Continue

Марката Jeep освои три признанија на доделувањето на наградите “ 4X4 Of the Year 2018”

23 January 2018

Со освојување на три главни признанија марката Jeep оваа година одлично котираше на доделувањето на наградите “ 4×4 Оf the Year 2018 “  организирани од автомобилскиот магазин “ 4×4 Magazine “.

  • Марката Jeep е крунисана за 4×4 Производител на годината
  • Jeep Wrangler ја освои наградата за Off-Road
  • Jeep Renegade е прогласен за Најдобар мал SUV

Британскиот автомобилскиот магазин “ 4×4 Magazine “ важи за реномирано специјализирано списание за 4×4 возила. Секоја година, група експерти од “ 4×4 Magazine “ тестираат голем број на возила со моторен погон на сите четири тркала и тоа од најпознатите светски производители. Возилата се оценуваат според своите перформанси на возење надвор од асфалтираните патишта пред да им се доделат оценки поделени во повеќе категории и тоа: Мали, Средни и Големи SUV возила, Performance SUV и Best Off-Roader. Специјалните признанија ги вклучуваат наградите Најдобра вредност (Best Value), Награда за Off-Road и 4×4 Производител на годината.

Торино, 15.01.2018

Ви треба информација? Разговарајте со нас