Continue

Jeep® Wrangler 4xe избран за најдобар 4×4 автомобил за 2022, за Наградата Women’s World Car of the Year

18 February 2022

Жирито составено од 56 жени од 40 земји го избира Jeep® Wrangler 4xe за „Најдобар 4×4“ женски светски автомобил на годината (WWCOTY).

Жирито ја награди посветеноста на Wrangler 4xe за поодржлива животна средина.

Jeep Wrangler 4xe е природна еволуција на речиси 80-годишното лидерство на Jeep кога станува збор за капацитетите 4х4.

Wrangler 4xe располага со 380 коњски сили и може да понуди преку 50 километри возење со целосно електрична автономија – градски циклус WLTP – за секојдневно патување без грижа за автономијата.

Jeep 4xe SUV-возилата пружаат нови нивоа на ефикасност и еколошка одговорност, перформанси, слобода и капацитет за возење на отворено, на и надвор од патиштата.

Не случајно италијанскиот пазар покажува колку ја цени оваа нова технологија: во јануари марката Jeep беше лидер во Италија на пазарот „на штекер“, односно паѕарот на воѕила коишто вклучуваат електричен погон, како што се Battery Electric Vehicle (електрични возила со батерии) и Plug-In Hybrid, со рекорден удел на паѕарот од 19%, откако исто така на прво место ја затвори целата 2021 година.

Торино, 15 февруари 2022 година – Jeep® Wrangler 4xe plug-in хибридот е најдобриот 4×4 во 2022 година според жирито за женски светски автомобил на годината (WWCOTY), составено од 56 жени – автомобилски новинари од 40 земји на пет континенти. За наградата WWCOTY, возилата се оценуваат за извонредност во нивните сегменти врз основа на критериуми како што се безбедност, возни својства, удобност, технологија, дизајн, ефикасност, влијание врз околината и вредност за парите. Жирито на WWCOTY, кое избира веќе дванаесетта година, ја награди посветеноста на новиот Wrangler 4xe за одржливост.

Изјави на Марта Гарсиа, Извршен претседател на WWCOTY

„Со Wrangler 4xe, марката Jeep направи огромен чекор напред. Најважна е секако неговата посветеност за поодржлива животна средина“, рече Марта Гарсиа, извршен претседател на WWCOTY.” Навистина цениме дека едно од вистинските теренски возила пласирани на пазарот се одлучи за хибрид. Посветеноста на Jeep Wrangler 4xe за животната средина претставуше одлучувачка вредност за да биде избран за „Women’s World Car  of the Year” – женски светски автомобил на годината.“

Jeep® Wrangler 4xe: никогаш помоќен, никогаш потивок и поодржлив

Новиот Jeep Wrangler 4xe со Plug-in Hybrid технологија е со најдобри перформанси, најмоќен, најефикасен, најодржлив, технички најнапреден и со најдобра поврзаност Wrangler што некогаш бил претставен на европскиот пазар. Благодарение на хибридниот мотор со plug-in технологија, Wrangler 4xe им овозможува на корисниците да се движат низ градот секој ден во целосно електричен режим со нула емисии – со автономија што може да надмине 50 km – и притоа, да уживаат во возењето, во забавата, со дополнително подобрени капацитети за сите терени во речиси апсолутна тишина. Перформансите исто така се оптимизирани: погонскиот систем на Jeep Wrangler 4xe комбинира два електрични мотори и 2,0-литарски I-4 мотор, поврзан со осумстепен автоматски менувач TorqueFlite, за вкупна моќност од 380 КС, максимален вртежен момент од 637 Nm и забрзување од 0 до 100 km/h за само 6,4 секунди.

Изјави на Кристијан Мение, извршен директор на марката Jeep

„Среќни сме што жирито на WWCOTY ги препозна големите чекори што марката Jeep ги прави кон електрификација на своите возила низ целиот свет, во процесот на остварување на својата визија за Слобода со нула емисии“, рече Кристијан Мение, главен извршен директор на марката Jeep. Наградата за женски светски автомобили е дополнителна потврда дека електрификацијата ги подобрува можностите на нашите возила Jeep. Jeep Wrangler 4xe е јасен пример за можноста да се има најдоброто од двата света: легендарните способности на Jeep и забавата на отворено во комбинација со електрифициран и еколошки пакет кој овозможува уживање во природата во речиси апсолутна тишина”.

Марката Jeep®

Со повеќе од осумдесет години легендарна историја, Jeep® отсекогаш бил репер во светот на SUV возилата благодарение на перформансите, изработката и разноврсноста наменета на сите оние кои бараат возбудливи авантури.

Марката Jeep е еден вид покана за целосно уживање во животот, преку широко портфолио на SUV и пик-ап возила кои се во состојба да им пренесат на корисниците силно чувство на безбедност за да можат да се справат со предизвиците при секое патување. Во Италија, гамата на Jeep се состои од Renegade, Renegade 4xe, Renegade e-Hybrid; Compass, Compass 4xe, Compass e-Hybrid; Wrangler 4xe и Gladiator, на кои нешто подоцна,им се придружи и Grand Cherokee 4xe.

Легендарните теренски способности на марката Jeep се развиваат благодарение на развојот на глобален план за електрификација на марката, при што 4xe се претвори во нов 4×4, за да се достигне целта „Слобода со нула емисии“, пренесувајќи ги истите вредности и историјата на Jeep кон нула емисии.

Сопствениците на Jeep се чувствуваат и отсекогаш се чувствувале како дел од група ентузијасти и страсни вљубеници во слободното движење.

Потрошувачка на гориво на гамата Jeep® Wrangler 4xe (l/100 km): 4,1 –3,5; потрошувачка на електрична енергија (kWh/100km): 23,9 – 22,1; Емисии на CO2 (g/km): 94 – 79. Вредностите одобрени врз основа на циклусот WLTP ажуриран на 30.04.’21 и наведен за споредбени цели.

Women’s World Car of the Year

Women’s World Car of the Year – женски  светскиот автомобил на годината е единствената автомобилска награда во светот која ја доделува жири составено исклучиво од женски автомобилски новинари. Воспоставена од страна на новинарката, специјализирана за автомобилизам, Сенди Мајр во 2009 година. Таа, сега е и почесен претседател, додека Марта Гарсиа е извршен претседател на жирито. Оваа награда има за цел да ја истакне улогата на жената во автомобилскиот свет, како и да ги избере најдобрите автомобили на годината. Критериумите за гласање се засноваат на истите принципи кои го водат секој возач при изборот на автомобил. Не станува збор за избор на „женски автомобили“ бидејќи такви категории не постојат! При доделувањето на оценките, меѓу другото, земени се предвид аспектите како што се безбедноста, квалитетот, цената, дизајнот, возните својства, придобивките и влијанието врз животната средина.

Ви треба информација? Разговарајте со нас