Continue

Вести

view all the news

Jeep® Experience Tour: aвантура и градски карактер во еден од најубавите градови во Европа

10 October 2018

Настанот кој започнува во Виена ќе се одржи во главните градови на шест европски држави за да заврши на 2 декември во Мадридво текот на секоја од етапите јавноста ќе може да врши пробни возења на најнаградуваната гама на SUV возила

Започна Jeep® Experience Tour, настан кој ќе се одвива во шест важни европски градови овозможувајќи ѝ на јавноста да ја допре душата на брендот, дивината и градот, кои на совршен начин се искажани преку трите нови модели кои штотуку беа лансирани. Пред многу кратко време беа лансирани новите Wrangler, Renegade и Cherokee, SUV возила од најнаградуваната гама, кои се во можност да ги задоволат различните потреби за доживување на секојдневна авантура. Манифестацијата започна во Виена, продолжи во Берлин за да стигне во Париз на 19 и таму да се одвива до 21 октомври. Во ноември, од 2 до 4, средбата продолжува во Лондон, па се сели во Брисел од 16 до 18. ЗАвршува во Мадрид од 30ноември со 2 декември.
За време на секоја етапа на Jeep Experience Tour, јавноста ќе може да реализира пробни возења и да ги увиди карактеристиките на SUV, преку оригинални и авантуристички мисии. 

Новиот Jeep Wrangler

Новиот Wrangler е едно од најподвижните теренски возила, крал на сите терени. Истовремено, поседува извонредни возни својства за градско возење во исклучителен комфор и управливост на највисоко ниво. Нуди два системи на интегрален погон, – Command-Trac и Rock-Trac – елекктрични блокирачи на диференцијалите Tru-Lock, диференцијал со ограничено пролизгување Trac-Lok и преден стабилизатор со електронско откачување, современ дизајн кој ги зачувува автентичните одлики на легендарниот американски SUV, напредните технолошки содржини и комплетна сигурносна опрема и два нови мотори: турбодизел MultiJet II од 2,2 литри и трубобензинец од 2 литри. 

Новиот Jeep Cherokee

Новиот Jeep Cherokee е еволуција на SUV best in class по теренските способности, но и со идеална способност за возење низ град. Создаден како спој на традицијата, напредната технологија, со уметнички квалитет и дизајн, co надворешни линии кои ја инспирираат душата на врвот во семејството на Jeep изведени на хармоничен  и современ начин: се истакнуваат новите оптички групи, карактеристичниот капак на моторот од ултралесен алуминиум и новата задна врата. Во внатрешноста, иновативните технолошки содржини и многу простор за софистициран амбиент кој се карактеризира со извајани форми, материјали од висок квалитет, уметничка обработка и внимание за секој детаљ.

Нов Jeep Renegade MY19

Секако тука е и новиот Jeep Renegade MY19, кој нуди нови мотори со дополнително подобрени перформанси и голема ефикасност на каков и да е терен, со автентичен стил и бескомпромисен, кој ги вградува најистакнататите карактеристики на брендот Jeep во современо руво. Природниот став off road на првиот SUV Jeep произведен во Италија се истакнува и по својот стил на крстосувач по градските патишта. Renegade на најдобар начин ги спојува карактеристиките на брендот, без компромиси, развивајќи ги силните страни кои му овозможија да ги промени правилата на пазарот, преплавен со crossover возила и да стане модел кој најмногу од сите ја доведе марката Jeep до рекордна продажба во Европа.