Continue

Десет години Jeep Renegade

11 January 2024

Торино, 8 јануари 2024 – Ценет поради неговиот специфичен и уникатен изглед, Jeep® Renegade ја прославува својата десетгодишнина со импресивен број од речиси 2 милиони продадени возила ширум светот.

Со историја и реноме кои го поставуваат на местото владетел на патиштата, Jeep Renegade постојано ги освојува срцата на потрошувачите, со совршената комбинација на на робусност и способност за одење каде и да е со допир на урбана префинетост. Неговата успешна приказна започна во март 2014 година, осмислен како глобален модел наменет за продажба на повеќе од 100 пазари ширум светот, Jeep Renegade исто така е првиот Jeep што се склопува во Италија во фабриката во Мелфи.

Комбинацијата на исклучително off-road искуство со компактни димензии и елегантен дизајн, го прави Jeep Renegade идеален придружник за урбано живеење, кратки градски екскурзии и авантуристички патувања. Моторите вградени на Renegade се следните: 4xe plug-in хибрид, каде што 4xe има подобрени 4×4 перформанси, пружа забава при возењето, заштеда на гориво и одговорност кон животната средина, моторот e-Hybrid обезбедува разноврсно и релаксирачко хибридно возење за да ги задоволи сите потреби на клиентите, бензин и дизел. Не случајно Jeep Renegade 4xe е најпродаваниот модел PHEV во Италија во сегментот B-SUV.

Приказната продолжува.

Ви треба информација? Разговарајте со нас