Continue

Jeep® Avenger ја освои титулата “Best Small Car” (Најдобар мал автомобил) на Конкурсот “Autocar Awards” 2023

28 April 2023

  • Уште едно признание придодадено во серијата интернационални награди кои ги освои Jeep® Avenger, првиот 100% електричен SUV на Jeep, кој во компактни димензии ја содржи целата ДНК на марката.
  • Оваа титула се придодава на досегашните признанија копи ги доби Jeep Avenger: Car Of The Year 2023 (Автомобил на годината 2023); Women’s World Car of the Year (WWCOTY) (Женски автомобил на годината) за 2023 во категоријата “Family SUV” (Семеен SUV); “Electric Car of the Year” (Електричен автомобил на годината) и “Best Electric City Car” (Најдобар електричен градски автомобил во рамките на “Electric Awards” (Електричните награди) 2023 наcom.

Торино, 26 април 2023 – Jeep® Avenger, првиот 100% електричен SUV на Jeep, доби уште едно признание од страна на специјализираниот печат: ја освои титулата “Best Small Car” (Најдобар мал автомобил) на Конкурсот “Autocar Awards” 2023, кои ги прославуваат најдобрите нови автомобили кои денес се продаваат во Обединетото Кралство, а ги оценува жири составено од неколку најискусни специјализирани новинари за автомобилизам.

Зборувајќи за победата на Jeep Avenger, Марк Тишо, уредник на Autocar, изјави: „Поминете малку време со тимот што го создаде Avenger, и ќе ја разберете посветеноста на овие страсни луѓе и колку напорно работеа за да создадат модел кој носи нешто навистина различно во класата на мали SUV. Дизајнот на Avenger е вистински SUV на Jeep, со карактер којшто ја истакнува робусноста. Пропорциите се совршени и, како и најдобрите мали автомобили, плени на прв поглед. Avenger фасцинира и со уживањето при возење: управувањето и воланот се задоволувачки, а електричната енергија е предност за возење низ град. И изгледа многу пософистицирано отколку што може да сугерира неговата големина. Иако Avenger можеби е мал однадвор, никогаш не дава чувство на мал автомобил однатре, благодарение на големиот капацитет на просторот за складирање“.

Jeep Avenger е „врв на дијамантот” на низа, целосно електрични возила со високи перформанси и со димензии замислени за европскиот пазар и претставува клучен елемент на глобалната стратегија за електрификација на марката, која има за цел да стане светски лидер во продажбата на SUV возила со нула емисии. Дизајниран и конструиран како возило на Jeep, уште од првиот ден, Avenger ја вгради ДНК-та на марката во еден компактен SUV со уникатен спој на способности, стил, функционалност и технологија. Дава одлични перформанси, иновативна технологија и интуитивно поврзување, со електрична автономија – кога станува збор за целосно електрична верзија – до 400 km во циклусот WLTP и над 550 km во градско возење. Едноставниот и брз начин на полнење гарантира 30 километри автономија со само три минути полнење.

За да се задоволат сите потреби на клиентот, Avenger е на располагање и со бензински мотор од 1200 cm3 кој развива максимална моќност од 100 коњски сили при 5500 вртежи, и максимален вртежен момент од 205 Nm при 1750 вртеќи. Овој мотор гарантира забрзување од 0 до 100 km/h за 10,6 секунди и ниво на емисии на CO2 пониско од 130 g/km.

Забавен и возбудлив за возење, овој нов SUV е наменет за лицата кои се активни и  бараат возило со компактни димензии и авангардни технолошки карактеристики. Моделот е проектиран за да ги задоволи потребите на европските клиенти.

Ви треба информација? Разговарајте со нас