Continue

Деби во регионот на EMEA на новиот Jeep Cherokee

15 March 2018

Еволуцијата на возилото SUV кој испиша историја во својата категорија, денес се претставува со нов дизајн, премиум и верен на ДНК на Jeep со поголем комфор и функционалност во внатрешноста. Новиот Cherokee ја соединува практичноста на автомобил од секојдневниот живот со извонредни карактеристики на теренско возење и управување, како што го покажува предното и задно независно потпирање, зголемена торзиона крутостна каросеријата, напредни мотори на кои е прилагоден менуввач со девет брзини или со рачен пренос со шест брзини и опрема за сигурност која опфаќа системи како Active Forward Collision Warning, Active Lane Departure Warning и Adaptive Cruise Control Plus.
Новиот Jeep Cherokee се издвојува по надворешниот дизајн кој е комплетно подновен и со рестајлингот премиум на семејството Jeep иако го задржува и останува верен на стилското наследство на брендот со интервенции на предниот дел каде се истакнуваат фаровите со дневни светла (DRL) LED, на најлеката хауба и на задниот дел каде се вклучени и светлата за магла со технологијата LED збогатени со сјајни елементи.

И внатрешноста е подновена, гарантирајќи притоа комфор и практичност. Се издвојуваат по софистицираниот дизајн, извајаните форми, материјали со висок квалитет и внимание за секој детаљ.
Во внатрешноста се наоѓаат интуитивни технолошки содржини и интелигентни оддели за предмети кои им овозможуваат на патниците спокојно патување. И капацитетот за товар во багажникот е зголемен, за да овозможи транспорт на алатки од секаков вид. Пристапот во багажникот сега е поедноставен благодарение на новото, електрично отворање на задната врата, преку копче кое се наоѓа на долниот дел од браниците.

И не само тоа, новиот SUV Jeep е опремен со системот Uconnect од последната генерација кој нуди широка гама на функции кои се однесуваат на комуникацијата, информирањето и навигацијата.
Во зависност од верзиите, Jeep Cherokee може да биде опремен со UconnectTM 5.0″, UconnectTM 7.0″, UconnectTM 8.4″ и UconnectTM 8.4″ NAV кои вклучуваат екран на допир, лесен за користење, со јак процесор со извонредни перформанси и подобрен капацитет за одговор. Исто така новиот систем UconnectTM на возачот му овозможува да командува, во потполна сигурност со клима уредот, аудио уредот и многу други нешта директно од екранот.
Системите UconnectTM 7.0″, 8.4″ и 8.4″ NAV на Jeep Cherokee ги предлагаат и технологиите Apple CarPlay и Android Auto.

Jeep Cherokee продолжува да нуди можност за живот полн со емоции на возење на отворено, благодарение на панорамскиот кров CommandView со двојни стакла кои електрично се отвораат. CommandView е поставен преку целата должина на кровот се до вториот ред седишта и е на располагање, по барање на целата гама.

Опремен со три системи за интегрален погон – Jeep Active Drive I, Jeep Active Drive II и Jeep Active Drive Lock – надополнети за да обезбедат поголем капацитет 4×4 – и уред за откачување на задната оска, што овозможува поголема ефикасност на потрошувачките кога не е неопходно да се користи начинот на возење 4×4, La Jeep Cherokee уште еднаш се потврдува како SUV на врвот во својата категорија.

Ви треба информација? Разговарајте со нас