Continue

Harley-Davidson® и марката Jeep® продолжуваат заедно и во 2018

02 May 2018

Петта година по ред, Harley-Davidson® и марката Jeep® ја обновуваат и зацврстуваат нивната соработка на европско ниво.

Како што е договорено, марката Jeep ќе биде Клучен партнер и Официјален спонзор на најважните настани и собири кои ќе ги организира Harley-Davidson, а кои ќе се одржуваат на европско тло, Средниот Исток и Африка.

Станува збор за двете светски најпознати марки Harley-Davidson и Jeep. И двете имаат долга и легендарна историја на светско ниво. И двете марки го отелотворуваат духот на слободата и желбата за авантура.

На патот на успехот од последните четири години, Jeep aumenterà ќе го збогати сопственото присуство на трите најважни европски настани на Harley-Davidson: Европскиот Фестивал во Сан Тропе (Франција, од 7 до 10 јуни), 115° роденден на марката во Прага (Република Чешка, од 5 до 8 јули) и Европскиот Bike WeekTM на езерото Фаак (Австрија, од 4 до 9 септември).

Но, не завршува тука: всушност, Jeep ќе учествува и на други настани поврзани со Harley-Davidson меѓу кои и Африканскиот Bike WeekTM (Јужна Африка од 26 до 29 април), Тосканското Регионално Рели (Италија, од 25 до 27 мај) и Thunder in the Glens во Aviemore (Шкотска, од 24 до 27 август). Инаку, Jeep ќе ја изложи сопствената гама на SUV на локалните настани кои ќе се одржат во регионот на EMEA.

За време на овие настани, посетителите ќе можат одблиску да ги запознаат и да ги пробаат моделите на Jeep. Специјални гости на главните настани на Harley-Davidson ќе бидат главните новитети кои ќе ја прошират гамата на Jeep за 2018, вклучувајќи ја и новата генерација на иконата Wrangler. Сите возила ќе бидат на располагање на посетителите за тест возење на пат и на терен. Секако во рамките на секој од настаните на располагање за возење ќе биде и вкупната гама 2018 на моторите Harley-Davidson, вклучувајќи ги и новите модели Softail®.

Во моментот на одржување на секој настан, на самото место, кај концесионерите на Jeep заинтересираните ќе можат да добијат одговор на сите прашања, во зоната за одмор, каде на жица се закачени слики од минатото кои будат емции и изложбен простор на Mopar® каде јавноста ќе има можност да ужива во последните новитети воведени во гамата, меѓу кои новиот Jeep Wrangler опремен со оригинални додатоци Mopar® создадени за да се истакне изгледот, функционалноста и теренските способности. Тука, посетителите ќе може да добијат и информации за производите и услугите на Mopar® и за бескрајните можности за персонализација, пристапни за моделите на Jeep.

И на крај, посетителите ќе можат да купат сувенири со потпис на Jeep и Harley-Davidson на штандовите на самите места, додека пак членовите на H.O.G. ќе  имаат можност да го искористат попустот при купување, во ограничени количини, на моделите на легендарниот бренд на SUV. За време на сите овие настани, марката ќе го засили присуството на дигиталните канали и останатите социјални мрежи, како и во печатот на Harley-Davidson.

Соработката помеѓу двата бренда се темели на серија вредности кои ги споделуваат: слобода, авантура, страст за возење “на отворено ” и сите искуства кои ваквиот стил ги овозможува. И двата бренда произведуваат возила чија суштина е слободата и авантуристичкиот дух и им овозможуваат на нивните купувачи да го искажат во целост нивниот карактер на силен и поинаков начин. Сопствениците на овие возила имаат чувство на единствена припадност која се одразува преку превозните средства кои ги користат и кои се целосно персонализирани преку што се искажува креативноста и личноста на нивните сопственици.

За крај да напоменеме дека сопствениците на возилата Harley-Davidson  и Jeep се апсолутни експерти на полето на персонализацијата,  CUSTOM COUSINS е новиот натпревар во персонализирање, кој се одвива преку социјалните канали J.O.G и H.O.G, ќе има два центри преку кои ќе може да се претстават кандидатурите и да се гласа за најдобрите персонализации на иконата  Wrangler. Натпреварот ќе ги круниса најдобрите три примероци ‘best of the best’ и нивните сопственици ќе имаат можност да учествуваат на прославата на 115иот роденден на Harley-Davidson во Прага и на активностите предвидени таму. Десетте први места од натпреварот на членовите на H.O.G ќе обезбедат билет за годишното издание на Camp Jeep на Red Bull Ring во Австрија.

Ви треба информација? Разговарајте со нас