Continue

Марката Jeep® на Интернационалниот саем на автомобили во Женева

15 March 2018

Уште еднаш марката Jeep® ќе биде неприкосновен протагонист на саемот во Женева: всушност, има дури три премиери – две на нивото на регионот EMEA (Европа, Среден Исток и Африка) и една во Европа – на американскиот бренд кој испиша фасцинантни страници  во историјата на теренското возење на светско ниво. И сега со овие значајни новитети се отвора ново поглавје во неговата извонредна историја започната во далечната 1941.

Сите рефлектори ќе бидат насочени кон новиот Jeep Wrangler кој за прв пат се претставува во зоната EMEA. Станува збор за четвртата генерација на иконата на марката Jeep која ги задржува сите легендарни карактеристики 4×4, предлагајќи и понатаму уште посовремен дизајн кој останува верен на оригиналот и се комбинира со најнапредните системи за пропулсија, со поголеми опции за возење на отворено и технолошки содржини за сигурност и поврзување кои претставуваат врв во својот домен.
И како потврда на fil rouge– црвената низа  која го поврзува новиот Wrangler и првиот примерок од 1941, на штандот ќе биде изложен незапирливиот Willys-Overland MB од 1941, она што се признава на универзално ниво како прво возило Jeep од кој е создадена легендата за американската марка. Вториот новитет изложен во Женева, и тој дебитира во регионот EMEA, е новиот Jeep Cherokee, еволуција на возилата SUV кој испиша историја во категоријата и сега се претставува со нов дизајн, премиум и верен на ДНК на Jeep,  нови содржини во однос на  технологијата  и новите системи на мотопропулсија.До него, на своето прво претставување во Европа е и Jeep Grand Cherokee Trackhawk опремен со моторот V8 6,2 литри кој произведува до 700 КC моќност и 868 Nm максимален вртежен момент и единствени технолошки содржини кој го ттрансформираат најнаградуваниот SUV во најмоќен и најбрз воопшто на светот модел, кој го произвела марката JeepВо Женева марката ја претстави и специјалната серија Night Eagle на Jeep Compass кој се одликува до детали и надворешни дотерувања во црна сјајна боја кој му даваат поагресивен изглед и поголема спортска одлика на единствениот дизајн на компактен SUV Jeep. Така се комплетира гамата Night Eagle која во последните три години со успех се претстави преку моделите Renegade, Cherokee, Grand Cherokee и Wrangler.

 

На пистата ќе продефилираат и најновите модели кои може да се набават во Европа, почнувајќи од Renegade MY18, сега поповрзан и пофункционален, благодарение на подновениот систем за забава и поврзување опремен со екрани од 5″, 7″ и 8.4″, нови функционалности на навигација, забава и гласовна комуникација, како и нови содржини кои ќе го подобрат возењето и комфорот како на возачот, така и на патниците во возилото. На штандот ќе биде изложен во верзијата која е врв на гамата Limited со црна боја на каросеријата Carbon Black и нов ентериер Polar Plunge, а кој ќе биде опремен со бензински мотор MultiAir 2 со 1.4 литри и 170 КС. До компактниот SUV на Jeep, новиот Grand Cherokee S – ексклузивна серија на специјалното издание кој додава уште повеќе спортски карактеристики на најнаградуваниот SUV – во примерок во бела боја Bright White Clear Coat со ентериер во кожа и црн антилоп, со дизал мотор Multijet II со 3.0 литри и 250 КС. На саемот во Женева изложбата ја комплетираат четири персонализирани возила од страна на Mopar, Official Service Partner на Jeep® за Услуги, оригинални Резервни делови и Додатоци, Асистенција и Грижа за корисникот. Помеѓу нив е и новиот Jeep Wrangler Sahara (во конфигурација со 5 врати), комплетно персонализиран, со специјално ниво на опременост кое ги истакнува уште повеќе неговите теренски перформанси. До него уште три прмероци Jeep, и тие опремени со неколку ексклузивни додатоци од Mopar: еден Јeep Renegade Longitude со зелена боја на каросеријата Hyper Green, еден Jeep Compass Trailhawk со портокалова бојаSpitfire Orange и еден Grand Cherokee Trailhawk во Rhino ливреа.

Ви треба информација? Разговарајте со нас