Continue

Вести

view all the news

Деби во регионот на EMEA на иконата Jeep Wrangler

15 March 2018

Иконата на марката комплетно се обновува, останувајќи верна на самата себе во способностите на теренот, поусовршени во однос на претходната генерација, во автентичен стил на Wrangler и на технолошка опрема со напредни решенија. Значи, четвртата генерација на Jeep Wrangler се потврдува како неспорен крал на терените и истовремено претставува комфор и динамика при возење, како да е автомобил од секојдневието.
На пример, во зависност од нивото на опременост, новиот модел нуди два напредни системи на погон – Command-Trac со две брзини и сооднос на редуцираните брзини 2.72:1 (во серија на верзиите Sport и Sahara), и Rock-Trac со сооднос на редуцираните брзини еднаков на 4.0:1, електрично блокирање на диференцијалите Tru-Lock и преден стабилизатор за електронско поврзување (во серија на нивото на опременост Rubicon). И двата се системи со интегрален погон full time active on demand и овозможуваат мониторирање и оптимална распределба на моќноста на предните и задните тркала за да се соочи со сигурност на секаков вид на површина и на услови за возење.

Однадвор новиот Wrangler се разликува по предната маска која е подновена, иконските предни фарови сезаоблени, а задните квадратни и придонесуваат за да се истакне единствениот карактер на Jeep, и ја претставуваат технологијата LED по барање на верзиите Sahara и Rubicon.
Комотното предно стакло fold-down кое располага со многубројни решенија за покривање одозгора меѓу кои и новиот кров soft-top Sunrider® уште повеќе  premium, hard top Freedom Top полесен и едноставен за употреба и новиот кров на електрично отворање Sky One, обезбедуваат уште поголема слобода за возење на “отворено”.

Новитети и во внатрешноста, која денес нуди поголема разновидност на намената и поголем комфор, како и серија на интуитивни функционалности, соединето со автентичен стил, висок конструктивен квалитет и материјали со извонредна обработка. Помеѓу опремата која придонесува за удобноста се вбројуваатседиштата обложени со текстил или кожа, со видливи опшивки, ломбарно прилагодување и потпирачи за рака, предни седишта и волан со грејачи како и држачи за чаши на задните седишта.
Отсекогаш Wrangler се разликувал по својата висока функционалност и по капацитетот кој овозможува да се доживее вистинска авантура на наједноставен начин. Новиот Wragler секако, не е исклучок, поседува нова централна конзола – комплетно редизајнирана – каде свое место наоѓаат рачката на менувачот, репартиторот и рачната сопирачка, како и бројни интелигентни решенија за сместување на предмети, како што се џебови на вратите и бројни места на различни позиции за сместување на мобилните телефони.
Новиот систем за управување на товарот Trail Rail, што може да се добие по барање, овозможува најдобро да се организира сместувањето на товарот во багажникот и гарантира дополнителни опции за транспорт на багажот.
Два USB приклучока напред и два на задните седишта овозможуваат мултимедијално поврзување на Wrangler.

И не е само иконски дизајнот, Wrangler 2018  е вистински “концентрат” на напредна технологија, како што покажуваат трите нови системи Uconnect – Uconnect 5-, 7- and 8.4 NAV, со екрани од 5.0, 7.0 и  8.4 инчи, за да се понудат бројните нови функции на навигација, информирање и гласовна комуникација, како и серија на нови карактеристики кои го подобруваат возењето и комфорот на патниците меѓу кои full-color LED инструмент табла на верзиите Sahara и Rubicon. Новата генерација на Uconnect е лесна за користење, има јак процесор со извонредни перформанси и подобрен капацитет за одговор.
Новите системи UconnectTM 7.0″ или 8.4″ NAV се врамени во екран full-color  tattile со висока дефиниција и функции како Apple CarPlay и Android Auto за телефон со гласовни команди и навигација.

Безбедноста е е централен елемент на новата генерација, која вбројува многу систми за заштита на возачот и на патниците, меѓу кои Blind-spot Monitoring со Rear Cross Path detection, систем за помош при паркирање front and rear Park Assist, и задна телекамера Park View со динамичка мрежа.