangler Magneto 3.0

Трет пат во Моаб за овој шампион на терените. Кога започна да го прави концептот за овој Jeep Wrangler Magneto, намерата на проектантскиот тим на Jeep беше да се користи платформата за тестирање, откривање и надминување на границите на електрификацијата 4×4.

Jeep Wrangler Magneto 1.0, за прв пат воведен на пазарот во 2021, беше апсолутно перформантен, тивок, брз BEV, создаден за да се соочи со карпести патеки. Инженерите и проектантите на марката Jeep создадоа возило со нула емисии со способности на Jeep 4×4, којшто понуди нови нивоа на ефикасност, одржливост и екстремни перформанси на пат и на терен.

 

Инспириран од Jeep Wrangler Rubicon 2020 со две врати, Jeep Magneto користи електричен мотор со димензии за дотокот на моќност на оската до 6.000 вртежи/минута, на кој се надоврзува рачен менувач со шест брзини за максимална контрола. Моторот, прилично компактен, отпрвин беше поставен да испорачува до 273 lb.ft моќност и 285 КC.

Дебито на концептот Jeep Magneto 2.0 во 2022 ги пренесе перформансите од другата страна на ограничувањата. Амперажата на струјната јачина на моторниот систем е, повеќе од удвоено, 600 ампери. Ова овозможи инстантно да се произведат до 850 либри максимална моќност до тркалата (зголемено повеќе од три пати во однос на претходната верзија на концептот), и 625 КC моќност за соочување со предизвиците на карпести терени.

Новитетите кои оваа година се поставени на Jeep Magneto вклучуваат нов, поефикасен мотор, способен да го зголеми испорачаниот максимален вртежен момент, и ажурирано програмирање кое овозможува 20% повеќе автономија и корисна енергија.

Инаку, концептот Jeep Magneto 3.0 се збогатува и со три функции по избор на возачот кои ги користат предностите на групата комплетно електрични мотори во изискувачки услови на движење по карпест терен:

  1. “Output select” дава начин за бирање помеѓу две поставки на моќност и тоа, стандард: 285 КC/273 lb.ft максимален вртежен момент; струјна јачина: 650 КC моќност /900 lb.ft максимален вртежен момент).
  2. Начин на надоместување на енергија во две фази, кога е деактивиран, овозможува традиционален начин на возење. Штом се активира, предвидува појачано надоместување при кочење, блаодарение на електричниот мотор.
  3. Агресивниот начин “Hill descent” може да биде избран за да овозможи теренско возење “co само еден педал” во најтешките ситуации.

Способностите на овој концепт дополнително се подобрени на предните оски Dynatrac 60 (сооднос 5,38:1), задните оски Dynatrac 80 (сооднос 5,38:1), теренските пневматици beadlock од 20 инчи, пневматици од 40 инчи за калливи терени и комплет за подигање со димензии од 3 инчи (7,6 cm).  

Концептот Jeep Magneto 3.0 изненадува и со пропорциите. Отворањето на вратите, на пример, е променето и повлечено за дополнителни 15 cm, со цел да се олесни пристапот. За поголема пристапност, новата B рамка е поместена наназад за 60 mm во однос на стандардните мерки, така да создава простор за посебно наменета антирол шипка. Предниот калник пак, е повлечен за 5 cm на делот за излез. Предното стакло пак е повлечено за 12 степени за да ја зголеми страничната прегледност, со што дава чувство на класичен “пресечен” покрив, без да се пресретне со предното стакло.

Jeep Magneto 3.0 се појавува со нова боја на каросеријата, во чест на трите еволуции на концептот. Мотивот, светло-бела со морско-сина останува, но, оваа трета верзија добива поживи надворешни детали, како што е додатокот на црвени акценти.

Предните седишта на Jeep Magneto 3.0 се редизајнирани со луксузна збогатена кожа во сина боја со отпечатоци во црвена боја. Задните седишта се извадени, а подот е обложен со патос во морско-сина боја за поголема функционалност и подолго траење.

 

Концепт Jeep Scrambler 392

Оригинално воведен на пазарот во 1981, Jeep Scrambler (CJ-8) е првиот компактен пик-ап на кој се вади покривот на марката Jeep. Со високи перформанси и разноврсен, овој теренец, единствен од неговиот тип беше сличен на CJ-7, но со подолго меѓуоскино растојание од 103 инча (261 cm) и значаен заден превез за зголемување на товарниот простор.

Четири децении подоцна, концептот Jeep Scrambler 392 се базира на забавното потекло на движење на отворено на CJ-8, додавајќи допир на моќност повеќе. Ако со CJ-8 не беше понуден мотор V-8, концептот 392 Scrambler нуди исклучителна моќност и неверојатен вртежен момент благодарение на моторот HEMI® V-8 од 6,4 литри (470 КC и 470 lb.ft максимален вртежен момент).

Концептот Jeep Scrambler 392, создаден како Jeep Wrangler Rubicon со четири врати, побудува чувство на леснотија дури и кога се движи по терен, благодарение на каросеријата со димензии, направена од карбонски влакна. Развојот на автомобилот донесе нова естетика со две врати и карактеристичниот слободен дух и движење на отворено на  Scrambler. Предното стакло е повлечено за 12 степени и е поставено на понизок покрив. Изменетата силуета го мами погледот со hotrod “chopped top”.

Една од највозбудливите карактеристики на концептот Jeep Scrambler 392 е новиот кит на пневматско потпирање AccuAir, развиено за Jeep Wrangler и Gladiator. Овој систем овозможува подигнување на потпирањето од 1,5 инчи (3,8 cm) нa 5,5 инчи (14 cm) и може да се регулира во лет, преку контролната рачка во кабината или преку безжичниот уред co bluetooth на широк досег.

Задниот гумиран панел е проектиран за да го олесни отворањето на вратите, исто како и пошироките задни поткрила. Збогатената каросерија вклучува и нови предни калници и нова хауба од карбонски влакна. Во центарот на хаубата се наоѓа проѕирен инсерт во боја кој го истакнува срцето на концептот Jeep Scrambler 392, односно моќен мотор од 392 кубни инчи (6,4 литри). Лесните предни и задни браници со димензии и новите калници нудат поголем простор, за комбинација со поголеми пневматици и тркала.

Концептот Jeep Scrambler 392 има пневматици од 40 инчи на тркала со димензии од 20 инчи. Тркалата и куките за влечење се обложени во Brass Monkey, истиот лак со кој се премачкува и актуелниот, сериски  Jeep Wrangler Rubicon 392. Надворешноста на  концептот е во светло-зелена боја Sublime, додека пак внатрешноста има седишта со димензии со квадратни инсерти во сина боја со зеленишевови.

Концепт Jeep Cherokee 4xe 1978

Уште едно патување низ спомените води кон реализацијата на концептот Resto-mod од годинава. За прев пат претставен во далечната 1974, Jeep Cherokee (SJ) беше спортската верзија на Wagoneer со две врати, која се одликуваше со седишта во кожа, спортски волан и смели детали, чија цел беше да го привлечат вниманието на најмладите купувачи со авантуристички дух.

Една година подоцна се појави опцијата со пошироко растокание помеѓу тркалата, со подновени клучни карактеристики. Тука секако, спаѓаа страничните надворешни ленти, зголемените пневматици, оски проширени за 3 инчи (7,6 cm), поголеми прдни и задни поткрила, предни и задни оски Dana 44 и внатрешност која се одликуваше со поголем комфор. 

Сето тоа доведе до денешниот концепт. За да му оддаде почит на Jeep Cherokee SJ, единственото возило од таков тип, моќен на пат и надвор од него, проектантскиот тим на Jeep реши одново да го предложи иконскиот SUV full-size на современ начин. 

Концептот Jeep Cherokee 4xe потекнува од Jeep Cherokee од 1978, сега соединет со Jeep Wrangler Rubicon 4xe од 2022. Оригиналниот Jeep Cherokee требаше да го одведе Jeep Cherokee SJ на повисоко ниво на перформанси, филозофија применета на овој концепт. 

Оригиналната каросерија е променета од основа, а надворешните димензии се комбинација на оригиналните пропорции со прекрасна и единствена боја на каросеријата од ’70-ите години. Иако на прв поглед може да се чини сличен на Jeep Cherokee SJ од времето, концептот Jeep Cherokee 4xe ’78 е современ електрифициран теренец.

Под хаубата, Jeep Cherokee 4xe Концепт ’78 се крие групата мотори од Jeep Wrangler 4xe, којашто нуди единствено доживување на пат и на терен, благодарене на комбинацијата на два електрични мотори, пакет батерии со висок напон и еден мотор I-4 turbo од 2,0 литри со висока технологија. На не ае прилагоден автоматски менувач со осум брзини и со редуктор 4:1 за да достави и повеќе од доволна моќност до пневматиците од 37 инчи монтирани на тркала “slotted mag” со димензии од 17 инчи.

Внатрешноста е со димензии на Jeep Cherokee 4xe ’78, со заоблени седишта со низок грбен потпирач и пресвлечени во кожа. Задното седиште како клупа е заменето со безбедносен кафез на четири точки, додека пак во задниот товарен простор е сместено резервното тркало со стандардни димензии, за да се употреби и на терен доколку биде неопходно.

 

Концепт Jeep Wrangler Rubicon 4xe

Јарко-розевата боја на каросерија Tuscadero, како специјално и ограничено издание, дебитираше во 2021 на моделот Jeep Wrangler и наиде на изворедно позитивен прием кај клиентите. Од таа причина, тимот на проектантите на Jeep ја избра за следното ниво на играта, револуционирајќи ја перцепцијата за бојата, за да го направат моделот уште порешителен и поагресивен. Така е создадена новата нијанса на магента-розевата која не поминува незабележано.

И така се појави специјалниот еллектричен концепт Jeep Wrangler Rubicon 4xe, co неговите легендарни теренски способности, страстна палета на бои и моќна платформа за секоја авантура.

Надворешноста на овој концепт на Jeep е во јарко-розева боја со акценти во сјајна црна бојанас предната маска и на рамките на предните светла. Позајмена од новиот модел Jeep Wrangler Rubicon 20th Anniversary, карактеристичната предна решетка со седум отвори ја истакнува графиката на хаубата, персонализирана со печатени нијанси едноподруго, што извонредно  се прилагодува на темата на внатрешноста. 

И токму внатрешноста, исто толку смела, е одраз на агресивниот дух на концептот. Кожните седишта се со нежни детали во јарко-розева боја, кои веднаш се забележуваат под перфорираната површина. Инсертите и сигурносните појаси на седиштата имаат елементи во црна боја со висок сјај, додека металните алки се совршено надополнување на површините на седиштата. Дополнителни истакнати елементи во јарко-розева боја има и на кваките на вратите, држаците за раце, кутијата на менувачот и рачката на редукторот.

Силната страна на внатрешноста е таблата во црна боја, украсена со патент зад кој се крие розев кадифен слој.

Теренските способности се зголемени со додавање на комплет за воздушно потпирање со прилагодлив AccuAir кој обезбедува доволно простор за масивните пневматици од 37 инчи поставени на 17-инчните Borah тркала на American Expedition Vehicles (AEV) во сјајна црна боја. Останати елементи кои се AEV се предните и задни браници, капаците на диференцијалот и макарата Warn Zeon.

 

Концепт Grand Wagoneer Overland

Концептот Grand Wagoneer Overland 2023 наменет за cross-trekking го наоѓа своето идеално место меѓу најдивата и незагрозена природа, како што е Националниот парк Кањонлендс – земјата на кањоните. Новиот Grand Wagoneer Overland повторувајќи ја сопствената историја ги доведува премиум SUV возилата на територијата на комфор и авантура, кои досега не се истражени. Целта “go anywhere, do anything” – „оди насекаде, направи што и да е“ го доведува истражувањето на природата на едно повисоко ниво, во стилот на Grand Wagoneer.

Концептот Grand Wagoneer Overland го користи новиот мотор Hurricane Twin Turbo 510 од 3,0 литри за да ги одведе љубителите на природата во авантура по далечните непробиени патеки. Co 510 КC моќност и 500 lb.ft максимален вртежен момент, моќниот мотор Hurricane нуди перформанси од прв ред, и истовремено ги намалува потрошувачките во однос на V-8 моторите со шест аспирирани цилиндри, со кои располагаат актуелните возила.

Овој концепт, инспириран од overlanding располага со извонредна количина на додатоци, како однадвор, така и однатре. Главната карактеристика на Grand Wagoneer е Skyloft RedTail Overland – „шатор“ – поставен врз горниот дел од покривот на возилото. Skyloft – от, изработен од карбонски влакна се отвора за десетина секунди, однатре, со едноставно туркање нагоре, со една рака. За да се постави Skyloft, проектантскиот тим тргна од отстранување на вториот и третиот ред седишта. Задниот покрив на отворање е поместен за да се направи пристапот во Skyloft, отпорен на атмосферски влијанија, од третата редица седишта, пониско од повисокото ниво на Skyloft-от. Лизгачката врата, напред/назад и мал праг, која служи и како масичка, овозможуваат лесен пристап. Skyloft-от е климатизирана оаза, со место за спиење за две лица и прозорци кои овозможуваат уживање со најширок панорамски поглед. 

Ако Skyloft е најдобриот избор за уживање во ѕвезденото небо, и просторот во главната кабина под него е изработен до најситни детали. Дали се работи за бегање од ненадеен дожд или пак сместување на каллива планинарска опрема, не е битно. Подот е пресвлечен со слој кој може лесно да се измие.  

За да се заокружи доживувањето на задните седишта и останатите удобности на Grand Wagoneer, пријатната кабина е опремена со две големи фотелји-вреќи, кадифен теписон, перничиња и систем за внатрешно осветлување. Внатрешноста нуди и доволно простор за сместување на велосипеди, опрема и се друго што треба да се понесе на патување. 

Надворешноста на концептот Grand Wagoneer Overland е во светтло-зелена боја, Industrial Green, со детали во сива боја, Gunmetal. На предната маска е додадена огромна макара, каде има и две серии ласерско светло за поголема ноќна видливост. Отпорниот црн покрив, со Rhino облога, се издвојува со портокалови елементи за да се истакне безбројната опрема за на отворено што ја користат вљубениците во авантурите. 

Зголемените отвори за тркалата и големите поткрила, како и големите предни и задни дефлектори, освен што даваат моќен изглед, гарантираат високи теренски перформанси на пристапни и излезни агли. истап и агли на заминување за супериорни перформанси надвор од патот. Пневматиците од 35 инчи поставени на тркала од 18 инчи му овозможуваат на возилото природно подигање од 1,5 инч (3,8 см) за да се зголеми растојанието од тлото.

 

Концепт Jeep Wrangler Rubicon 4xe Departure

Концептот Jeep Wrangler 4xe Departure се заснова на иконската внатрешност за на отворено на најпродаваниот американски PHEV со најдобри перформанси, со елементи додадени од проектантскиот тим на JPP Мопар. Конкретно, резервното тркало со држачот на кој е поставено му овозможуваат на Jeep Wrangler Rubicon 4xe да ги надмине ограничувањата на аглите на излез  достапни со електрификацијата 4×4.

Предната маска со седум отвори, воведена за прв пат на Jeep Wrangler Rubicon 20th Anniversary од 2023, е опремена со цевчеста заштита од метар и пол, изведена по димензии, се преклопува и се добива удобна клуба на браниците: совршено место за одмор на две лица, за време на прошетките на отворено. Под заштитата на решетката е сместен браник Rubicon изменет co макара Warn.  

Новите рамни поткрила, проектирани токму за ваква комбинацина на зголемени тркала и пневматици, гарантираат поголема висина од тлото. Овие елементи претставуваат и капаци на дневните светла (DRL) кои целосно може да се извадат, создадени за оние кои сакаат возење по терен и поголема висина од тлот во екстремни теренски ситуации. Овој концепт е првото возило опремено со поткрила со DRL OEM хомологирани во САД во 50 држави и ги задоволува барањата за покривање на пневматиците на други територии.

Проектантскиот тим продолжува дa ги испитува барањата на клиентите, проучувајќи ги дополнителните системи за осветлување на патот. Концептот Wrangler 4xe Departure користи три правоаголни LED светла TYRI од 11 инчи (28 cm) co прекривки по мерка инсталирани на задниот дел од врвот на возачкото стакло. Секое светло се поместува кога возачкото стакло се спушта. Светлата “rock light” го осветлуваат теренот во сите четири агли. 

Ексклузивните шипки во браниците изведени од лизгачки цевки пружаат поголема заштита на каросеријата и полесен пристап до подигната кабина, додека пак цевчестите врати JPP гарантираат доживување на отворено како ниедно досега.

Со цел да се добие поголем капацитет за товар, концептот Wrangler 4xe Departure е опремен со панели Molle кои се фиксираат на спортската шипка и на сандакот за да се сместат дополнителни додатоци Trail Rated кои бараат место за прицврстување.

Проектантскиот тим го употреби концептот Wrangler 4xe Departure за да истражи иновативни опции за монтирање на резервното тркалото и пневматикот, за да се добие една целина со останатите додатоци. На задниот дел се наоѓа конвертибилен цевчест држач по мерка; ова овозможува резервното тркало со пневматикот да се сврти кон предниот или кон задниот дел. Кога резервното тркало е свртено нанадвор, системот служи како продолжение на платото, за да се зголеми товарниот простор. Доколку држачот е свртен кон кабината, задниот препуст значително се подобрува за теренско возење, а истовремено резервното тркало со пневматикот се фиксирани на сигурен начин. И во двете позиции, конвертибилниот држач е и стандардна телекамера за движење наназад, како и централно стоп-светло.

Задниот товарен простор е опремен со шини Jeep Rubicon co шипки на извлекување за поставување на дополнителни додатоци и на теписон all-weather JPP.

Извонредната темно-сина боја Dark Harbor на каросеријата на концептот Wrangler 4xe Departure во спротивност со живите елементи на седиштата во внатрешноста. Проектантскиот тим искористи и впечатлива комбинација со хромирани елементи и кожа Nappa Acorn Squash во светло-кафена боја, во контраст со темно-кафената кожа Nappa Carnegie Hall и шевовите со нагласено нечисто-бела боја Serafil. Темно-сината боја Dark Harbor продолжува и на таблата со елементи во бронзена боја Vintage Bronze.

Концептот Wrangler 4xe Departure содржи и држач за телефони на таблата или додатоци за снимање на патувањата.

За возачот, капаците од неоксидирачки челик JPP со гумени лежишта на педалите овозможуваат подобро поставување на стапалото како на педалот за гас, така и на оној на кочница. Тука се и кваките на вратите JPP кои го олеснуваат влегувањето и излегувањето. 

Новиот систем за обложување на подот во винил за груба употреба на JPP сега е на располагање за сите верзии на Wrangler со четири врати (JL) во серија. Благодарение на вградените одводи во подот, чистењето на внатрешноста е значително олеснето.

 

Концепт Jeep Gladiator Rubicon Sideburn

Концептот Jeep Gladiator Sideburn, со изненадувачката боја на каросерија во жолта боја Solar Flash Yellow, ги истакнува новите решенија за употреба на инструменти, проектирани за да ги задоволат растечките интереси на клиентите насочени кон возење по терен.  

Придвижуван од мотор V-6 Pentastar од 3,6 литри, концептот Gladiator Sideburn е опремен со комплет за подигање JPP од 2 инчи (5 cm) co амортизери со високи перформанси BILSTEIN. Тие користат оддалечени резервоари за да се гарантира поголем капацитет на разладување, да се зголеми ôдот на потпирањето и да се подобрат теренските способности 4×4.

На четирите агли, црни тркала HRE од 17 за 9 инчи FT1 со шест краци, на кои се монтирани пнвематици BF Goodrich од 37 за 13 инчи.

Предната маска со осум отвори, позајмена од Jeep Wrangler Rubicon 20th Anniversary 2023, е дополнета со цевчеста заштитна решетка од метро и половина, по мерка, која се преклопува за да се добие удобна клупа на браниците: совршено место за одмор за две лица, за време на екскурзиите на отворено. Под заштитната решетка се наоѓа модифициран браник Rubicon со макара Warn.  

Ексклузивниот штитник JPP, за прв пат инсталиран на концептот Gladiator Sideburn, користи кабли за напорни ангажирања, поврзани со горниот дел на бравата на хаубата до заднината на горниот дел на возачкото стакло. На овој начин, гранките и грмушките се насочуваат нагоре и над линијата на покривот, избегнувајќи ги потенцијалните оштетувања на хаубата и на возачкото стакло.  

Како одговор на клиентите и на дебито на концептот Gladiator Sideburn, проектантскиот тим на JPP by Mopar вклучи и пар првоаголни LED светла TYRI од 11 инчи (28 cm) кои може да се извадат на секој од панелите на покривот преку персонализирани прилагодени држачи вградени во настрешниците на светлата. Вториве се фиксирани на секој покривен панел и се опремени со систем за брзо откачување.

Спортската шипка JPP Gladiator, изведена од лесни карбонски влакна и челик, го подобрува просторот помеѓу кабината и платото со дизајн кој претставува скалички од двете страни за да се олесни пристапот. Спортската шипка е опремена со средна скаличка за прикачување на портабл контејнери. Секој од нив може да се завари преку осумте отвори за фиксирање. Четири водилки во T-форма на горниот дел од спортската  шипка овозможуваат лесно инсталирање на системи за прицврстување на велосипеди, кајак или други системи за монтажа на покривот.

Платото на концептот Gladiator е навистина единствено. Создадено на начин кој дополнително го истакнува робусниот и истовремено лежерен дизајн на Jeep, располага со панели Molle вградени над и зад поткрилото за да се постават други предмети. Вградените контејнери RotoPaX се проектирани за складирање на течности за време на авантурите надвор од патиштата. Однатре, на платото има модифициран држач за резервното тркало Mopar на кој може да се постави тркало со пневматик од 37 инчи.

Задната врата е персонализирана и опремена со телекамера за движење наназад од сериска опрема и вентрално стоп светло. Содржи и три отвори за панелите Molle, како и персонализиран лебдечки беџ Jeep  во централниот отвор. 

Привлечното чувство на отворено што го карактеризира концептот Sideburn Gladiator е засилено со полувратите JPP, додека страничните скали JPP и рачките JPP го олеснуваат влегувањето во подигнатата возачка кабина.

Отворената возачка кабина има седишта, потпирачи за раце, кутии на менувачите, рачка на кочницата и сигурносни појаси на полу-вратите во интензивно црвено-кафена кожа Venisesse Relicate со шевови и со затворач. Впечатливите шевови продолжуваат кон горниот дел од таблата.

Персонализираните отвори на командната табла претставуваат 3D топографска мапа од пејзажот на Моаб, на мат-црна боја и премини во сјајно темно-сини нијанси. Неколку елементи низ целата внатрешност во мат-сребрена боја Atomic Silver.

Украсните облоги на педалите JPP од неоксидирачки челик обезбедуваат максимален погон за соочување со најтешките патеки, додека пак системот за обложување на подот со винил за најгруба употреба JPP (за моделот JT Gladiator), опремен со вградени одводи, овозможува брзо празнење на внатрешноста.

 

Велигденско Jeep сафари

Велигденското Jeep сафари, му гостува на клубот за возила со погон на четири тркала Moab Red Rock 4-Wheelers, кој располага со теренски патеки, којшто организира воглавно дневни патувања, кои тргнуваат од Моаб, Јута, за време на деветдневниот настан. Сафари на Jeep за прв пат беше организиран во 1967 година: во таа прилика, тоа беше единствена дневна off-road екскурзија, организирана од Стопанската комора на Моаб. Со текот на годините, зголеменото учество на ентузијасти значеше дека ова Safari се разви за да дојде до актуелното времетраење од девет дена. Врвот на сафарито, сепак, секогаш е „Big Saturday“ – Големата сабота, која се слави за време на велигденската недела.

Марката Jeep

Благодарение на осумдесетте години легендарна историја кои го карактеризираат, Jeep е извонреден SUV кој гарантира перформанси, квалитет на занаетчиска изработка и разноврсна намена за сите оние кои се во потрага по неверојатни авантури. Марката Jeep е покана за потполно уживање во животот, нудејќи широка палета на возила кои може да им пренесат на корисниците чувство на сигурност за да може да се соочат со какво и да е патување. Гамата на воизла Jeep се состои од Avenger, Renegade, Renegade 4xe, Renegade e-Hybrid; Compass, Compass 4xe, Compass e-Hybrid; Wrangler (надвор од ЕУ), Wrangler 4xe и Gladiator кои ја комплетираат понудата на пик-ап/ автобус. Легендарните теренски способности на марката Jeep постојано се развиваат, благодарение на глобалниот план за електрификација кој ги трансформира 4xe во нов 4×4, согласно целта на марката да ја реализира стратегијата “Zero Emission Freedom” Слобода со нула емисии. Сите Jeep возила ќе понудат една електрична варијанта до 2025. Jeep Wave е премиум програма за верност и асистенција на корисниците, е на располагање за целата гама на Jeep 4×4, која изобилува со предности и ексклузивни бенефиции за сопствениците на возилата Jeep, како и максимална асистенција и посветена поддршка 24/7.

Jeep Performance Parts (JPP)

Создаден во 2012 година, по предлог на Mopar за Марката Jeep, JPP им испорачува на вљубениците во теренското возење, додатоци и производи од пост-продажбата со висок квалитет, како и делови со високи перформанси. Палетата на официјални делови опфаќа оски, комплети за подигање, браници, макари, заштитни плочи, делови за потпирањето и уште многу нешта. Производите се изработуваат во тесна соработка со марката  Jeep. Развојот го следи инженерски тим за проектирање на производите, кој исто така вршат тестирање и проверка за одобрување на производите. За да се гарантира прваилно вклопување на додатоците и деловите, се почитуваат строгите стандарди и се користат ексклузивни податоци од самата фабрика, кои не се на располагање за производителите на производи од пост-продажбата. Сето ова за да се понудат производи со совршени обработка и квалитет (боја, густина, изглед). За да се разгледа комплетната гама на Jeep Performance Parts, посетете ја наменската интернет-страница.

 

Ви треба информација? Разговарајте со нас