Continue

Новиот Jeep Renegade MY 18: уште повеќе поврзан и пофункционален

15 March 2018

Воведен пред скоро време на бројните европски пазари, новиот Renegade Model Year 2018 се претставува со значајни новитети – на полето на информирањето и забавата, на функционалноста и на персонализацијата – правејќи го уште повеќе  интересно  купувањето на  најподвижниот SUV на теренско возењево својата категорија.
Главниот новитет е воведувањето на новата генерација на UconnectTM со екрани од 5.0, 7.0 и 8.4 инчи – последните два со висока дефиниција – кои нудат бројни нови функции на навигациј, информирање и гласовна комуникација, како и долга серија на нови карактеристики кои го подобруваат и возењето и удобноста на патниците во возилото.
Внатрешноста е уште пофункционална со новата организација на просторот на централната конзола и на зголемувањето на решенијата за поставување на просторите за предмети, и е облагородена со новите пресвлеки на седиштата и новите внатрешни дотерувања.

На штандот на Jeep може да се ужива во верзијата, врв на гамата Limited со црна боја на каросеријата Carbon Black и ентериер Polar Plunge со кожни седишта во светлосива боја и комплетна опрема, во која спаѓаат наплатки од лесна легура од 18 инчи, систем UconnectTM 8.4″ NAV, системи за сигурност Forward Collision Warning и Lane Departure Warning (и двата во серија) и пакети по барање Winter – предни седишта со грјач и волан со грејач – и Parking, за помош и олеснување на маневрите за паркирање благодарение на уредот Blind Spot Detection with Rear Cross Path, задна камера Rear Parking Cam и системParallel & Perpendicular Park Assist.

 

Ви треба информација? Разговарајте со нас