Continue

Марката Jeep® триумфира на OFF ROAD Magazine Awards за 2018 година

08 June 2018

Четири модели  Jeep® се најдоа на подиумот на годишното издание на наградите кои ги доделуваат читателите на OFF ROAD Magazine

Jeep Wrangler се најде на тронот во категоријата “Off-Road” петта година по ред.

Jeep Renegade е номиниран за најдобро SUV возило во категоријата “Sub-compact” четврта година по ред.

Grand Cherokee е “Luxury SUV” најомилена марка од увоз.

Новиот Jeep Wrangler – четвртата генерација на иконата на марката Jeep – се искачи на подиумот во категоријата “Новитет на годината”, пред неговото лансирање во Европа.

Марката Jeep® уште еднаш ја потврди легендарната слава обезбедувајќи бројни признанија на изданието за 2018 на наградите доделени од страна на читателите на германското списание OFF ROAD Magazine, специјализирано за возила 4×4 и SUV.

Марката Jeep освои две први места, при голема конкуренција од 174 модели, поделени на 13 различни категории, потврдувајќи го на тој начин резултатот постигнат претходните две години. Иконата Jeep Wrangler се најде на тронот во категоријата “Off-Road” од класа A петта година по ред, co 29,4% од вкупниот број гласови со одлично остварена разлика од второпласираниот кој освои (23,9%). Новиот Jeep Wrangler (JL), четвртата генерација на легендарната 4×4 икона на марката, го доби признанието од читателите на OFF ROAD за прв пат.

Jeep Renegade, пак, е номиниран за најдобро SUV возило во категоријата “Sub-compact” од класа C четврта година по ред. Renegade е за прв пат избран од страна на читателите на OFF ROAD, co 16,8% на гласови. Се работи за важен резултат бидејќи Renegade е првиот модел на Jeep кој се натпреварува во оваа категорија. Неговиот единствен стил Jeep и способностите 4×4 се референтна точка во неговиот сегмент и се навистина ценети од страна на читателите на OFF ROAD.

Предводникот на гамата Jeep Grand Cherokee го освои второто место како “Luxury SUV” во категоријата B, поставувајќи се пред сите останати брендови кои се увезуваат во Германија. Новиот Jeep Wrangler го освои второто место како најдобро возило во категоријата “Новитет на годината”: особено значајно, затоа што моделот допрва ќе почне да се продава на европскиот пазар и сè уште не е виден на патиштата низ Европа.

Првиот избор на OFF ROAD Awards се одржа во далечната 1982 и оваа награда ја доделуваат читателите на специјализираното списание за 4×4, кои имаат можност да гласаат за нивните омилени модели. Преку 43.500 читатели учествуваа во изборот во 2018 на OFF ROAD Awards.

Торино, 8 јуни 2018

Ви треба информација? Разговарајте со нас